1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Духовна ризница - полезно и потребно

Дискусија во 'Религија' започната од LegallyBlonde13, 6 септември 2017.

  1. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    За значењето на празникот Сретение Христово

    [​IMG]

    За значењето на празникот Сретение Христово

    ✤✣✤

    Историјат на празникот Сретение Христово

    Според Мојсеевиот закон било предвидено секоја жена што ќе роди машко дете да се смета за нечиста седум дена, а уште триесет и три дена таа воопшто не смеела да дојде во допир со ништо свето, ниту, пак, да го посети храмот. Пресвета Богородица, која немала потреба од очистување, бидејќи преку девственото зачнување и раѓање ја осветила својата утроба, заради искупувањето според законот, после навршувањето на четириесетте дена го посетила храмот и Го принесла својот Син пред Господа. Во тоа време, како што сведочи Евангелистот Лука, во Ерусалим живеел праведниот старец Симеон, кому му било ветено дека нема да ја види смртта сè додека во своите раце не Го прими Спасителот на светот. Воден од Светиот Дух тој влегол во храмот, токму во мигот кога Пресвета Богородица Го донела Младенецот Христос за да Го принесе пред Господа. Тогаш св. Симеон ја изрекол познатата фраза „Сега го отпушташ својот раб со мир Владико... “ и пророштво дека нејзиниот Син ќе биде „за паѓање и подигање на мнозина во Израилот и знак против Кого ќе се говори. А и на тебе самата меч ќе ти ја прободе душата, за да се откријат мислите на многу срца“ (Лука, 2, 34 - 35).

    Празникот Сретение Христово влегува во бројот на 12 – те Големи празници, но не Господови, туку Богородични празници. На тоа укажува и неговото обележје дека ако се падне во недела, тогаш воскресната служба не се заменува со службата на празникот, што е карактеристично за Господовите празници, туку се пее заедно со неа. Овој празник има еден ден претпразненство и седум дена попразненство.

    Празникот Сретение започнал да се слави во Ерусалим и тоа кон крајот на IV век, како „четириесеттиот ден после Богојавление“. Преданието вели дека се славел со огромна свеченост и „со најголема радост како за Пасха“. Значи во почетокот тој имал локално обележје, но подоцна, како што сведочат изворите, постепено се пренесувал по целата Црква. Според хронографот Теофан, овој празник бил прифатен во Цариград за време на Јустинијан, а во спомен на чудото кое таму се случило. Имено, болестите во Цариград и силниот земјотрес во Антиохија, направиле огромна штета. Но премилостивиот Бог му открил на еден праведен човек дека неволјите ќе престанат ако овој празник започне да се слави на тие простори. Така и се случило.

    Најмногу проповеди на овој празник потекнуваат од Палестина. Есихиј презвитер ја напишал првата проповед и таа до денес е сочувана. Потоа проповеди напишале и Ерусалимските Патријарси Тимотеј и Софрониј, св. Кирил Александриски, Теодот еп. Анкирски, св. Амфилохиј Икониски, св. Методиј Патарски, св. Јован Златоуст, св. Кирил Ерусалимски, св. Григориј Чудотворец и св. Георгиј Никомидиски. Црковните песни и химни ги пишувале Патријарх Герман, монах Јован, Анатолиј, Андреј Пир, св. Андреј Критски и монах Косма.

    Литургиското значење на празникот Сретение Христово

    Празникот Сретение Христово не е едноставно празник кој се однесува само на Богочовекот Христос и објавува само еден настан од Божјиот Домострој за спасението на човекот, туку е и празник на човекот кој живее со Христа. Меѓу најзначајните личности, кои овој празник покрај Христос и Богородица ни ги претставува, се и старецот Симеон и пророчицата Ана. Самиот настан пренесува една силна порака, прави една нераскинлива врска меѓу овие личности, толку важни за нашето разбирање на празникот. Пред нас го имаме светиот Симеон, наречен праведен и исполнет со Дух Свети кој ја очекувал „утехата Израилева“, кој се удостоил да дојде во храмот за да Го пресретне Христа, да Го земе во своите раце, а бидејќи исполнет со сила одозгора, и да Го препознае како Богочовек преку дејството на Светиот Дух. И ние не правиме просто само спомен на неговата личност, туку покрај тоа, вдлабочувајќи се во зборовите кои евангелистот Лука ги напишал за неговиот карактер, се трудиме да извлечеме и една, пред сѐ, егзистенцијална порака.

    Никој не може да Го сретне Бога ако нема духовни сили, ако не е воден од Светиот Дух, ако Он не му ги открие наднебесните таинства. Светиот Дух Кој сѐ движи, буди и раздвижува, го поткрепува секој наш чекор во стремежот да се соединиме со Него. Но за да се соединиме со Христа потребно е да извршиме соодветен егзистенцијален чекор – преобразба на нашиот внатрешен живот. Нашето спасение зависи од нашиот однос со Христа, од тоа како ние се подготвуваме за средба со Христа. А средбата со Него не е сетилна, туку вистинска морална и духовна преобразба на човечката личност. Не случајно Црквата востановила на Вечерната богослужба да се пее онаа величествена фраза што ја изрекол старецот Симеон во мигот кога во своите раце Го држел Богочовекот Христос: „Сега го отпушташ својот раб со мир Владико, според зборовите Твои...“. Оваа фраза сите нас нѐ повикува да стекнеме мир со Бога и ближните, мир во помислите, да го стекнеме мирот кој го израмнува патот до средбата со Богочовекот Христос, мирот кој ја доживува својата полнота во мигот на таа средба. А таа средба се извршува за време на Божествената Литургија, кога нашата природа се причестува со Христовата Богочовечка природа.

    Боговдахновеното пророштво на праведниот старец Симеон, дека меч ќе ја прободе душата на Богородица и дека ќе се откријат мислите на многу срца, во целост се исполнило под Крстот на нејзиниот Син. Страдањата на Спасителот, преку различното расположение на апостолите ги откриваат и сите наши внатрешни расположенија. Петар, претходно ревносен, сега се одрекува од Него, учениците Го напуштаат, Јован останува и плаче под Крстот, Јуда се предава на сатаната. И целиот живот на Црквата го повторува ова пророштво: едни се спасуваат останувајќи во нејзините прегратки, други ја одрекуваат нејзината спасителна димензија.
    Празнувајќи го настанот на Сретението Христово и внесувајќи ја неговата символика во нашите животи, се наоѓаме и пред уште една таинствена цел: да сѐ подготвиме за средба со Воскреснатиот Христос. На Воскресението му претходи Великиот Пост, кој секогаш календарски стои во близина со Сретението. А постот е време кога сите ние имаме прилика да направиме макар и најмала преобразба на нашиот внатрешен човек, кој заробен од гревот се буни против законот Христов. Пред нас се наоѓа една прекрасна патека, чијшто крај води до празниот гроб Христов. И доколку се потрудиме да принесеме и најмал труд во духовниот раст и напредок во добродетелите, ќе станеме сместувалиште на Светиот Дух, со Чијашто благодатна поткрепа, како духовни атлети, а по молитвите на Пресвета Богородица ќе стигнеме до крајот на таа патека. А таму, нѐ очекува секогаш радосната вест дека „Он не е овде, но воскресна“.

    Извор: Бигорски манастир
     
    На Presque vu, Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.054
    Допаѓања:
    76.055
    Пол:
    Женски
    За мартинките

    Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена ‘мартинка’ (нешто како нараквица направена од црвен и бел конец) за здравје и среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни.

    Не може истовремено да веруваме и во Бог и во ‘мартинка’. Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот. А на два господари не можеме да им служиме, или ќе Му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи. И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бога.

    Носењето на ‘мартинка’ е суеверен и магиски, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сè до доаѓањето на пролетта и ластовичките (или штрковите) и сè додека да расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат. Вадењето на ‘мартинката’, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв.

    Таквото верување нема никава врска со православната вера, туку е обично суеверие. Ние христијаните си носиме на рака или во рака бројаничка, украсена со крстче, која ни служи за молитва.

    Христијанската среќа и здравје не доаѓаат на некој автоматски, безличен и лесен магиски начин со некакво просто чинење или нечинење на нешто – без личен подвиг и саможртва (како што ѓаволот ги подучил Ева и Адам во рајот: само ако вкусите од плодот на познанието на доброто и злото ќе бидете како богови – види 1. Мој. 3, 4-5), туку единствено со слободен подвиг во градење на личен однос со Бог, преку очистување на срцето од страстите, преку љубовно исполнување на Божјите заповеди и преку смирено учество во Светите Тајни на Црквата; на кој, подвиг, Бог лично, слободно и љубовно одговара во одредено спасително време за секој од нас.

    Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, фобично и душегубно суеверие.
     
    На Таа Сум, Presque vu, Anon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    10 века дечињата од Македонија и Бугарија се радувале на мартинките. 10 века црковните отци не сметале дека носењето на мартинките е откажување од Бога. На свети Климента и на свети Наума не им сметало тоа. Не им сметало ни на светите охридски архиепископи Теофилакт, Димитриј Хоматијан, Григориј, Јован, Константин Кавасила, Јоасаф итн, му смета на дедото Наум...
    Светиот Димитриј Хоматијан архиепископ Охридски ги одлачил (им забранил 3 години да се причестуваат) тие што се маскираат, ама за тоа дедото Наум ништо не кажува, оти ете и премиерот и градоначалникот на неговиот престолен град се маскираат. А што е пострашно, и секое детенце знае, дали да носиш мартинка или да се маскираш во ѓавол, караконџул, вампир итн?
    Патем со мартинка нашите мајки, баби и прабаби ги плетат и врзуваат венците за храмовните слави. Ама да беше некој грчки обичај мартинката, дури и дедото Наум ќе ја носеше. Вака македонски обичај па не чини.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Што е 8 март и зошто го одбележуваат само поранешните комунистички земји


    8 март кој некаде се одбележува како “ден на жената” звучи убаво на површината но има многу ужасна позадина. Тоа е ден кога со крвопролевање и братоубиство, болшевиците во Петроград ја започнале револуцијата и граѓанската војна во 1917 година.

    Февруарската револуција започнала на 8 март и траела до 12 март (23. И 27 февруари според јулијанскиот календар) и неговата непосредна последица е абдицирањето на царот Николај II, колапсот на Руската империја и крајот на династијата Романови.

    За време на протестите кои ги организирале комунистичките терористи на чело со Ленин, пристигнале во блиндирани германски вагони среде борбите во Првата Светска Војна. Возот го следеле двајца германски офицери и нејколку војници. Тргнале од Швајцарија и стигнале на Финската станица во Петроград за помалку од два дена и ја започнале февруарската револуција на 8 март според новиот календар, кој според стариот календар е февруари и затоа револуцијата е именувана февруарска.

    Австрискиот романописец и биограф Стефан Цвајг напишал: “Милиони убиствени топови се испукани во светската војна… Но, ниту еден куршум не бил далекусежен и не делувал толку одлучно на судбината на поновата историја како тој воз кој е наполнет со најодлучните револуционери на векот, во тој час тргнат од швајцарската граница преку цела Германија за да стигне во Петроград и потоа да го растури поредокот на времето.” Царот Николај бил принуден да абдицира на 15 март.

    Ленин подоцна го востановил тој ден и црвената роза како симбол на пролеаната крв…поради жените болшевици кои демонстрирале под паролата “леб и мир”, барајки од рускиот Цар Николај да ја повлече Русија од војната.

    Во 70-тите години од минатиот век, комунистичките земји во ОН протуркале да им се “признае” овој празник, меѓутоа западните земји не само што не го обележуваат, туку и обичниот народ во сите нормални општества дури и не знае за постоењето на тој “празник”.

    Наместо славење и честитки на овој крвав ден и злостор, треба да се сетиме на маченичката смрт на рускиот цар Николај, на неговата сопруга Александра, на нивните мали и невини деца и на околу 20 милиони руси, кои пострадале од рацете на оние што го вовеле 8 март како крвав црвен празник.

    Александар Солжењицин во своето големо дело “Архипелаг ГУЛАГ” ја покажал вистинската смисла на овие слични “празници” на злосторството, а подоцна рекол дека славењето и обележувањето на овој и на сличните комунистички “празници” е соучество во злоделото и негово подражавање.

    [​IMG]

    Еден голем српски монах рекол дека секое обележување на 8 март како измислен празник на злосторниците е негирање на христијанската љубов и отфрлање на вистината и на сите принципи на православната вера. Нашата црква ги утврдила благословените празници на мајката, таткото и децата, но тоа, секако, не е ставено на ниво на државни празници.

    Сите ние што не сме знаеле ништо за сето тоа, не треба да се чувствуваме криви. Сега знаеме па ќе постапуваме поинаку.

    Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.
     
    На Presque vu му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО И КОГО СЛАВИТЕ НА 1-ВИ МАЈ?

    Првомајското празнување е народен обичај подметнат од страна на комунистите, кој се состои во тоа што на 1-ви мај да се помине во природа или ноќта во пресрет на први мај да се помине во природа покрај логорски оган, каде се подготвува некое јадење во котле или на скара. За несреќа, помеѓу нас овој празник е многу распространет.

    Први мај исто така е празник кој се прославува ширум светот. Во многу земји први мај се поистоветува со празникот на трудот, кој произлегол од комунистичката традиција на работничкото движење. На Првиот конгрес на комунистичката 2 Интернационала одржан во 1889г., било одлучено дека : “Први мај е заеднички празник на сите земји на кои работничката класа треба да го манифестира единството на своите барања и да ја изрази својата класна солидарност”. Во богоборечкиот Советски Сојуз одлучено е православните празници од народот да се истиснат со комунистички анти–празници. Главен идеолог на таа идеја бил болшевикот Јемељан Јарославски (првото име му било Минеј Израиљевич Гумељан).

    Според него 1-ви мај би требало да биде замена за најголемиот христијански празник Воскресение Христово. Први мај не е само социјалистичко – комунистичко – анархистички и антимонархистички празник, туку и празник на Новиот Светски Поредок кој во својот корен е окултен па дури и сатанистички. Пред официјалната приказна која се учи во училиштата дека првомајскиот празник на трудот е посветен на сеќавањето на демострациите на Чикашките работници (на 1-ви мај 1886 г.) кои биле предводени од комунистичкиот пролетеријат, револуционери и антихристи, општо познато е дека на истиот тој фамозен датум 1776 година бившиот германски језуит Adam Weishaupt го основал тајното друштво на Илуминатите чија задача била и останала да го воспостават Новиот Светски Поредок кој подразбирал укинување на сите Монархии и Религии. Меѓутоа, заднината на славењето на први мај има корени и во древните пагански празници на природата чие почитување го преживеало и до денешен ден. Во Европа одамна на тој ден се слави Валпургијската ноќ. Според преданието (Гете го опишал во првиот дел на “Фауст”), во таа ноќ сите нечисти сили од целиот свет се собираат во Германија, на гората Брокен. Демоните пристигаат на своевидна смотра, за во строев чекор да се поклонат на сатаната. Валпургијската ноќ секогаш “се паѓа” на 1-ви мај, односно во ноќта помеѓу 30-ти април и 1-ви мај. Покрај тоа, од дамнешни времиња на тој ден се славел и паганскиот празник Белтане во чест на природата и на плодноста.

    Во таа прилика се палат огнови се играат игри и се танцува во чест на природата околу столбот на кој се врзани ленти во боја кои симболизираат фалус. Во тие ритуални игри се спомнуваат древните демонски божества Ваал, Зелениот човек, Пан, Зелениот Јурај итн. Таа ноќ се правеле и оргии.

    Затоа православни, први мај треба да ни биде како и секој обичен ден посветен на семејството и на тековните работи и обврски – а никако за ден на одмор и излети во природа. Само на таков начин нема да учествуваме во овој безбожен анти–празник и само на таков начин ќе ја покажеме нашата лојалност кон единствените вистински вредности на верата и татковината.

    Како настанал обичајот за празнување на “1-ви мај – празникот на трудот”?

    Колку и да биде замаскирано и обвиткано некое неправославно случување во овоземниот слаткаст “хуманистички”, или во било која друга обвивка, во неговата суштина е само едно – вековна борба на злото против доброто, борба за човечки души помеѓу ѓаволското адско накотување и Небесните Сили.

    Со Божја волја Православната Црква ги устроила прославувањата на Светителите и празнувањето на празниците во текот на годината кои се ускладени со потребите на човечките души за спасение во Царството Небесно, меѓутоа, слугите на адот и на ѓаволот се трудат со помош на своите поданици на луѓето, на целиот свет, а особено на Православните народи да им наметнат некои неправославни “празници” и церемонии за време на самото празнување. Таков празник е и “1-ви мај – празникот на трудот”! Четвртата Божја заповед вели: “Спомни си за денот на одморот за да го празнуваш; шест дена работи и заврши ги сите свои работи, а седмиот ден е ден за одмор во Господа твојот Бог”. Од оваа заповед произлегува дека во текот на годната имаме 52 недели за кои Самиот Господ Бог ни заповедал да не работиме, да одмараме, и тој ден да го посветиме на Господ Бог! Зарем тоа не значи дека Господ Бог на крајот на секоја седмица ни утврдил празник – одмор од работата? Зошто тогаш ни е потребен уште некој си таму “празник на трудот”? И кој и зошто го утврдил тој “празник на трудот” да биде токму на 1-ви мај?

    Адам Вајсхаупт е роден на 1-ви мај 1748 година во еврејско семејство кое во почетокот на XVII век е покрстено од страна на римокатолиците во германскиот град Инголштат. Бил римокатолички “свештеник” и језуит кој одлучил по секоја цена да стане познат па го признал Луцифер за свој господар и почнал да се занимава со вештерство и сатанизам. Бил запрепастен кога дознал дека денот на неговото раѓање е поврзан за древното паганско верување и обичај празникот Белтан во чест на природата и плодноста, кој паганите го празнувале на 30-ти април, и сатанистичкиот празник Валпургијска ноќ, која се слави во ноќта помеѓу 30ти април и 1 ви мај. Тогаш решил на својот 28- ми роденден на 1-ви мај 1776 година да формира тајно сатанистичко братство Илуминати (просветлени) или Перфекционисти. Целта на тоа братство била и останала со една светска револуција да го урне досегашниот начин на живот, поредок и морални норми, и да предизвика создавање на Нов светски поредок!

    Колку Илуминатите успеале во своите цели, доволно е да се погледне симболот на американската империја – американскиот долар. Полн е со јудео – масонски симболи како што се недовршената пирамида со окото што гледа се’, а на дното на пирамидата со римски бројки е напишана годината 1776. На лентата под пирамидата на латински јазик пишува “NOVUS ORDO SECLORUM” што во преводна смисла значи “нов светски поредок”. Така Адам Вајсхаупт со Илуминатите одлучил на целиот свет да му го наметне организираниот “дочек на 1 – ви мај” и празнувањето на сатанистичкиот празник “Валпургијски ноќи”, со чие празнување целиот свет би се поклонил на Луцифер! Им недостигала само маска со која би го сокриле вистинското значење на тој “празник”, та така да го наметнат под некоја прифатлива маска на целото човештво! Илуминатите, користејки го своето големо влијание во Америка ги поттикнале и ги организирале демонстрациите на работниците во Чикаго и судирот на работниците со полицијата. Сето тоа го темпирале за 1-ви мај 1886 година! Користејки го влијанието на Карл Маркс, кој бил член на тајното друштво “Лига на праведниците” (еден од ограноците на Илуминатите), кое тој го имал врз работничкото движење, Илуминатите успеале да наметнат 1-ви мај да се празнува како “празник на сите работници”. Во 1889 година во Париз е одржан Првиот конгрес на Втората комунистичка интернационала. На тој конгрес не биле присутни само комунисти, туку и масони, разни спиритисти и други сомнителни личности од Европа и светот. Окултизмот и спиритизмот биле длабоко вкоренети во комунизмот. Бидејки сите конци ги влечеле Илуминатите и другите масони, на конгресот во Париз решиле да утврдат секоја година да се празнува пролетниот празник на трудот, и да биде (за широките народни маси) во спомен на Чикашките работници паднати во пресметката со полицијата.

    За ден на празнување биле одредени 1 и 2 мај! Значи, Илуминатите, масонски ред кој е во служба на Луцифер, и кои се формирани на 1-ви мај 1776 година, одредиле дека целиот свет треба да го слави 1-ви мај под маската на“хуманизмот и заштита на правата на работниците”! Мошне брзо сите влади во светот (а во сите влади главниот збор го имаат масоните) го прифатиле овој “празник” и го вовеле во своите држави празнувањето “1-ви мај – празник на трудот”. Со тоа Илуминатите успеале во својата намера сите народи во светот да му се поклонат на Луцифер празнувајки го “1-ви мај” а мислејки дека го празнуваат со цел обележување на борбата на чикашките работници за своите работнички права.

    Преземено од bskm.rs
     
    На Presque vu му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    @LegallyBlonde13 8 март е Ден на женските права и меѓународниот мир на Обединетите нации. Цел свет го празнува, со протести, собири, маркови.
    Обележје на меѓународниот ден на жената е виолетовата и белата боја.
    [​IMG]
    Први мај е ден на работничките права. Исто така се одбележува низ цел свет со маршеви, протести, поворки, семинари. Не е ден за одмор, туку ден за борба, одбележување на аферата во Хејмарт, каде што биле бомбардирани работниците кои протестирале за 8 часовен работен ден.
    Мартинки сите сме носеле како мали. Читав и еден добар став на МПЦ во однос на мартинките пред некој ден. Не е битно дали носиш мартинка или не, битно е односот кој го имаш спрема мартинката. Ако ја носиш без никакво суеверие, не правиш никакви "ѓаволски работи". Ист грев е да носиш бројаница и да се надеваше дека самиот чин на носење ќе ти донесе среќа, или да носиш мартинка и да си врзуваш суеверие со неа.
    Ќе се обратам тука и на вежбањето јога. Самите техники и движења кои се изведуваат при вежбањето јога се единствен начин на физикална рехабилитација и зацврстување на телото на некои луѓе. Сосема едно е да вежбаш јога за да подобриш флексибилност, положба или поддршка на одреден дел на телото, а друго е да вежбаш јога со верување дека ќе ти донесе духовен мир и ќе ти помогне подобро да се соочиш со денот пред тебе. Да не биле јога вежбите - некои луѓе би биле неподвижни.
    Со такви претерувања и секојдневни измислувања на нови забрани стварате одбивност кон верниците. Зарем сакате да создадете роботи-верници кои ќе немо ќе слушаат секоја нова забрана што ќе му падне некому на памет?
     
    На Nausicaa, Bender Rodriguez, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    @DAngel и јас сум знаела така дека 8ми март е денот на жената, меѓутоа тоа е маска која има своја ужасна позадина.
     
    На Presque vu му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    И, што менува тоа? Дали со било кое одбележување на тој ден означуваме и дека на полна месечина се соблекуваме голи, танцуваме во круг околу оган, правиме магии и имаме секс со ѓеволот? Ридикулозни сте.
    Наместо да се борите што и после толку многу борби жените се "послабиот" пол, вие се борите да ги потиснете уште повеќе, да бидат мирни, послушни и потчинети.
     
    На Nausicaa, Bender Rodriguez, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Нормално дека жената е еднаква со мажот. Но исто така треба да биде мирна и послушна. А што? Демек вие што го славите 8ми март имате очекувања дека жената треба да биде над мажот и треба да биде дрска и хулиган за да си ги достигне своите очекувања? Се знае каде е местото на мажот, а исто така и на жената. Пред Бога и мажот и жената се исти. Нема потреба од покажување и бележење на празници за жени, мажи и сл. И жената секогаш ќе е послабиот пол без разлика дали ви се допаѓало тоа или не е, па макар и да има и 50 празници за неа. Треба да ни е чест што сме понежен пол. Меѓутоа не секој така го доживува тоа.
     
    На Presque vu му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Со среќа :)
    Некои од нас имаат амбиции и поголеми цели во животот :)
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Па дали кога не би го обележувале овој празник некој би ги спречил вашите амбиции и цели?
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Многу контрадикторност некако...еднакви се, ама не се, исти се...ама не се :^)
     
    На Nausicaa, Bender Rodriguez, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Последен пат кога проверив, баш околу празникот се активираа линии за поддршка на жени жртви на семејно насилство, се организираа настани за подигање на свеста, се даде признание на успешни жени претприемачи. И јас би сакала да живеам во свет кај што секој ден ќе се работи на подобрување на положбата на жените во општеството, ама реалноста е различна. Еве на пример, ти самата си кажа дека според тебе жената секогаш ќе биде послаба од мажот. Јас би сакала да живеам во општество кое секој ден во годината мисли дека твоето мислење е апсолутно погрешно.
    Јас не сакам и овој еден ден да бидам посебна, чувана, негувана. Не ми треба признание. Сакам кога отидам на интервју за работа да добијам исти услови, ист третман и иста плата како и мојот колега од спротивниот пол.
    Апсолутно не ми треба признание. Ми треба само да не бидам гледана како послаба, полоша и поглупа само затоа што не сум родена како машко.
     
    На Nausicaa и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Дали пред историскиот Осми Март жените беа еднакви со мажите?
    Дали пред Први Мај работниците имаа човечко достоинство?
    Ве молам не мешајте го најсветото Христијанство со капиталистичко-експлоататорски и женомразачки пропаганди! Христовата наука ги проповеда и придобивките од Први Мај и Осми Март, зашто во Христа нема повеќе ни слободен, ни роб (а робовите во Христово време имаа повеќе права од работниците пред Први Мај), ни машки, ни женски пол.
    И да не забораваме, за празникот Прво и Второ наоѓање на главата на свети Јован Крстител кој се празнува утре, пак најголема улога има една жена. Не Иродијада и не Саломија, туку светата и честита мироносица Иоанна (Јоана), жената на Иродовиот дворјанин Хуза. Таа чесно ја погреба главата на свети Јован, таа беше поголем маж и од 10. апостоли (дванаесетте без Јуда кој го предаде Христа и без младиот Јован кој заедно со Пресветата и светата Јоана стоеше под распетието Христово). Е на такви жени треба да се угледува сиот женски род.
     
    На agios, blonde_supergirl, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  15. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Не кажав понежен пол во смисла на правата на жените. Искрено и имаме исти права како и спротивниот пол. Што е тоа што не можеш да го работиш ти, а го работи некој од спротивен пол? Апсолутно се можеш да работиш.

    Понежен пол напишав во однос на издржливоста на мажот, емотивноста и сл.
     
    На Presque vu му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Православен ли си?
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Зошто би бил некој маж поиздржлив и постабилен емотивно од мене? Што ме прави послаба од него?
    И не, очигледно не си стапнала во реалниот свет.
    Жените во просек имаат помали плати од мажите. Постојат огласи во кои гласно е нагласено дека предност имаат припадниците на одреден пол. Очигледно никогаш не ти рекле дека не можеш да завршиш некоја работа затоа што си женско.
    Родовата дискриминација не е искоренета, не знам во кој свет живееш ти...
     
    На Nausicaa и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  18. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Затоа што таква е природата на мажот и таква е природата на жената. Не можеш да бидеш физички посилна.
     
    На Presque vu му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    И пак има жени што се физички посилни од многу мажи.
    Туку, кажи за интелектуално и емоционално... Колку што знам, поголемиот број на инженери, научници, политичари, раководители, истражувачи се мажи. Дали мажите се и попаметни од жените, па затоа е тоа така?
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Во канонско и литургиско единство со својот надлежен епископ.
    Со учење во согласност со Светото Писмо, 7. Вселенски Собори (+2. Вселенски собори во времето на свети Фотиј Велики и свети Григориј Палама) и 10. помесни собори и целото Светото Предание.