Духовен отец

Дискусија во 'Религија' започната од ana-milo, 16 февруари 2016.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    5.395
    Пол:
    Машки
    Јас сум грешка, што на основа на еден стих донесов заклучок и без да знам што зошто и од кај доаѓа. Сори..
    Стихот од членот што го потенцира е за фарисеите кои што сакале да бидат така нарекувани, и сакале себеси да се постават на местото со Бог, ама нема ништо лошо во тоа ние на некој да се обратиме со Оче, татко..
    Има многу места кај што се кажува Оче на некој друг.
    "Зашто, ако имате и десетици илјади наставници во Христа, сепак немате многу татковци; зашто јас ве родив во Христа Исуса преку Евангелието" - ова Павле го вели во 1 Коронтјани 4:15. Па и од тука потекнува она духовен Отец не дека е Бог туку некој преку кој сме повторно родени (крстени) и некој што се грижи за нашето духовно растење..
    Инаку еве уште неколку стихови:
    -1 Јован 2:13: Ви пишувам вам, отци, зашто Го запознавте Оној Кој постои од почетокот. - Јован вака им се обраќа на постарите членови на црквата
    -Дела 7:2: А тој рече: 'Луѓе, браќа и отци, чујте! - Стефан пред да го каменуваат вака се обратил на народот.
    Така што јас сум во заблуда, нема ништо лошо зад тоа Оче или дека го величиме свештеникот над Бог.

    Друго исто и за бакнување рака сум грешка, не е ништо со попот поврзано или обожавање на попот туку почит кон светата тајна, свештеникот ја врши литургијата и дава причест со тие раце и се бакнува од почит, а за време на благослов преку раката на попот го бакнуваме Бог.

    Искрено жал ми е сега што порано немам истражено за ова што е и зошто е така..
     
    На Elenpelen, IRBBB, Stressed Out и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    150
    Дали некој од вас бил на молитва кај отец Михаил?
     
  3. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    15.008
    Пол:
    Женски
    Ама Оче и Отец е исто затоа ве прашувам
    Оче наш кој си на Небесата....
    Велите со Оче се обраќате а Отец не ви е ок,затоа барам мислење како е правилно.
    Јас му се обраќам со Отец.
     
  4. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    5.395
    Пол:
    Машки
    Ист збор е.
    Оче е вокатив кога се обраќаш на некој, отец именка.
    Во Оче наш директно се обраќаш и е вокатив што потекнува од именката Отец.
    Исто како син е именката се обраќаш како сине (вокатив).
     
    На Elenpelen и Stressed Out им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    11.232
    Пол:
    Машки
    По име :) Ако се вика Бојан. Ќе му се обраќаш со Бојан. Или „брате Бојан“.

    Еве ќе го цитирам директно Исус Христос што вели на оваа тема:

    „Тогаш Исус му говореше на народот и на учениците Свои, велејќи:
    „На Мојсеевиот стол седнаа книжниците и фарисеите. Затоа, сѐ што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, зашто тие говорат, но не извршуваат; врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги ставаат врз плеќите на луѓето, а сами не сакаат ниту со прст да ги помрднат.
    И сите свои дела ги прават за да ги видат луѓето; ги прошируваат своите записи и ги продолжуваат ресите на својата облека; сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите, и поздрави по улиците, и да ги викаат луѓето ‚Рави, Рави!‘ (Учителе, Учителе). А вие немојте да се нарекувате ‚Рави‘ (Учителе), зашто еден е вашиот Учител – Христос, а вие сте сите браќа. И никого на земјата не викајте го свој Отец, зашто еден е вашиот Отец – Оној, Кој е на небесата; и учители немојте да се нарекувате, зашто еден е вашиот Учител – Христос.
    И најголемиот меѓу вас да ви биде слуга; зашто, кој се воздигнува, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат.“
    - Исус Христос, евангелие по Матеј 23 поглавје, Светото Писмо

    Тука гледаме како Исус ги критикувал религиозните водачи (книжниците и фарисеите) кои, како и сега, така и тогаш, сакале да се китат со некакви почесни титули кои им давале повисок статус меѓу луѓето. Тогаш такви најчесто користени титули биле „Аба (отец) и Рави (Учителе)“, денес тоа се „отец, оче, неговото височество, господин господин, и слични титули. Епа Исус им вели на Своите следбеници меѓу нас да не биде така. Исус вели дека сите ние сме браќа - што е релација на хоризонтално поврзување, тоа значи дека сите сме со ист статус пред нашиот Татко Небесен. Е сега тоа што тогаш значело „браќа“, денес значи браќа и сестри, бидејќи тогашниот стил на пишување бил со обраќање во машки род.
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.844
    Допаѓања:
    11.366
    Пол:
    Женски
    Со "другар" обраќајте се, по комунистички. :rofl:
     
    На EvAngelos и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    2.951
    Пол:
    Женски
    Да не бидеме груби ( иако има и его ). Тешко е кога не си пораснал во тој дух. Многумина не знаат, се срамат....
     
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    11.232
    Пол:
    Машки
    Токму поради ГОРДОСТА Исус ни забрани на нас христијаните да си ставаме такви титули и да се нарекуваме со тие титули. Но ете, луѓето во некои цркви, како и за многу други работи, така и за оваа директно му се спротиставуваат на Христос и се возгордејуваат себе си со великодостојнички тутули: Неговото преосвештенство, архиерископот и поглавар на МПЦ господин господин... додека му го кажеш името, ќе се стемни. Замисли, дури ни на Господ Исус не му се обраќале со толку титули како денешниве поглавари :D

    Ако некој презвитер се навреди затоа што не спомнеш „отец“ пред името, тогаш проблемот е во него, а не во тебе. Тоа значи дека на него таа титула и таа чест му е толку важна, што дури се навредува ако не го ословиш со таа титула. А тоа е токму тоа против кое што Христос зборуваше и критикуваше во евангелие по Матеј 29-то поглавје.
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.012
    Размислувањето ти е ок, само нема баш врска со моменталните пракси во православието во мк или со христијанството општо. Добро, протестантите немаат Отец, имаат пастор.До крајот на серијава сите ќе не конвертира Евангелос.
    Прочитај ги Лимонко првите постови на темава, се си е убаво објаснето.
     
    На eliesaab, IRBBB, ani23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    15.008
    Пол:
    Женски
    Да и убаво е да знае дека Отците не се Отци само заради факултетот но добро :)
    Има теолози што не се Отци.
     
    На ani23 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.702
    Пол:
    Женски
    Јас кажувам за православието и те молам не ми мешај работи,ти си друга вера.Да точно има католицизам и православие обраќане како што треба ,и духовен отец е темата.Во православие постојат чинови и титули.Тоа е обраќање не е ставање пред ИСУС.Те молам МАНТРАЈ си во друга тема ,ние тука бараме како да најдеме духовен отец за тие што сакаат,или им треба и не ни кажувај како не треба да се обраќаме правилно, и однесуваме во ПРАВОСЛАВЕН ХРАМ.Таму припаѓаме сите ови членови што прашале.
     
    На MeowMeow, eliesaab, Stressed Out и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.167
    Допаѓања:
    7.567
    Vo Kapistec?
     
  13. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    150
    Да,ама сега е во црквата Богородица во центар
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.702
    Пол:
    Женски
    На моја пријателка духовен отец и е отец АЛЕКСАНДАР,од црквата Свети ЈОВАН,кај паркот авионче,спроти ХИЛТОН ХОТЕЛ.Одам на литургии кога е на служба или е во црквата СВЕТИ ИЛИЈА во Аеродром.Млад човек ,природен ,отворен, достапен , слободен за рзговор за верата после литургија му се обраќаат сите ние што одиме во црква.Моја препорака ако некој бара духовен отец.Секоја среда поладне во 17 или 18 часот во СВЕТИ ИЛИЈА -Аеродром има предавања за христијанството и верата ,со различна тема ,исто и во СОБРНИОТ ХРАМ,во Центар Црква „Св. Климент Охридски“ - Скопје.