Другата жена (тур: Kuma) — турска телевизиска серија, која се емитува во 2025 година. Главните улоги ги играат: Емре Озмен, Ајбуке Јилмаз, Хилал Туфек. Серијата во Македонија се емитува на Канал 5 Телевизија Од понеделник до петок во 21:30часот Содржина: Во суровите предели на источна Турција, младата и сиромашна Џејлан живее во постојан терор од нејзините татко и брат. За нив, жената е таа која мора да трпи и да ги слуша нивните наредби. За да се спасат од бедата во која живеат, семејството ја ветува Џејлан како втора сопруга на човек кого не го ни познава. За девојката следуваат денови на страв и тага поради планот на семејството, но тие се решени по секоја цена да ја омажат и да си обезбедат убав и богат живот. За да ја избегне свадбата, Џејлан е приморана да избега и закрила да најде во човекот кој го запозна случајно и кој вистински почнува да го сака - маркантниот и богат Каран. Семејството на Каран не може да ја прифати новодојденката, па затоа почнуваат да коваат планови како да ја тргнат од богатата вила. Најголемото зло доаѓа од Сема, снаата на Каран, мажена за неговиот брат. Откако мистериозно ќе биде убиен братот на Каран, Џејлан ќе биде обвинета за тоа убиство по што следуваат тешки и мачни денови за неа во големата куќа. По правилата на традицијата, снаата е таа која мора да остане во семејството, па затоа Каран ќе треба да се ожени со Сема. За одмаздата да биде целосна кон Џејлан за која мисли дека е убиецот, Каран ќе реши да ја ожени како втора сопруга, да остане да живее во куќата и да ги трпи презирот и понижувањата од семејството. Немајќи друг избор, Џејлан ќе се омажи со Каран и ќе стане неговата друга жена. Соочувајќи се со предизвиците на својата нова улога, таа очајно се стреми да ја докаже својата невиност со надеж дека ќе ја добие својата слобода и наклонетоста на својот сопруг. Бегајќи од судбината да не постане друга жена, сега играта на животот ја соочува со истата болна улога, да биде - другата жена