Само да споделам.. Во последно време јадам аронија по две три зрна и пијам сок од аронија и супер сум снабдена со млеко . Пробав боза и лакта микс , мислам пресушив не ми делува.. пробајте
Девојки малата ми е 7 дена и ја дојам. Кока кола по една чаша на ден - може? Едни велат смеам, други не семам. Мислам од 250г не би можело нешто да и е. Јас можам и без таа пијачка секако, само на неа да и е се ок. Чисто ме интересира. Башка што разговарав со сестрите за доење, рекоа може се освен цитрусни и мешункасти плодови и секако НЕ за алкохол и цигари. Ваше искуство во врска со ова?
Зашто не цитрусни и мешункасти аман? Сегде во свет за енергија на мајката лактациски експерти препорачуваат овошје од секаков вид и јаткасти плодови. Неколку муабети вакви читам наназад со препораки од македонски “експерти” по болнициве и не ми е јасно кое им е објаснувањто кога ви го кажуваат тоа. Може е стварно нешто корисно па да знаеме и ние надвор од Мк што сме да практикуваме.
Мене објаснување за цитрусните ми беше дека повеќе предизвикувале грчеви кај бебе, ама не да ги исфрлам скроз од исхрана туку тоа да биде 2-3 пати неделно. За мешункасти никој ништо не ми има спомнато... И да се надоврзам за прашањето за кока кола, и тоа прв пат го слушам. Не знам зошто не би смеело
А зошто даваш дохрана ако имаш млеко? Пробај без дохрана со тоа што бебе ти е почесто на града и повеќе млеко ќе ти се создава. Мене кога ме испуштија од болница со совет дохрана да давам на 3 часа. Јас не ги послушав може првиот ден два само. Од тогаш само на доење сме. По сопствена одлука. На секое мерење си напредува супер, и гледам дека сум донела права одлука. Се гледа кога немаш млеко доволно и кога бебето не е задоволно.
Значи не можам никако да сфатам и многу се нервирам што им е на сите со дохраната. Наместо да го почитуваат изборот на мајката за доење, препорачуваат ад да се дава. Сигурно и во болница им даваат ад на бебињата без да побараат одобрување од мајките. Многу се нервирам, ама многу. И после муабетите слабо млеко, немало млеко од тоа што кај нас побитно е кафето да го испијат отколку да ги едуцираат родилките уште од прв ден.
Као демек на почеток немаш доволно млеко првите денови. Ама ај тоа нека биде неколку дена само. Ама недели, месец мислам нема потреба, Ако гледаш имаш доволно млеко. Од Слабо млеко муабети преку глава ми е , ова стариве најчесто тресат вакви глупости
Е ако е така уште поголема глупост, на бебе со желудниче од големина цреша да даваат дохрана… колострум затоа тече првите денови и затоа се губи тежина да се исчисти бебето од течности што насобрало 9 месеци. Природата е чудо, само кај нас “стручњаците” се над неа.
Потполно се согласувам. Мене ми ја нахранија ќерката пред да ми ја донесат прв пат и ми кажаа само "стај ја на гради ама јадена е да знаеш" и бебево најадено, јас појма немам од животот, никој ништо не ми објасни..
Од прв ден е само на доење кај мене па фала богу супер си напредува. Од кај знаат они ти колку млеко имаш,ти мереа? Ако бебе си цица си е мирно си спие и полни пелени нема што да се дава АД. Ако се навикне на дохрана може после потешко да оди со доењето бидејќи од пише му е полесно.
Мене ми ја донесоа после 18 саати за прв пат, а во меѓувреме никој не се позамара да ме слушне што имам да кажам..
А па и после тоа шо да ти кажам... Јас ја прашувам вака ли треба да фаќа бебе, она ми вика "па бебе и цицка, шо е тука нејасно" Па не сум лактациски консултант е*ате, ништо не ми е јасно
За првово дете пред 8год немам коментар, ги ,,смируваа,, со лактоза за да им бодат морни и да спијат они. Не верувам дека нешто е сменето и сега. Здравје да има една циганка која беше со мене во соба, на која сопругот и донесе рачна пумпа и цело време додека не беше бебето до неа молзеше. А кажа дека скоро го одбила првото бебе и дека сеуште имала по малку млеко. Мене само ми покажа како рачно да молза и да не се откажувам, дабидам упорна со молзењето. Со второво, ми кажаа дека првите 24ч они не им даваат ништо на бебињата за да се прочистат, но ми го носеа на секое заплакување. Следниот ден ми кажуваа колку мл испил секој подој и дали му дале дохрана. Мислам само вториот ден му дадоа, после веќе немаше потреба.
Цел ден виси на цице, лом ми ги направи брадавиците.а се тргнам од него одма се буди и плаче и ништо друго не го смирува. Чаре?
Со царски млекото доаѓа покасно, мене ме породи ја во чет, колострум во нед ми дојде. Ама го хранеа со шприц и цело време го повраќаше тоа млеко.
И јас си го барав, викаа повраќа, да не го мачиме. А повраќаше од млекото нивно или начинот на хранење.