Уште ме фаќа нервоза и срам кога ќе ми текне какво беше и студиото, и водителките со стајлингот нивни, и начинот на гласање и се... Кога избираа кој ќе оди на евровизија пред некоја година кога отиде Андреа. Срам! Сакам да учествуваме, ама кога ќе ми текне колку сме изгубени, колку сме за грев, си викам подобро е вака.
Кажаа дека се пренаменети за 80 години Македонско радио и 60 години Македонска телевизија. 80 години Македонско радио е на 28 декември (1944, Второ (вонредно) заседание на АСНОМ), кога Македонското радио се вклучило да го пренесува. 60 години Македонска телевизија е на 14 декември (1964), прв дневник на Македонската телевизија.
Ќе ги рекетира останатите учесници. Плус нема ни трошка талент, ниту е добар емитатор, ниту е музикален. Он е неталентирана, турбофолк, дрег кралица.Ептен ми е trashy некако.
Јас сакам Евровизија ама не знам дали ќе гледам ако како годинава оставаат учесници кои не треба да се таму. Како и да е, би рекла дека најинтересниот дел за нас треба да е изборот. Да се напрај како настан. Вечери на музиката па една недела да шетаат учесници во разни градови под одредена организација да ги слушаме и на крај на недела да гласаме? Онлајн реклами и добра промоција? Настан за откривање млади таленти како идол шо беше шо би траело цела година па топ 5 учесници да добијат песна и да гласаме и за најдобра песна? Има премногу можности како можиме да живниме локална музичка сцена и воедно да учествуваме на нешто поголемо како Евровизија. И уствари не го мислам ова за да одиме на Евровизија ама Евровизија да е нишка шо ќе ни живни локалната сцена.
Јас не би сакала да се вратиме и да учествуваме. Од многу причини. 1. Тешко на артистот што ќе победи. Инстантно "луѓе што не гледаат Евровизија" ќе се накотат и ќе му го загорчат животот на претставникот. Ќе почнат да го вреѓаат, нема да добие никаква поддршка од кај нас, буквално само ќе си пука сам себе во нога. Наместо поддршка ќе добие вознемирување, минатите претставници од кај нас смртни закани имаат добивано. 2. Делегацијата. Откако знам кој све е во делегацијата, стварно не би сакала да си се шетаат и да си пушат цигарчиња, дури треба да се цело време уз претставникот. Наместо да се поддршка, што на тиркизен тепих, што пред народ, тие со рацете у џеб, абе кур ги боли, не се замараат за ништо, битно ќе си прошетаат. Грешката на Андреа не беше само нејзина, сама ја имаа оставено, а после наместо да си превземат и тие одговорност за тоа, се оградија и го фрлија девојчето во оган. 3. Изборот. Мене ми е срам Европа да не гледа со power point презентација и коњопои во студио најискрено. Да не соберат неколку фанови подобро ќе го организираме. 4. Буџетот. Евровизија е скап настан, а кај нас парите што се наменети за културни настани ќе завршат во нечиј џеб и ќе треба да се брукаме на бина ко Даниел Кајмаковски со слики од триумфална назад. Никој не бара да фрламе пари ко Шведска, ама дека треба да изгледаме најмизерно што може, исто не треба. А за гледање ќе видам, и да гледам нема да биде како досега, тоа дефинитивно.
Според мене, ако се праќа нешто, тоа би требало да е нешто алтернативно, нешто ново, нешто уметничко, не балади и извикувања. Јас би го пратила Пијан Славеј на евровизија, со оркестар во живо, со пијано со кларинет. Или контраст Dope kukjata, барем уметнички да се „изглупираат“.
Само глупирање на сцена. Најдобар предлог се политичарите. Читав дека Сан Марино планираат да се повлечат заради тоа што 3 години по ред не влегоа во финале.
За тоа свака част, од најлоша телевизија, полоша дури и од алфа, ја направија најубаво средена со најдобри студиа и емисии.
Уште да имаа финансии ако сакаат учество на следната Евровизија. Можно е Монако да учествува. Имаат друга национална телевизија.
Катастрофа, дури не би рекол дека им е правено во PowerPoint, повеќе како да е во Paint. Во секој случај катастрофа. Како може гласот на исланѓаните, ерменците, израелците и уште кој беа таму, да значат повеќе од гласовите на Македонците? Ние не одбравме учесник, странските жирија ни одбраа учесник. Тотална непрофесионалност и аматерство.
Нема потреба да фрламе пари. Следна година, нов џендер, па тој ќе тепа. Шо ќе арчиме пари. Едино Фифи како беше, да ја пратиме, бар у полуфинале. Или Боки13
Немаме доволно голем избор на квалитетни вокали. А, и да пратиме таков, пак мали шанси ќе има за во финале. Не нè сакаат.
Откако почнаа со 2 полуфиналиња, црно ни се пишува. Два пати влеговме во финале. Кога имаше само едно полуфинале, се знаеше дека ќе се пласираме. Не верувам дека тие пејачи што претходно беа пак би се нафатиле да одат.