Евровизија 2012

Дискусија во 'Музика' започната од Vikica.cuci, 1 март 2012.

  1. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што влеговме во финале! :) :party:
    Мислам дека сценскиот настап можеле подобро да го испланираат ама се на се ок е.
    Заслужуваме да се најдеме барем во првите 10 :wasntme: :)
     
  2. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    http://www.youtube.com/watch?v=9_JoS-TGt-g

    Еве ви ги финалистите и прогласувањето за тие што прашувавте кои влегоа.

    Леле колку се нервирам што не читаат FYROM сите одма ги кажува нас не може да не дочита, пола саат. Србија, Босна што убаво ние десет страници во ворд документ име .. Теее |(
     
    На sugar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    потпис на ова.
    не затоа што е наша, ама навистина е меѓу првите 10 песни.
    Зошто оваа година некако слабо имаше добри песни.Нашава е врв
     
    На Divinebutterfly и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  4. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Калиопи според новинарите на шесто место на Евросонг!
    Социјалните мрежи преплавени токму од оваа фотографија. На неа, резултатите од гласањето од евровизискиот прес-центар.
    [​IMG]
    На листата направена според изборот на новинарите, Калиопи котира на високото шесто место.

    Меѓу сите финалисти кои ќе настапат утре, Калиопи навистина има голема поддршка од евровизиските новинари кои пристигнаа буквално од цела Европа за најголемото музичко случување на годината.
     
    На Buttterfly, Hipster, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^чул ги господ.....ајде дај боже,едвај чекам утре да гледам
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Битно пред Грција :rock: :wasntme:
    Јас длабоко верувам дека можеме да бидеме барем меѓу првите 6 :)
     
  7. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    Вчера настапивме 2 а утре 22, има нешто со двојкиве :D ... :lol:
    Напред Македонија, Напред Калиопи ! До Победа! :party: :party: :l:
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^може второ место :lol:

    п.с. по вчерашната изведба напата песна многу повеќе ми се допаѓа од на Жељко
     
    На Melany.Macedonia му/ѝ се допаѓа ова.
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Што ви е, Грција е катастрофа. Да не покажеше гаќичките и нема да влезеше во финале :wasntme:

    Вокал потпросечен, песната како да ја компонирало дете од забавиште.. Многу прекрасен текст, манијак, афродизијак.. поубава рима и да сакале не можеле да состават.
    Како некој попален тинејџер да ја компонирал, ама мајке ми такви тралалајки поминуваат.

    Инаку типката преку шоу за таленти изградила кариера.

    http://www.youtube.com/watch?v=tc0eB7jeCfo
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Aбе ајде пак ли Aзајберџан 1во место? пффф |-) |-)
    Hи јас не сакам грција јако да се пласира, зашто тупа тупа им е песнава, забегаа тие у последно време убави песни имаа порано, сега тапа, на нозе газови вагини сакаат да се вадат |(

    Pоманија-Kипар-унгарија-ние за овие 4 јас сум си во сабота :) Jас сакам барем во првите 10 да сме,чисто да славиме на плоштад :D
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.923
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    Убаво е што влеговме во финале, Калиопи достојно нè претстави од тоа што можев денес да го видам, секоја чест за гласот. Ама не би се занесувала дека ќе имаме висок пласман, колку и да имаме поддршка од новинарите и не знам кои таму, оти, реално гледано, на крајот се знае како се делат гласовите. Сепак, Евровизија е еден голем политички циркус, со години наназад тоа е докажано. Дај Боже да ме побијат, да се пласираме меѓу првите десет, ама искрено, не верувам во тоа. Како и да е, нека се порадува народов, заслужил. :)
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Браво за Калиопи. :clap:
    Иако песната од почеток не ми се допадна и сметам дека не е евровизиска,не се соммневав во нејзината изведба.Прекрасна интерпретација. :clap: Едноставно,никого не остави рамнодушен. :)
    За победа не ни помислувам,а и да бидеме реални тоа е политички фестивал,а музички од втор план.

    На обложувалниците првите три се-Шведска,Русија,Србија,а коефициентот за евентуална победа на Калиопи е над 100. :x

    Водителкава Каролинка вчера набројува кој се финалисти од првото полуфинале и кажува - Ирска,Унгарија,Кипар,Романија...и на крај кажува и ЕРТ(мисли на Грција,тоа е нивната национална телевизија). :lol:
     
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ako ja заслушате нашата песна,баш звучи на евровизиска :) Убаво почнува,после се засилува,супер е :)
    Јас мислам дека 2-3 место ќе ги фатиме,а за прво дај Боже :D Шо сакам прво да фатиме еднаш,па овие нашите нека се мислат после,ќе мораат да средат се :) Голема победа би било тоа :)
    Aбе и да остани во тие 10,супер ќе е :D

    А на Жељко песната лигава ич не ми е за на Евровизија.Арен беше еднаш,ама втор пат дури неќам ни да ја слушам |(

    А на Данска исто ми се бендиса,јас дури мислев дека е светски хит,а не од песните на Евровизија :D Незнам дали е за таму,ама дефинитивно ми е убава :)
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ау јас сега заприметив,се загледав само во тие што ме интересираа, хммм не верувам,може од култура луѓето ги пишале домаќините први :lol:
     
  15. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    аиии ако победиме што ќе правиме тогаш со барокот нов во скопјево :D каријатиди и нимфи ќе ги пречекуваат луѓето на автопат..скулптури ќе им удараат во лице :rofl: :rofl:
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.923
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    А бе секогаш е така, нели домаќини се :D
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    па еднаш се сеќавам се деси да победи домаќин во домаќин, домаќцепшн нешо :D :D
    Hего јас не памтам со која песна бевме последен пат у финале, која година? :tmi:
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^2007 со Каролина ако не се лажам беше последен пат кога влеговме во финале
     
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Грција со ист ритам на песните оди веке неколку години со ред, исто па исто |(

    Браво за Калиопи, многу добра изведба :) :clap:
     
  20. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Нема шанси прво место, ама за во првите 7-8 јас искрено се надевам. Доста се вадиме на тоа дека Евровизија е само политика, не велам дека не е ама сепак ете не е се до тоа. Како прво се вадевме дека заради политика не влегувавме во финале, а реално до нас беше затоа што секогаш испраќавме некој тапа песни што не се за Златно славејче не па за евровизија.

    Освен Тоше, кој за тие вокални способности што ги има требаше да има многу позахтевна песна која ќе го истакне, друг не сме пратиле досега што покажал нешто. Ако е се политика зашто Србија со години се врв на Евровизија, да не случајно они се политички моќни во Европа ?
    Ете испративме квалитет и стигнавме до финале и ние, сега целиме кон првите 10 пласирани што јас искрено сум убедена дека би требало.

    Точно е дека секој си гласа за соседот, ама па од друга страна и нам секогаш ни даваат поени балканскиве држави. Србија, Црна гора, Хрватска, Босна, па и Романија, Словенија секогаш ни даваат некој бод. Така сите си прават и тоа е политика и соседство да, ама и ние не сме за жалење во тој поглед. Ете сега Калиопи освојува симпатии и од држави кои абер немаат каде се наоѓаме, а тоа е добро. Мене ми е мило што жената сериозно си ја сфатила работата и се бори, а не како некој да вика ами битно е да се учествува и така се е политика џабе ќе се трудиме.

    Крај краева и Азербеџан да не се некоја моќна држава, па лани победија? Башка веле силите како Англија, Франција, Италија секогаш се меѓу последните така да не се разочарувајте. Можеби тоа цело време ни е изговор затоа што ниту една добра песна не бевме испратиле.

    Калиопи е моќен глас, специфична е и се издвојува од толпата. Има уникатен вокал кој привлекува внимание, за разлика од повеќемината што се сите класика едно исто без емоции и без свој заштитен знак во интерпретацијата. Се надевам дека ќе бидеме добро пласирани, заслужува жената заради напорот кој го вложила. Јас досега не сум забележала некој толку сериозно да си ја сфати задачата од нашите и да се внесе целосно, за да не претстави достоинствено.

    Башка и колку ослабела, значи буквално се што е во нејзина моќ е направено. Догодина да се собереме ние што мрчиме на темите за слабеење и да настапиме групно како тие бабичките од Русија, ќе имаме добар мотив за слабеење барем :D Друг начин нема да се реши овој проблем :lol:
     
    На Lacrimosa, JuLleE, FortuneTeller.xD и 5 други им се допаѓа ова.