Украина и Израел да престанат со местење Како е можно Франција да е толку ниско од публика Финска исто така Им ја украдоа победата на Естонија исто како лани на Хрватска и прехлани на Финска Австрија беше супер
Браво за Австрија, сосема заслужено! Само се чудам како Израел доби толку поени, кој гласа толку за нив. Естонија еден од фаворитите ми е трето место битно.
Израел да победеше ќе има многу бојкот, атоа на ебу не иде во прилог. Па како утешно место, второ. ама Украина пак во првите 10? Со онаа "чудо" од изведба. Честито на Австрија. Барем е квалитет изведба и тоа.
Браво за Австрија. Мило ми е што победи мојот фаворит втора година по ред. Просто незамисливо ми е што Израел беше прво од публика. Ми се згади.
Догодина, за да се опорави Евровизија, има две опции. 1. Дисквалификација на Израел и Украина, ИЛИ 2. Враќање на Русија на натпреваров. Ако се лажеме дека е неполитички, ајде и Русија назад, ми фалат. И ние секако да се вратиме се моли Мери Попова, еве Виена не е толку скапо, може и со автобус да одите, фала.
Манс беше во право. Убаво си кажа заради хејтот према мене ги избравте и ништо нема да направат во мај, да бев јас ќе победев.
Некако годинава ептен безвеза беше ова доделувањето на “пехарот” и првата награда. Ко ради реда… Еве ти ја наградата, побрзо пеј и да легнуваме.
Ајде нека седат Украина и Израел, ама и Русија треба да се врати дефинитивно. Бидејќи вака воопшто смисла нема. Се радувам за Австрија ама истовремено ми се гади што баш Израел доби најмногу поени од публиката.
Русија и Турција нема шанси да се враќаат а толку фалат. Не знам која е Мери ама со ова ниво на настапи на Евровизија тешко да се носиме. Израел и Украина да се проверат исто ко Азербејџан што го местеше телевоутингот пред 10 год.и ги фатија така и овие веќе 3 год.по ред истото го прават.
Па Азербејџан и во 2022 се намести и ни го зеде местото во финале, знам тогаш имаше некои скандали само не памтам што точно како. Мери инаку беше шеф на делегација, на функцијата колку Путин останата.
Да и мене ми текнува добар беше, мислам ко Дракула беше облечен, ако не се лажам и победи од публика.
Малце оф топик, приметивте дека само Италија имаа English Subtitles Мислам дека од наредна година, треба за секоја песна да има, што пее на мајчин јазик.