Форумџика на годината

Дојран

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од strelec.67, 16 мај 2010.

  1. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    7.896
    Пол:
    Машки
    Не ми треба мене гужва. Сакам да одам да се релаксирам.

    Ме интересира што може да се види освен прошетка покрај езерото?
    И кој ресторан да го посетам?
     
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.878
    Допаѓања:
    30.469
    Пол:
    Женски
    Ништо неможе да се види.
    За ресторан незнам, фук так го фалеа ама не сум била.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.733
    Допаѓања:
    114.130
    Пол:
    Женски
    Не е точно дека нема ништо, нека не те лажат. Црквата св. Илија можеш да ја посетиш, покрај езерото да се прошеташ, да ручаш кај ќе сакаш, Фук так ти препорачувам, ако работи музејот што е кај јаворот да го посетиш, едноставно да се прошеташ на мир. На враќање можеш да се прошеташ низ Валандово, има преубав манастир над градот св.Ѓорѓи, многу убава панорама од горе, ако си со деца кај изворот има убаво паркче за деца.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    7.896
    Пол:
    Машки
    Не, сам ќе одам. Дали е паметно да се скршне накај струмичко и да се посетат водопадите на ова време?
    Во Гевгелија има што да се види или пустелија е?
     
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.878
    Допаѓања:
    30.469
    Пол:
    Женски
    Има.
    На кое казино и да помислиш, таму е. :rofl::rofl:

    Абе нема ништо во тој дел, сите избегаа :rofl:
     
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    7.896
    Пол:
    Машки
    Значи пустелија со казина. Баш како Лас Вегас во Невада. :D
    Претпоставувам дека и другите градчиња се крш таму, штом Гевгелија како поголема е крш. ;(

    Во Охрид сум бил 100 пати и веќе досадно ми е.
    Може Дојран само ќе го посетам затоа што не сум бил одамна. Ако ми се свиѓа, ќе останам на спиење во некое приватно сместување, ако не, дим да ме њама. :lol:
     
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.878
    Допаѓања:
    30.469
    Пол:
    Женски
    Чим од Охрид ти здосадило, во Гевгелија и околината ќе умреш од досада. :D

    Најубаво, ако сакаш да се релаксираш, оди или Попова Шапка или Маврово.
    Би требало да има снегче, милина.
     
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    7.896
    Пол:
    Машки
    Охрид ми здосади од што сум бил многу пати, а не од што не ми е убав.

    А Дојран не сум бил со години. Секако дека очекувам помалку знаменитости од Охрид, ама барем не би требало да е толку тапа.

    Од Гевгелија и околните градови се откажувам уште од сега.

    Во Дојран дали ќе работи музејот што го спомнавте?
    Друго нешто освен тоа има?
    Колку кошта возење со кајче по езеро и кај застануваат кајчињата?
     
  9. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Можеш да возиш по новиот автопат и да се исклучиш на марвинци. И преку Валандово да дојдеш до Дојран. За што да се види во дојран и нема баш, музејот, црквата на влезот што е. По патеката да се рашеташ, кафе да пиеш ако е убаво времето во тана паљурска. За јадење можеш романтик, фук так, гранико, нота, боеми. Ако е убаво времето имаат и маси надвор тие што се покрај езерото. Има ел. велосипеди ако сакаш да изнајмите. Како е со цени не знам. Се на се нема нешто кој знае што да се види. Пример јас лично сега многу повеќе преферирам да отидам до стар дојран отколку летото кога е гужва. Има кај да седнам како човек, без да чекам ред некој да стане за да се ослободи место за мене. Ако одиш за време на викенд во ручек време 11-18часот во кафаните најдобро ти е да си резервираш знае да баш тој период гужва. Полно е.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    7.896
    Пол:
    Машки
    Тенкс. А иначе гледам на гугл дека и преку Штип може да се оди, а не се многу со разлика во км од главниот автопат. Дали е ок тој пат?
    Разлика има и во патарините.
     
  11. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Искрено не сум била на таа страна. Знам само дека ск - штип е автопат. После тоа Штип - Струмица како е искрено не знам. Валда добар е. Струмица - дојран супер е патот се возе.
    Работата е во тоа што од ск до марвинци дури се исклучиш се ти е добар автопат. Од марвинци низ селата дури да дојдеш до Валандово е многу подобар отколку од Демир Капија да се исклучиш. Кога има многу дождови таа страна знае да има и одрони. Е сега имаш и повеќе патарини. Ако не ти смета колку часа би возел избери си ја таа рута што повеќе ти одговара финансиски.
    Пример јас кога патувам да кажам до Неготино одам од кај марвинци, смоквица, и на автопатот. Е сега плаќам 80 ден патарина на смоквица - Демир Капија патарината ама многу побргу излегувам на автопатот отколку да одам преку Демир Капија. Бидејќи од Валандово до удово се се земјоделски села и има трактори по патот кога е време за берба по нивите. Неможеш да возиш, има мал застој. Плус одрони по патот од удово до демир Капија.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.733
    Допаѓања:
    114.130
    Пол:
    Женски
    Баш така.

    Види нема којзнае што, ама па дека е пустелија не е. Не очекувај знаменитости, нема ништо такво. Црквата, музејот и езерото, тоа е тоа. Водопадите имаат сега вода ама преладно е. Според мене е жива глупост да се оди за Дојран преку Штип, ама ти си знаеш.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    3.297
    Пол:
    Женски
    Зошто така ми зборите за градот?
    Имаш казина, сега на 13.12. ќе го отвараат Џамбо, имаме уште еден молл што се гради, кај и да е ќе биде готов и тој.
    Викенди имаш кабаре забава во Фламинго, не мораш да се коцкаш можеш да одиш да се напиеш, најадиш, Де Факто диското е затворено, ресторантот прави забави.
    Југословенска вечер, Грчка вечер, се си имаме.

    Ако преку недела да паднеш нема кој да те крене. :D
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    7.896
    Пол:
    Машки
    Освен нови молови, што ќе ги има иатите продавници како у Скопје, казина и ресторани со југословенски и грчки вечери, што можам да видам друго?

    Кај да јадам убава храна во Гевгелија, има ли нешто во природа интересно итн?

    Ај, па може и ќе ме предомислиш следен пат кога ќе идам натака да ја посетам и Гевгелија. 8)
     
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    7.896
    Пол:
    Машки
    Бев во Дојран викендов. Интересно искуство.
    Пробав чипс од крап во еден ресторан на крајот од селото Дојран и крап. Го прашав келнерот дали е дојрански крапот и ми рече дека не е. :?:

    Прошетав по кејот на езерото, се искачив до црквата Св. Илија и толку за еден ден.

    Храната добра беше иначе. Фала на сите на препораките. :*
     
  16. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.878
    Допаѓања:
    30.469
    Пол:
    Женски
    И толку, и да сакаш нема друго :rofl::rofl::rofl::rofl:
     
  17. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    3.297
    Пол:
    Женски
    Кај и да одиш тоа е тука кај нас.

    Ако бараш нешто по убаво да видиш Солун ти е на 40 мин.

    Убава храна имаш во Боко, елитен ресторан, дотерен, среден, без да мирисаш на храна. Солени цени, ама еден од најпосетуваните ресторанти во Македонија е. Од секаде имаат гости. Имаат извонредна услуга.

    Уно пицерија имаш за пици, фантастични се. (како и за други тестенини)

    Вкусно уф Мешката имаш убава скара, врвен квалитет кој со години е ист.

    Јавор Агапи, имаш јагнешко, телешко. Најбаран ресторан за јагнешко за сите оние кои се љубители на тоа месо.

    Близу Гевгелија имаш ресторан Оаза, Гавото, прекрасен крап, не е мрсен. Исто така спремаат секакви други работи, чипс од крап, икра, млечка, жабји копани, полжави, змии итн.

    Негорски Бањи, ресторан исто така во природа е, можеш да ја посетиш бањата, имаат квалитетна и убава храна со нормални цени.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    7.896
    Пол:
    Машки
    Тенкс. А што ќе кажеш за ресторанот Вардар кај реката? На излез на градот негде бил, ама не знам кој точно излез.
    Еден пријател еднаш ми го препорача дека бил добар. Дали сеуште е така?
    А од овие другите сигурно ќе посетам некој штом сум таму.
     
  19. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    3.297
    Пол:
    Женски
    Мотел Вардар, затворен е за жал. Претходниот газда во последно време ептен го испушти од раце. Инаку беше еден од најубавите ресторанти во Гевгелија, на самата река. Храната ја расипа исто така и услугата.
    Го паметам уште од мала кога седевме со моите таму, матурски вечери славевме, а исто така се славеа и свадби. Последно слушнав дека казино ќе го прават, ама не знам дали е направено.

    Има уште еден на реката тоа е ресторан Де Факто, беше во склоп со дискотеката, но за жал дискотеката ја затворија поради тоа што газдата не му се дава пари за дозвола и продолжи да го работи само ресторантот.
    Истиот ресторан е оној кој што ти пишав дека викендите знае да направи некоја забава како Грчка вечер, Југословенска, Не дај се генерацијо итн.
    Преку ден секако можеш да си седнеш. Храната е просечна и е за секој џеб.

    И сега баш ми текна таму има уште еден, Велвиција, ама не е нешто којзнае што. Повеќе работи кога има некоја прослава.

    Во глобала, многу те од ресторантите што се затворија во Гевгелија се поради тоа што имаат не способни газди да ги работат. Пошто самиот град е на граница, многу од нив се свртеа на други бизниси, како камионскиот превоз и ептен престанаа да се замараат за ресторантите. Жално, заради тоа што се на убави местоположби.
     
    На Компир Манџа и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  20. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Машки
    Сакаат 100 посто профит а вработениот да му работи без ич да го платат, сакаат робови за вработени само да им се дерат а вработените да ќутат а сега такви вработени нема, враќаат та дури и се закануваат дека ако си отидат они ќе му пропадне бизнисот и со право затоа што еден вработен држи 4 и повеќе работни места. и такви газди сите да пропаднат, само проблемот е тоа што нема нови газди што поинаку рамислуваат.
     
    На FlirtBerry му/ѝ се допаѓа ова.