Евровизија 2025

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 12 мај 2024.

?

Дали сметате дека Македонија треба да учествува на Евровизија 2025?

  1. Да

    57 глас(а)
    33,7%
  2. Не

    112 глас(а)
    66,3%
  1. vlado_45

    vlado_45 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2024
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Машки
    Јас во второто полуфинале гласав за Црна Гора, иако се знаеше дека нема големи шанси за пролаз, симболично поддршка :)

    Навивам за Исланд, Полска и Албанија. Посакувам Малта, Грција и Франција да бидат во ТОП 10.
     
  2. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    3.264
    Јас мислам дека Франција ќе победи.

    Инаку, не можам да не се насмеам на сите кои не сте знаеле дека такво нешто не може да се испее во живо... Really? Па добро, до душа, не сте слушале какви сопрани пеат колоратури, растураат. Ваљда првпат слушате да пее некој со ваква техника, па уште и машко, и сега ви е прејако и одма мора да победи.

    Ха, па и не баш. Не е толку јако, како што се коментира дека е. Ништо посебно, нема никаков победнички шмек. Тоа што мене ми е антипатичен ликот што пее е друга работа.

    Финска има најенергичен настап, женската може сите овие од погоре лабаво да ги изеде за доручек. Грми, мислам од телевизорот ќе испадне.

    Али вечер коа ќе испадне Немо (испаднат?) на сцената, па коа ќе ги видите со перика на глава, во раскошни фустани, па после коа ќе се разбаца покажувајќи како е кога се чувствува како едно, а како е кога се чувствува како друго... Зарем после тоа ќе вреди да дебатираме што е музика, што е талент, што е настап?
     
    На SummerGirl, GirlRose и Iva:) им се допаѓа ова.
  3. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Машки
    Се работи за вкусови. Ако Ерика сака да се шета полугола на сцена, може и Немо да се шета по фустани. Ако Ерика може да пее колку е јака во кревет и колку сака секс, нека пее и Немо за неговиот идентитет како небинарна личност. Ај да немаме двојни стандарди за тоа што е во ред, што не е, нека поддржува секој тоа што сака.

    На крај краева според мене Немо е и подобар вокалист, имаше и подобра песна и настап.

    Ако за мене Грција е квалитет, талент, уметност, за некој ваљда не е, за некој тоа е Малта па сега не можам да му држам предавања на некој зошто тој не е во право а јас сум, па ниту обратно.

    Chill out.
     
    На elimkd и FreeToGo им се допаѓа ова.
  4. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    2.952
    Пол:
    Женски
    Ерика сака да се шета полугола и не и дозволија. Овој костим е нов откако и беше забранет оргиналниот. Така да двојни аршини.
     
    На SummerGirl и theunforgiven им се допаѓа ова.
  5. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    3.264

    Леле Аце, ја сум скроз чил, можда ти не си :))))) Немам јас против тоа што сака Немо, кај го прочита тоа? Изгледа така си ме разбрал. Така си сакал да ме разбереш.

    Аце, па според тебе све наоколу е уметност! Па браво! Живот без лимити, може, ако така се чувствува, да го извади на сцена и да мастурбира пошо, нели, кој сум јас или ние или тие да му се забрани, така? Секој може да си прави што си сака, тоа е поентата. Дали ти, Аце, знаеш каде ќе отиде светов ако дозволиме да се случуваат такви нешта т.е. да живееме во анархија? Постојат некои нормативи, не може бе Аце да мислиш дека си девојче од 10 години, да се облакаш у џемперчиња розеви и пандуфи као принцеза, а да мочаш стоејќи и да бричиш брада секое сабајле. За тоа си треба психијатарска проценка. А тоа дека и Ерика можда е за на психијатар-не одрекувам јас. Ама, тоа она не го покажува на таков начин, како овие Немо. Овие треба да ги викам, така?

    Супер ме потсети членката што во меѓувреме постирала: на Ерика не ѝ дозволија да настапи онака ко шо се чувствува, Аце. А лани имаше еден по гаќи скокаше, скоро па невидливи. Тоа е во ред, уметност, така? А ова не е пошо, нели, кај се видело секси жена на сцена? Тоа може само муж со брада и гол газ, тогаш е супер.
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    9.804
    Пол:
    Женски
    ‍Ја мислам дека врв и е настапот, гласот и костимот на Финката. Ама песната не останува предолго со мене, нез.
    Моја 12-ка кај Албанија засега.
     
    На SummerGirl и QueenBeyonce им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    9.804
    Пол:
    Женски
    Не ми се случило олкав број на песни да ми се допадне на ниту една од Евровизиите додека бев мала и најактивно ги следев (2000-те). Мене годинава ми е топ, кој што сака друго нека рече.
     
    На staycalm, QueenBeyonce, Iva:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    3.264
    Да, има фини, певливи мелодии. Ама некако нема ниту една песна која дава победнички vibe.
     
    На SummerGirl и Аргентина * им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.024
    Допаѓања:
    130.851
    Пол:
    Женски
    Само да не победи Израел или Франција. За другите ми е сеедно. :D
     
  10. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    3.264
    Е шо толку ќе те погоди ако Франција победи?
     
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.024
    Допаѓања:
    130.851
    Пол:
    Женски
    Затоа што песната не е адекватна за ваков фестивал, а и пејачката не се покажа добро кога се претстави во полуфиналето. И дерлив детски плач на возрасна личност не ми е интересен.
     
    На QueenBeyonce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Машки
    Околу победникот.

    Мислам дека Шведска нема да победи. Го сакам целиот концепт ама не ми е победничка (повеќе ми е за петто место) а и ако победи таква песна може од Шведска само да победи, друга држава не би била фаворит.

    Австрија ми е најверојатен победник.

    Малта ја гледам како 'изненадувачки' победник, можеби и Финска ама не толку.

    Франција е доста веројатно оти се обидуваат да победат сто години ама не ми даде настапот победнички вајб. Да за Франција како победничка држава, ама не со оној пакет. Требаше да најдат појака песна или барем да беше поинаков настапот.
     
    На staycalm, SummerGirl и QueenBeyonce им се допаѓа ова.
  13. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Машки
    Секоја песна е адекватна за Евровизија. Нема што нема проголтано овој фестивал. Од Португалија 2017, до Финска 2023. Од Белгија 2008 до Унгарија 2018.
     
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.024
    Допаѓања:
    130.851
    Пол:
    Женски
    Не, жалопојки и успаванки не се.
     
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    9.804
    Пол:
    Женски
    Многу нежна, многу убава песната на Швајцарија. ‍Обично не сакам балади, ама оваа е ко некој ангел да се натажил и да си пее. Вака ве читам на форумот и изгледа само мене ми се допаѓа олку.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.744
    Допаѓања:
    38.515
    Пол:
    Женски
    Мислам дека за оваа Евровизија забранија голотија.

    Победник ќе биде Австрија или Франција. Една од овие две држави ќе има најмногу гласови од жири, а другата ќе биде втора. Шведска нема шанси покрај нив. Трето место од жири Шведска или Швајцарија. А можно е и Албанија или Италија. Е сега.... Се зависи од телевоутингот. Се знае дека Шведска ќе биде прва. Второ и трето место Австрија, Естонија или Израел. Мислам дека и оваа година Израел ќе има многу гласови. Така што тоа може да направи проблем за тие држави кои ги напишав.

    Финска нема шанси за победа. Ама можно е да биде во првите 5. Од големата петторка освен песната на Италија, другите се крш. Последно место Португалија, Литванија или Велика Британија. Украина секако ќе биде во првите 10.

    Спремајте се за вечер :rock:
     
    На Iva:) му/ѝ се допаѓа ова.
  17. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Не знам што ми стана, несвесно почна многу да ми се допаѓа Германската песна, буквално ми е на рипит. :wasntme:
    Германците ми се секогаш како со сила да ги пратиле, еве сега мора да одиш и да не претставиш.

    Фаворити ми се : Естонија, Малта, Австрија, Албанија ( ме доби на трето слушање) и Франција
     
    На Iva:), The Unicorn и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.744
    Допаѓања:
    38.515
    Пол:
    Женски
    Сега гледам на Јутјуб. Се нервирав два дена. Сецкаше преносот :devil:

    Аууууу...... Какво отворање |(
     
    На emiliana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.024
    Допаѓања:
    130.851
    Пол:
    Женски
    Спремни? :D
     
    На Inhume и Iva:) им се допаѓа ова.
  20. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    6.507
    Пол:
    Женски
    Холандија, Германија, Естониа :l: