Ептен ми е досадна евровизијата ништо досега не ме воудушеви .Каде е оној филинг кога со душа чекав да има евровизија и за ништо на светот не ја пропушкав
Тој филинг последно го осетив во 2001 мислам беше Каролина со преубавиот балски фустан кога го соблече кога настапуваше и се појави друг под тој. Последниве евровизии нема такви штосови нема ништо интересно.
незнам колку сте запознаени девојки али веќе се знае победникот според најголемата обложувалница ќе победи Франција оваа година една така наречена оперска песна а за влатче предвидувања според истата обложувалница дека нема за нас финале и годинава
Тоа беше 2002..мене ме држеше и до покасно 2004 на пример во Турција беа многу квалитетни песни, Тоше, Жељко, Сакис...такви песни уште еднаш..јок. А да не забораам да ви спомнам дека и овие Азербејџановци се фаворити по кладилници и 100% влагаат во финале едит: Еве ми го Гркот најубав!!
аааааааааахахаххахахахах дали ги видовте грцивееее од такт ме вадатт заникадееееее али си политикава и тоа како идат у финале
Не знам дали ќе ми биде на место коментаров, ама - кој е Грков бе?! (подголтнувам) Едит. Штефан Раб! Ихааа сега го приметив! Човеков е цар, кој му ја гледал емисијата TV Total, знае за што зборувам. Одлепен
лелее не ми се верува дека ова што го слушам во моментот се грците кои досега имале секогаш убави настапи значи не ми се верува дека песната им е толку заникаде
Најубав е ))) излезен е од едно талент шоу..песнава не ми се свиѓа нешто многу имале и многу бољи. Али он е...уффффф..бомбона. лукас Јоркас
Ги гледав комшииве само Србија, Хрватска, Албанија ме изненади позитивно. Иначе од досадно подосадно. Ах да и колку чини да се изнајми магионичарот на Хрватицата? Цела веќер ќе ми менува фустани. СОН!
Да не притиснев Нови мислење не ќе знаев дека денес е Евровизијата. Туку што бидна Влатко реши да оди или од дома ќе гледа? Секако ќе е истиот изход
Тоа, тоа де! Дај да шириме љубов Ма не, добро материјалче, за сликање Како и да е Евровизија не може да ме разочара, песниве на нивоУ - од лошо полошо, да беше поинаку ќе се чудев
пффф грците за никаде? од секогаш имале едни од најубавите песни...оваа не им е лоша, ама тој раперот не им ни требал! политика или не, на евровизија се доста добри инаку дечкото хм, LOUKAS YORGOS или шта год лепотанче
ајде заедно да го откупиме магионичарот првиот пат кога ја покри и го смени помислив хм којзнае што изведе но на крајта кога и го смени јас останав со отворена уста
Значи е вака коа завршија мене фаворити ми се Унгарија, Албанија и Финска. Ќе влезат и Азербејџан и Гркот (ако не ради песната ради тоа што е первезно убав), Полска, Грузија, Турција, Србија и за последното место не сум сигурна. Вашите прогнози?