Дали сите сте правеле дума? Кај мене тоа наскоро ќе биде, не знам многу за обичаите на тој ден, како идат работите... Не сакам да правам со мајка ми муабет за ова бидејќи одлучивме да ги држиме семејствата во неизвесност за тој ден....Хелп ми и споделете ги вашите искуства
blond и јас сум во иста ситуација јас и дечко ми решивме да дадеме збор, но не знаеме доволно добро како оди тоа. Знам дека тој треба да дојде кај мене дома со родителите.. и што понатаму ??? Ајде некој искусен нека ни помогне
Зависи кој како гледа на работите. Ние дадовме збор, ама не правевме некоја голема веридба, туку давањето збор, всушност, беше веридбата Дојде он со неговите кај мене дома да се запознаат, нешто како на ручек, и демек децава ќе се зимаат и официјализиравме. Нашето беше толку. Е сега, некој дава збор, само родителите на девојката и на момчето, па потоа прават официјална веридба со сите роднини.
Тогаш на давањето збор не разминевмо, само зборот го разменивме Потоа ми купи прстен. Мислам дека на официјалната веридба се разменуваат прстени, ама ако не се прави таква, на давањето збор.
Не знам какви обичаи има, ама ние зборот го дадовме кога тој дојде со неговите кај мене дома, за да се запознаат со моите. Немаше некое посебно терање адети, само разговор и ручек, и толку. Прстен ми даде кога ме побара, значи пред давањето збор. Не правевме официјална веридба, мислам дека нема потреба од такво нешто, ако веќе се прави свадба. А знам дека се купувале бовчи, накит и не знам уште што. Ама мислам дека сето тоа е работа на договор.
Јас ќе се надоврзам на Анатх, и кај мене беше многу едноставно. Дојде со неговите кај мене на вечера си вечеравме, си кажавме дека сакаме да си се земеме и се супер си помина. Немаше бовчи, подароци и др непотребни работи. Се помина толку спонтано што сега малку ми се врати филмот назад . Мислам дека е ствар на договор се како ќе помине. И мој совет не се ставајте во непотребни трошоци.
Хмм значи ако добро сфатив-без прстени,само онака официјално да биде пред обете фамилии... Без поклони, прстени и слични глупости... А веридба не ни паѓа на памет-тоа се потрошени пари без потреба,секако се прави свадба,што па и веридба морало-а тоа ти е пола свадба ! Бај д веј фала ви на сите
еве јас како правев. значи официјално мажулето ме побара за жена со прстен на романтичен начин. тоа за нас беше барање меѓу нас двајцата. му кажав да ми го стави прстенот и се разбира потоа дознаа родителите. за се другото е ствар на договор некој прават веридби со повеќе гости и разменуваат поколони некој не. лично ние ги повикавме на вечера неговите дојдоа само со цвеќе вино и торта. со мажулето се договоривме дека нема да се даруваме. правилно ете бар ние како што правевме масата беше празна, обично еден од родителите (татко ми ) праша зашто сте дојдени? машкото треба да каже зашто се дојдени, и одкога ке каже(ние пукавме шампајнско ете онака од ќеиф) почнува да се става се на маса се мези се пие се јаде и по правило тие треба да си отидат се разбира со невестата до 12 односно пред полноќ. ете ние на кратко како правевме. само совет како ќе си го направите со кеиф да си го направите нема посебни адети и обичаи се е договор на младите како си сакаат
Kaко да си оди до 12 со нив? А невестата не се зима од дома на свадба? Ако веќе не живеат пред тоа заедно нели...??
Читајќи ги постовиве се сетив дека за некој ден е втората гоишнина од денот кога дечко ми ме побара за жена!!! Ух ама бев испаничена Ме побара за жена на само па дури и без прстен, по прстен отидовме следното утро (сакал да си изберам сама, иако јас мислам ќе беше подобро да го купел он) и правец кај моите да им ја кажеме веста, а после и кај неговите родители! Кога заврши првичната еуфорија се договоривме неговите родители да дојдат кај нас на вечера на која ние си разменивме часовници кои и онака мислевме да ги купиме па вака ни се виде дека ќе бидат со повод. Вечерата беше најнормална а масата беше поставена, а сум чула дека многу семејства чекаат да кажат гостите зошто се дојдени па да ја постават масата ама нас ни се чинеше дека е тоа екстра време и енергија па ја наместивме пред време .Така во најдобар ред се заврши се, а потоа кај мене и кај маж ми во текот на неделите доаѓаа најблиските роднини на торта, кафенце за да ни честитаат. Веселбата ја оставивме за на свадба која помина одлично
Само уживај, воопшто не се оптоварувај со ништо. Јас ко за чудо имав многу трема тој ден, не знам зошто, иако веќе живеевме заедно со сопругот. Ама веројатно поради тоа што беше прва средба на родителите и запознавање, па изгледа си бев оптоварена со тоа како ќе помине се. И се беше супер, фала му на Бога! И кај вас ќе биде супер, верувам!
Ај да се смешам и јас во муабетов Ние кога решивме да се вериме се дговоривме дека нема да даваме бовчалоци и нема злато редење /китење итд. Непосредно пред да се решиме на ваков чекор, во муабет со еден наш пријател, по вокација поп, ни спомна дека веридбата е наречена прстенување и е прв дел од венчавката! Ни делуваше како добра идеја да го направиме првиот дел од венчавката ...купивме бурми ...се договоривме со кумот и со старосватицата ...го повикавме попот...фамилијата на вереникот... кај мене дојоа сите и така помина се многу тивко ...без многу прашина...♥
Значи според ова што го прочитав нема некое правило, индивидуално е кој како сака и како може. Ние кога правевме муабет со неговите мајка му рече дека прстени се менувале, треба двајцата да си смениме прстени или само тој мене да ми купи?
Ме интересира дали има врска дека давањето збор ќе биде во пости, т.е сега за три недели. Јас мислам дека нема, ама пак сакам да чујам мислења од ваши искуства?
Нема врска, и ние дадовме збор во пости, и тоа велигденските пости. Па не мора да се прави фешта од тоа, нели? Барем ние не правевме ништо посебно, само неговите дојдоа кај моите, се запознаа, го дадовме зборот и толку. Немаше нешто прослави или којзнае што.
Нема врска тоа со постите. Инаку во пости не е добро да се прави свадба, т.е венчавка во црква и ретко кој поп венчава тогаш. И токму поради тоа мојата свадба ќе е кога јас ќе сум седми месец... Ајде живи и здрави до тогаш !!!
Јас планирам свадба пред Велигденските пости во март, не сакам да сум на свадбата со многу голем стомак. А од веридбата никакво правење фешта, тоа е само конечно после 8 години да си ги запознаеме родителите