1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Документи за новороденче - родено во странство

Дискусија во 'Бебе' започната од Ownage, 7 февруари 2018.

  1. Ownage

    Ownage Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2017
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    82
    Како што пишува во насловот, ме интересира што дпкументи и од каде се вадат за дете родено во странство (Гер- земја каде не се добива државјанство со раѓање). Значи извод, државјанство,пасош и сл. И што ако родителите имаат двојно државјанство кое го добива детето? Како ќе може да патува бебето ако нема пасош? На колку време се вади пасош? Дали може во амбасада? Дали има рок за поднесување за овие документи? Што уште е важно што треба да се направи во врска со документација за новородено бебе во странство?
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sofia777

    Sofia777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    @Ownage За дете родено во Германија кое не може да добие Германски пасош, за да добие македонски пасош преку амбасада оди многу бавно, затоа најдобро е да извадиш само патен документ од амбасада или конзулат и пасошот да го извадиш во Македонија, за да го пријавиш детето во Македонија ти треба извод заверен со apostille печат тоа треба во Германија да го направиш, во Германија имаш рок од 6 месеци кое можи да биди продолжено на твое барање за да му извадиш пасош на детето во матичната држава. Само малолетно дете може да има двојно државјанство Македонско и Германско, после полнолетство треба да се одлучи за едно.
     
    На KidA и TutiFuti им се допаѓа ова.
  3. Ownage

    Ownage Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2017
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    82
    Фала....а треба да се преведе изводот на македонски или пригаќаат интернационален извод со апостиле?
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Јас приложив интернационален извод, но ми побараа и тој да го преведам на македонски.
    Внимавајте при преводот, иако зависи од конкретното име. Не важи правилото се пишува како што се чита, туку мора да биде напишано и на македонски, во кирилична верзија, со истите букви за потоа кога ќе се напише во латинична да има логика.

    Elisabeth на пример не го напишавме Елизабет туку Елисабетх за во интернаионалните документи повторно кога ќе се префрли на латиница да се добие истото име. Во спротивно при препишување на латиница од Elisabeth се добива сосема ново име, Elizabet.
    Ова можеби не е случај со вашето име и презиме, ама да споделам искуство.
     
    На KidA, TutiFuti, Sofia777 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Сите деца родени од 1. јануари 2000 год. добиваат германско државјанство врз осн. на раѓање иако немаат родители германски државјани доколку: барем еден од родителите во континуитет има дозвола за постојан престој во Германија.

    Проверете да не спаѓате сепак во таа група... Други информации инаку немам.
     
    На Ownage му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sofia777

    Sofia777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    @daylight @Ownage само доколку еден од родителите има неограничен престој и престојувај минумум 8 години во Германија, тогаш детето добива германско државјанство од раѓање, исто така добива ако барем еден од родителите има германско државјанство
     
    Последна измена: 9 февруари 2018
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Да така е, тоа сакав да кажам, но не напишав убаво. Значи 3 години да има дозвола за постојан престој во Германија а при тоа да е веќе таму 8 години со живеење. На пр. работел таму некој 5 години со виза, се стекнал со дозвола за постојан престој и веќе ја има 3 години, тогаш неговото дете родено во Германија ќе има право на државјанство но истото ќе треба детето да го потврди откако ќе наполни 21 година дека до неговата 21 год. барем 6 години учеле во Германија и барем 8 години живееле таму и тн.
     
    На Sofia777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trufe

    Trufe Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2017
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    Дали за вадење пасош на новороденче родено во странство ви беше потребно прво да извадите дежавјанство во Мк или само изводот?
     
  9. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
    супер информација и мене ова ме интересираше, само дали знаеш каде се заверува изводот, и каде се продолжува престојот, претпоставувам во Ausländerbehörde? за да добие првично престој детето треба да се оди во бирото за странци или автоматски оди? и дали треба да се има прво ливчето од амбасада?
     
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Колку бавно оди преку амбасада знаеш ли од прилика?
    И каде можам да го продолжам рокот за барање за продолжување на рокот за вадење пасош на детето?
    Искрено немам намера да го летам пред една година да наполни детето назад, ниту со кола да го малтретирам.
     
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    Една пријателка во словенија правеше пасош за малата птеку амбасада повеќе од 6 месеци..
    Отприлика по мое пола година до година преку амбасада..

    Инаку се вади патен лист од мк амбасада плус извод со апостил и се носи во мк
    Тоа е процедурата за новореденче низ цела еу.

    Едит можеш да се јавиш у амбасада и да си прашаш се што те интересира.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам.

    Побрзо Ангела Меркел на тел ќе ја добијам отколку од кај нас во амбасада да крене телефон некој :)

    Ќутук држава тоа ти е. Само ќе се малтретираме ради нефункционален државен апарат.
     
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    Јас кога ѕвонев од англија одма ми се јавија.

    Пробај да видиш на сајтот на амбасадата сигурно има инфо.
     
  14. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
    да споделам искуство ние изводот (меѓународен оригинал) од родени не го заверивме со апостил никаде, ама тука во мкд ни побараа превод и заверка на нотар (на меѓународниот). Прашував зошто превод на таков универзален документ ми рекоа ради германските букви (facepalm) имаше негде читав дека како преведувачот ќе напише така името ќе го пишат, место да си имаат сами единечни правила за транскрипција..
    како и да е апостил не требаше :)
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Пробај пиши емаил мислам натоа побрзо одговараат. Инаку за извод преку амбасада се чека од 4-6 недели а за пасош и до 8 месеци. Најдобро решение ти е да си извадиш патен налог за него бо амбасада и да си завршиш се останато во мк. А намногу бебче може 6 месеци да остани во земјата без док само со странскиот извод.
     
  16. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    И јас сакав да пишам дека и мене (од Чешка) не ми требаше апостил, само оригинален Извод на чешки, преведен и заверен на нотар во Македонија.
    Интернационален воопшто не ми прифатија.
    @KidA со тебе мислам дека веќе го правевме муабетот, ама изгледа во друга тема :))))

    Нека стои и овде сликава, корисна е за што е потребно во Македонија, за дете родено во странство.

    Некој погоре имаше прашано дали треба да се извади Државјанство за да се извади и пасош, одговорот е не :)
    Треба само Извод, а за извод прво треба да се додели матичен број - е тој процес всушност трае.

    Инаку имаше проект Министерство, каде што еднаш годишно, поминуваат низ големи градови во Европа (Виена, Прага...) и можеш да закажеш сликање за пасош во градот кој ти одговара. На веб страната на МНР стоеја и датуми точно кога и каде ќе бидат.
    Последно што дознав од амбасадата тука е тоа дека тој проект е укинат.

    Инаку во Чешка бебе треба да се пријави во Полиција (со пасош) во рок од 60 дена, односно 2 месеци, со можност за продолжување дополнителни 3 месеци :)

    IMG-7e79fe2554f82665e4058f57d887c2bc-V.jpg
     
    Последна измена: 13 август 2018
    На koritsaki и KidA им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    Може оваа ситуација ти била исклучок на тебе но во 99 посто од случаите апостилот треба. Многу луѓе познавам што се зафркнале па се враќале назад да така најдобро е со апостил оти многу веројатни се шансите дека го бараат.
    Може некоја членка ќе се окуражи да оди без апостил и ако ја вратат е гооолем дополнителен проблем.
    Прв пат слушам дека само 6 месеци може да престојува новородено бебе без документи.
    Ова мислам е некоја грешка не знам
    Јас познавам пијатели што на година ипол го носеа малиот мк за прв пат..
     
  18. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Ова е за во австрија скоро ги завршувавме овие обврски затоа и пишав. Инаку немавме потреба од апостил.
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    И јас ќе имам ист случај како тебе, би сакала да се вика Emily и стварно незнам на кирилична форма ипсилон кој го немаме во азбука ќе се преведе. Ваљда у пасош нема да биде Емил(ипсилон) :)

    Ќе се обидам да ги добијам денес на било кој начин во конзулат Минхен. Би ја бирала опцијата овде да се вадат документи, сигурно даваат потврда дека пасош е во чекање за да може да се оправдаме пред германска институција. Со бебе под шест месеци да летам ми личи на прилично кошмарна идеа.
     
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    П
    Пробај да ѕвониш у амбасада ваљда ќе ги добиеш по некој обид. Јас одма ги добив тогаш за термин за патен лист. Или пак твоите нека ѕвонат од мк па нека им бараат фетално објаснување да си знаеш што како.