1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Донација за Цаци

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од greenota, 4 ноември 2017.

  1. greenota

    greenota Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Цаци е маче најдено на улица кое моментално се справува со инфекција и секој ден е на терапија и прима инфузии. Бара помош за да се спаси и преживее, па здравје откако ќе оздраве да си најде и свој топол дом. Ги замолувам сите добронамерни луѓе кои сакаат да помогнат да донираат нешто. Ова маче не бара луксуз од храна, доволни му се конзерви за мачки(~45 денари), сува храна (~100ден.), песок (5кг/~180ден.) па дури и обични паштетки од 10-15 денари не одбива. Пансионот каде за него треба да се грижат ќе чини 150 денари од ден. Ако сите заедно одвоиме по 100 денари мачево ќе има храна и смештај на топло за цел месец, ајде заедно да го вратиме во живот.
    За оние кои сакаат да донираат финансиски за ветеринарните трошоци можат да го сторат тоа на следната сметка:
    Денарска сметка: 240090002006130
    Депонент: Уни Банка АД - Скопје
    Назнака: За Цаци
    Во врска со донирање на храната и песокот, за да не оставам јавно телефонски број, Ве молам обратете се на фб страната на Анима Мунди.( https://www.facebook.com/pg/AnimaMundiMacedonia )
    Ви благодарам.:l:
    [​IMG]
     
  2. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Искрено, кога го видов насловот, очекував за човек да се работи.

    150MKDx30dena=4500MKD по месец за мачево.
    Одприлика толку е месечна социјална помош за човек во Македонија.
    [​IMG]
    http://www.mtsp.gov.mk/uslugi-ns_article-socijalna-paricna-pomosh.nspx

    Најверојатно никој нема да собере толку пари, а и да собере, за колку месеци платена туѓа нега ќе има?
    Чувај ја, негувај ја, преземи одговорност, тебе ти се погоди, таа ти е среќата, за година две ќе биде здрава, слободна мачка.