1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дубак и џампер

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 19 септември 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.688
    Пол:
    Женски
    Дали користите дубак или сте користеле за вашето дете? Јас кога бев на педијатар на контрола ми кажа докторката да не ја ставам никако во дубак. А моите го имаат дубакот од мене и брат ми и планирав да го земам ама ништо. Инаку е на 3 нивоа ако сакаш да го ставиш детето да не допира со нозете на подот толку мало, бидејки не смее тежината од телото да паѓа врз нозете. Какво искуство имате вие?
     
  2. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Јас не сум го ставала мојот син во дубак, едноставно немаше време за тоа, многу рано почна да се движи потпирајќи се за маса, кревет и брзо прооди. Неколкупати кај моите во дубакот што останал од мене и брат ми и тоа само додека сме го хранеле, да седи мирен.
    Не знам поделени се ставовите на ортопедите, педијатрите околу тоа дали треба да се става детето во дубак :^)
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ние користевме дубак, искрено мислам дека јас повеќе се радував на дубакот него малата :tmi: ...конечно се опуштив малку и можев да здивнам од паткање и држење во раце. Секаде го носевме дубакот со нас, на гости ние дубакот со нас :lol: .
    Кога малата наполни 7-8 месеци на ортопед (бевме на контрола за развојот на кукчињата) докторката ми рече да не ја ставам во дубак се` додека сама не се исправи на креветчето и цврсто стои сама. Јас веќе ја ставав во дубалце од 7 месеци, поконкретно откако беше стабилна да седи. Нашето дубалце беше со столче, исто на три нивоа, така што малку ќе си се прошеткаше (читај повозеше) малку ќе си се одмореше. :lol: Докторката ми рече- развојот на кукчињата е одличен благодарение на тоа што не сте ја ставале во дубак...не знам од кај го извади тој заклучок кога не ме ни праша дали користиме дубалце :?: Вака ја погледнав :^) и си премолчив...ај викам да не замарам и да не и` објаснувам дека констатацијата и` е апла погршна.
    Така што правилниот развој на кукчињата не ќе да е од некористењето на дубак. :!:

    И јас и сестра ми сме си имале дубалциња, и малата ја ставав...уште го чувам и здравје и другото дете планирам да го ставам во дубалце. Сите мои пријателки за дечињата користеа дубалциња и фала Богу сите дечиња се ОК. Не знам зошто педијатриве толку имаат одбивност кон ова според мене ептен ефикасно помагало за проодување. :?:
     
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Дете без дубаче не бива :)
    Ја ставив во дубак некаде кај осмиот месец, инаку од доктори и ортопеди не е препорачливо, али ако ги слушав нив буквално за се ќе немав време до вц да појдам...
     
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Моите две деца проодеа на околу 1 година,а претходно од 7 месеци ги ставав во дубак.И мене некои ми викаа добро е,некои не било добро за кукчињата.Во консултација со ортопед ми кажа дека е сосема во ред да се става во дубак.
    Фала богу проблем немавме никаков.Го позајмував мојот дубак на неколку пријателки и сите беа задоволни.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.652
    Пол:
    Женски
    Кога бевме на ортопед пред една недела (имаме 6 месеци), покрај тоа што ни препорача малиот да го ставиме на земја (секако, на соодветна подлога, за да може да се активира и да се обидува да ползи), ни рече дека може и дубак да користиме, ама сега да почнеме, оти 8-9 месец е веќе доцна. Инаку, ни појасни дека дубакот нема влијание врз развојот на колковите, туку е опасен во смисла дека може да се преврти ако на пример запнат тркалцата на некоја лајсна или детето со него може да дојде до потенцијално опасни места (штекери и слично), значи таква опасност, а инаку помага за зацврстување на мускулатурата на нозете. Се мислам за некој статичен дубак, ама ќе видиме. Јас повеќе сакам да ползи иако е рано, ама ќе се научи со тек на време. А со ползењето се јакне цела мускулатура.
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.755
    Јас со првото дете не користев, затоа што не беше погоден просторот каде што живеевме тогаш, а и некако ортопеди ме исплашија.
    Со второто веќе беше различно - просторот беше соодветен, а и до тогаш решив да не слушам многу доктори, туку се водев од девизата - се што е умерено не штети. Употребував некој chicco, од тие со правоаголна основа, и морам да кажам дека му бев крајно благодарна на изумителот на дубакот :D
    Не претерував, туку го ставав само кога морав да одам до тоалет или да завршам друга неодложна работа. Никако не му се собираше повеќе од 45 минути дневно. Многу беше среќен кога беше во дубак.
    Исто така и ползеше, а тоа е многу важно и за спретност, освен за зајакнување на мускулатурата.
     
    На MacenceEna и Annath им се допаѓа ова.
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Јас ни за двете деца не користев дубак т.е. јас бев дубакот :D . Верувам дека и тоа зависи од карактерот- мене кога за нешто ќе ми кажат дека може да биде штетно за детето, ако треба мали мечиња ќе родам, ама не го правам. Читав, читав, прашував, истражував и заклучив дека најголем дел од лекарските совети се против дубак, и тоа не само за да не се преврти, туку и затоа што со него се прекинува природниот развој на моториката на детето, покрај се друго. И си го избрав потешкиот (можеби) пат, но тоа е мојот свесен (и совесен) избор. Според мене тој период кога детето пробува да оди (а јас без да стигне до таа фаза никако не би го ставила во такво нешто), а пред да почне да оди самостојно е релативно кус. Ништо страшно. И јас одев по децата, ги водев за раче, се паткавме наваму-натаму, па и тоа помина. Дури ни за паткање не форсирав, ни за исправање, ни за седење, за ништо. Детето самото најдобро си знае кога ќе му дојде време за било што. И јас тоа го почитувам.
     
    На nesa, koritsaki и Annath им се допаѓа ова.
  9. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Мене не ми е јасно како тоа ние сме израснале во нормални здрави личности, а денешниве доктори забрануваат се што тогаш смеело.
    Сите знаеме кои се предностите на дубакот. И сите знаеме дека не е убаво да се остава малото предолго во дубак.
    Јас на 1 година сум проодела, значи негативности од дубакот немало, и ден денес немам никакви проблеми.
     
    На zoketo и zalosna им се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Оооо јас колку сакав да оди во дубак да малку од малку ми ги ослободи рацете и кичмата :lol: ама ништо. Дали 1 недела го користеше, веднаш жив се испокрши од него :) . Не го сакаше и го превртуваше. Е затоа не го ни терав, му поставував подлога доле на тепих со полно играчи и си играше (не ни лазеше, веднаш прооди).
    Има поделени мислења околу тоа, некои педијатри препорачуваат и тоа уште од 6 месеци и дубакот да е дигнат на највиско ниво да само со прстите бебушот допира на подот - тоа било најправилен начин за развивање на стопала за да не настанат рамни табани, а пак други не препорачуваат со изговор дека неправилно се ојачува карлицата кај бебушот.
    Така да, може да се проба па ако сака и колку сака.
     
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Уффф, според мене - нож со 2 острици :?:

    Мислам дека придобивката е она што славица999 го наведе - одењето на прсти со што се намалува ризикот од дустабан, ама пак од друга страна, бебето добива погрешна претстава дека ТАКА треба да се движи во просторот, и дека секогаш ќе е опкружено и заштитено со обрач, и без разлика како и каде ќе се движи - нема да има проблем со паѓање.
    Мислам дека детето самото си има вградено систем на развој, и ние со сите овие „додатоци“ само се мешаме во истиот безпотребно :) Тоа МОРА индивидуално да помине низ серија на развојни фази (прво се учи да се мрда главчето, па да се држи вратчето, па да се контролира рбетниот столб/трупот (кога учат да седат), за на крај да дојдат ноџињата (рацете се изоставуваат затоа што со допир преку нив учи за светот околу себе, и немаат врска со проодувањето, освен за рамнотежа :) )
    Мене лично ми беше многу глупаво дете кое се` уште не знае да си го држи стабилно трупот (за да седи), да го ставам во дубак :worried: Затоа, ја оставив да си се развива природно и самостојно, како неа и е „запишано“ според предиспозициите, и мислам дека не згрешив (барем се надевам :D )
    Едноставно, ја оставив на под, и ништо друго до сега немам направено. За 3 дена почна да седи стабилно, за 3 дена после тоа почна да лази (падна 3-4 пати дури да си научи само како треба да се заштити :) ), 3 дена после тоа почна да се фаќа на мебелот и да пробува да се крени за да стои, за да 2 недели откако ја ставив на под - може да се движи држејќи се за мебелот.
    Во основа, тоа и ми беше препораката од ортопедот - на 4.5 месеци ми рече дека и се супер развиени колкчињата, и дека може да прави СЕ` ШТО САКА И МОЖЕ, што значи, не ЈАС што сакам таа да прави :)
     
  12. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Кога ја носев на ортопед на 4 месеци ни рече никако во дубак да не ја ставаме, колкчињата одлично и се развивале и ни рече контрола кога ќе наполни 10 месеци. Јована сега е 7,5 месеци и почна сама да седи и да бара да стои па ја ставам по малку во дубак. Ако сме можеле ние три деца да издраснеме во дубак и ништо да не ни фали и да проодиме до годинка, не гледам причина зошто да не го користам и јас.
     
    На koritsaki и MacenceEna им се допаѓа ова.
  13. langida

    langida Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    13
    педијатрите не препорацуваат дубак никако,мојата керка поцна од неполни 8 месеци да седи во дубак,и кога ја однесовме на ортопет ме прасаа дали седи во дубак им реков не и ми казаа браво мајка многу напредува детето,иако таа си седесе во дубак мислам не е страсно ем ке зврсис некоја работа додека таа се вози и седи во дубак.
     
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Секако ќе се советувам со ортопедот кога ќе одам на полни шест месеци на контрола... инаку би ја ставала во дубак но контролирано и по малку. Инаку земавме многу интересен дубак na Brevi и едвај чекам да видам дали ќе и биде интересен :)

    [​IMG]
     
  15. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    194
    Јас си го ставам во дубаче од кога наполни 6 месеци,по малце прво и сега не го форсирам многу може да му се собери цел ден околу пола саат најмногу иако е 8 месеца ,повеќе го чучнувам или јас за рачињата го држам и го водам
     
  16. jana31

    jana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    39
    Еве го и моети искуство. Синчето (5 год.) го ставив во дубак на 5,5 месеци. Секако тоа на почетокот беа неколку минути, па со тек на време се зголемуваше времето. Широк повој не му клавав, а на контролите на ортопед секогаш докторот велеше, супер сте развиени само така продолжете. Мислам дека од дубакот нема штета, секако ако не е претерано. Синот и лазеше и рано прооди и тоа на цело стопало и тоа со трчање. Мислам дека тоа што носеше квалитетни ортопедски топлинки, не од оние меките кои се кинат за 2 недели, му помогна да не оди на прсти. Сега и со ќеркичката(2,5 месеци) планирам да користам дубак, можеби бидејќи е женско малку подоцна ќе започнам да го користам, ама не знам некој кому му фали нешто оти во дубак одел. Јас сум во дубак изгледана, без широк повој, во пелени ко фишек со повој стегната, па имам дури и премногу широки колкови, едноставно некои работи се во гените, ако детето треба рано да прооди, така ќе биде, ако е плашливо може и до 1,5 год. да не пропатка, без разлика дали лазело или дали се користел дубак.
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Апсолутно сум против теоријата „И нас така не` гледале, па ништо не ни фали“, оти скраја да е, не знам ШТО треба да ни фали за да кажеме дека е од дубакот/раното воведување немлечна храна/бутањето цуцли со мед за да ќутиме.
    Малце ли сме што имаме проблеми со кичма/половина/спондилоза/дискуспатија? Како тоа испадна скоро секој 2 (зборам за плус минус 3-4 години од моја генерација) да има вакви проблеми???
    Еве, и јас сум во таа група. И мене мајка ми ме чувала во дубак, оти нели, тогаш беше МОДЕРНО да имаш дубак за детето. И јас, цел живот спортист, па си имам неверојатен проблем со половината. КОЈ може да ми докаже дека не е од дубакот, или од „ортопедските“ чевли што ни ги ставале, оти така наложувал докторот нели?

    Секој за себе и за своето дете одлучува. Јас за моето одлучив и стојам зад таа одлука нормално. Сакам само да дадам апел до сите мајки да носат одлука со СОПСТВЕНА глава, врз основ на прочитани истражувања, врз основ на разговори и дијалози со ортопеди и физијатри, а не врз основ на рекла казала и „И ние така бевме гледани, па ништо не ни фали“. НИ ФАЛИ, проблемите што јас ги имам на 30 години дедо ми ги имаше на 80! Не велам дека се` е од дубакот, не сум до толку ограничена, ама кој може да ми докаже дека и тој нема удел, знаејќи колку е најважен периодот кога бебето учи да седи/да стои/да оди за понатаму во животот?

    п.с. И да се надополнам - потребни се мнооооогу години за да СКРАЈА ДА Е излезе некој проблем на виделина. И што е најтрагично, никогаш нема да ни текне да го поврземе со било што од она што сега го правиме.
     
    На Li0ness и danichap им се допаѓа ова.
  18. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Моите деца се 7,5 години разлика ,значи синот наскоро ќе полни 8 . На времето :D кога тој имаше 6 месеци ортопедите препурачуваа статичен дубак и таков и купивме и секојдневно го ставав по 1-1,5 саат . Е сега во денешново време :D истите тие педијатри (кај исти ги носам) изричито отфрлаат дубак. Веројатно се добиле некои нови сознанија за штетноста на истиот . Ќерка ми веројатно нема да ја ставам во дубак,затоа што кога ќе ми кажат дека не треба би ми било и малку неодговорно да го правам спротивното ,но затоа пак сега сум исплашена за син ми .Што ако сум му направила лошо? За ќерка ми најверојатно ќе користам одалка и каиш ,не знам веројатно и тоа ќе треба добро да го истражам :x
     
  19. jana31

    jana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    39
    Според мене денешниве деца имаат повеќе штета од тоа што многу време поминуваат пред компјутер, па оттаму и имаат искривени `рбети и проблеми со одењето, и од тоа што уште во прво одд. чантата им е тешка повеќе килограми. И тоа е научно докажано дека е штетно, а од дубакот, се разбира се со мера, не е докажано дека подоцна би имал проблеми со половината. Кое дете до пред 10 - 15 год. не знаеше да трча или води топка? А сега верувајте, бидејќи работам со деца, не знаат да трчаат и да водат топка, оти не се надвор излезени, а сигурно се помалку во дубак ставани од нас!
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Братучед ми и ден денес оди на прсти од што дубакот му беше многу висок.. Што мака си видоа со тоа, после цело време како балерина одеше. И дури и сега има последици, ако е поголем, уште не може да се одвикне :(