1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - ласица

Дискусија во 'Дом' започната од Cvekjence, 10 септември 2014.

  1. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    (неможев да најдам слична тема - доколку постои бришете слободно)

    Ова ми е преслатко животинче, мислам дека и кај нас станува се популарно. Можеби не се вика ласица, но како ласица само ми е познато.

    Имате искуство со вакво милениче? Од каде го земавте? Ајде споделете мислења, многу сум заинтересирана да си земам едно ама незнам скоро ништо за нив... :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • lasice.jpg
      lasice.jpg
      Големина на фајлот:
      41,5 KB
      Прегледи:
      173
  2. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    ^
    лол, хрчак е ова..
    Бог да чуваа,
    ЛАСИЧЕ БЕ
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Не е хрчак ниту морско прасе, а од каде планираш да си набавиш вакво животинче. Мене на видра ми личи повеќе од колку на ласица, а хрчак во никој случај :)
     
  4. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    laughing out loud (LOL) зошто мислиш дека ова е хрчак ?? :lol:
    ме насмеа...
     
  5. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    ^
    Глушец е
     
  6. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    pupi.girl гледам дека ги чуваат како домашни миленичиња иако се ваљда ретки...,

    а иначе чекам да се појави некој на темава што чува вакво животине, а не да погаѓа дали е хрчак или глушец :?:
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски

    https://www.youtube.com/watch?v=VJD5q4sFYhw некој вид видра :) види го цело видео има некои што личат како тие на сликата
     
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    :rofl: Ве читам и се газам од смеење... нагаѓајте вие, само нагаѓајте. :rofl: Животинчево спаѓа во месојади и е Феретка. Многу, ама премногу смрдат, особено ако се бањаат. Треба многу грижа за овие, особено за женските зошто ако не се оплодат, умираат. Затоа, или стелиризација, или партнер. Многу добро се согласуваат со мачки и кучиња. Во пет шоп имаше, но не се земаат животни од пет шоп, зошто може да имаат проблеми со здравјето. Може да се нарача или купи од сопственик за 150 евра. Од храна јадат мачешка храна или сирово месо. Мислев да земам феретка на место куче... скоро исти се како кучиња, може да се шетаат, може да се дресираат. Но, може и да се тренираст да вршат нужда во песок. Многу се смешни и слатки, но треба многу грижа за вакво животно. Исто така, не секој ветеринар знае како да реши проблем со вакви животни. Еден примерен ветеринар што знае многу за скоро сите видови на животни е др. Диме и се наоѓа во Скопје.
    И да, не се ретки, во Америка се најпопуларни домашни миленици, а и во Англија ги чуваат многумина исто така.
    Спаѓаат во семејството на Ласици, така да Цвеќенцето е во право, далеку се од хрчаци, видри, глувци и сл. :rofl:
     
  9. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201

    Амин Папи, ФАЛА што се појави :)
    Добро си информирана, само како што викаш специфични се за чување ама и затоа ми е предизвик да си земам. Некаде гледам дека се понашаат и како мачки а може дури и да се шетаат?? аууу хууху можам да замислам ова кога ќе го спобркаат џукелчињава од кај мене пред зграда, штрафта ќе фати под некоја кола :D

    Ако земам ќе споделам некоја слика дефинитивно
     
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Да, може да се шетаат исто како кучињата, ако нема страв од нив, се разбира. :D Многу итри и интелигентни животинки се. :)
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... h2Z4AKpsT4
    Феретката на видеото ми е омилена. :D Преслатка е! :inlove:

    [​IMG]
    Ете како изгледа шетањето на Феретка. Може да се набават градниците за шетање од амазон, ибеј или алиекспрес.
     
    На Cvekjence му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Јас па помислив дека е чинчила. :D
     
  12. matejaaa

    matejaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    134
    Иако ласиците не се погодни за сите, може да бидат одлични миленици кога ќе се најдат во рацете на вистинските сопственици. Нежни се и приврзани. Всушност, иако се мирни во голем дел од денот, малку се животните што сакаат да си играат толку многу како ласиците.
    Еве зошто да изберете ласица:

    Сакаат игра и многу се љубопитни

    Ќе ве забавуваат со своето лудување. Ќе уживаат во играњето со играчки, а додека ги гледате и самите ќе се радувате. Со играта на ласицата се поправа секое расположение. Повеќе истражувања потврдиле дека овие животни имаат позитивно дејство врз здравјето и расположението на сопствениците.

    Друштвени, дружељубиви и приврзани

    Се препорачува, иако не е задолжително, да набавите повеќе од една ласица. Доколку имате две или повеќе, ќе има и повеќе забава и радост за сите. Но, и покрај дружбата со другите од својот вид, неопходно им е вниманието на своите човечки пријатели.

    Интелигентни се

    Некои сопственици се изненадени од начинот на кој ласиците ги решаваат проблемите, дури и ги учат своите сопственици! Тие се многу истрајни и ќе се занимаваат со нешто што бара изненадувачка упорност и трпение.

    Тивки се

    Знаат да се огласат, но во најголемиот дел од времето се многу тивки. Единствено ќе бидат гласни кога се повредени или многу исплашени. Како што веќе кажавме, ласиците спијат во голем дел од денот.

    Ситни се

    Поради тоа што се ситни, не бараат голем кафез. Секако, поголем секогаш е подобар, а идеалниот е висок и има неколку нивоа, така што пак не зазема многу простор. Без оглед на големината на кафезот, на ласиците ќе им биде неопходно да излегуваат во текот на денот и да си играат надвор од него.

    Не се пребирливи

    Постои и специјализирана храна за ласици, но генерално јадат сè и воопшто не се пребирливи.

    Лесно се навикнуваат на песок

    Веројатно не толку лесно како мачките, поради што може да дојде до мали незгоди, но генерално нема да имате проблеми на оваа тема. Сеедно дали песокот е во кафезот или надвор од него.

    Малку вежбаат

    Ласиците ја задоволуваат својата потреба за физичка активност и само со трчање низ станот. Секако, доколку сакате можете да ги водите на прошетка. Можат лесно да се навикнат на поводник доколку им најдете соодветна величина

    Имаат карактер и сопствена личност

    Секоја ласица е единствена и има своја личност. Некои се независни, други табиетлии, но секоја е посебна, па настојувајте да ја запознаете што е можно подобро.

    Извор: http://petsportal.mk/deset-dobri-prichi ... te-lasica/
     
  13. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    ^
    абе се фино тоа, али не се ласици :D
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Феретките спаѓаат во Ласици. Докажи ми дека не е ласица покрај структурата на телото, Ласиците се сантим помали од мачките, а глувците се колку една рака. Ласиците и Феретките имаат заби многу слични на мачките. Опашот им е ист. Черепот ист. Ајде, докажи ми дека не се Ласици.
     
  15. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Касаат овие? опасни се? и како тоа викаш мн смрделе?
     
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Смрдат заради мастите кои ги содржат за да им биде потопло. Ако беа видри, немаше да постоиме ние... трујат кога ќе се намократ. Имаат сладкаст мирис, ама толку неподносливо сладкаст... мене главата ме заболе кога ја држев во раце...