Евровизија 2026

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 5 декември 2025 во 00:07.

?

Дали сметате дека Израел требаше да биде баниран од Евровизија?

  1. Да

  2. Не

Можеш да ги видиш резултатите само откако ќе гласаш.
  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.840
    Допаѓања:
    26.217
    Пол:
    Машки
    Како што видов, никој нема отвoрено тема за 2026, а време е да стартуваме една.

    Во 2026 година јубилејното 70-то издание на натпреварот ќе се одржи во Виена, Австрија по победата на JJ со песната Wasted Love.



    Полуфиналните вечери се закажани за 12 и 14 мај 2026, а финалето е на 16 мај 2026.

    Официјално знаеме дека Македонија нема да учествува во 2026, иако претходно имаше гласини за учество преку Боби Андонов, и имало и понуда за финансиска поддршка од неговата менаџерска куќа - понуда што била одбиена од страна на МРТ. :)

    Сè уште, многумина се скептични кон 2026, за жал, оваа година натпреварот е со полоша репутација од било кога. На 04.12.2025, официјално е потврдено дека заради учеството на Израел, неколку држави ја напуштија Евровизија - Холандија, Ирска, Словенија и Шпанија.

    Навистина е тажно што фестивалот кој некогаш ми беше омилен и кој со нетрпение го чекав, сега почнува да ми се одмилува токму поради учеството на држава која вршеше и активно врши геноцид, а ЕБУ очигледно премижува на се'.

    Според вас, дали овие тешки одлуки се оправдани и дали мислите дека други држави ќе ја следат одлуката на оваа четворка и со колку држави вкупно ќе се одржи Евровизија 2026?
     
  2. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.840
    Допаѓања:
    26.217
    Пол:
    Машки
    Она што исто така вреди да спомене се промените најавени од ЕБУ, односно промени во правилата за гласање за да спречи влијание од влади и организирани кампањи (ова конкретно го правеше Израел со години, но најизразено 2024 и 2025).

    Од следната година, фановите ќе можат да дадат само 10 гласови наместо 20, а ќе има и мерки против лажно или координирано гласање.

    Професионалните жирија ќе се вратат во полуфиналињата.

    Но, и покрај четирите држави кои одлучија да бојкотираат заради учеството на Израел, други телевизии имаат спротивно мислење. Германија веројатно би се повлекла ако Израел биде баниран (уште еднаш, на погрешната страна од историјата). Директорот на австрискиот ORF, Роланд Вајсман, дури и отпатувал во Израел по примирјето во Газа и изјавил дека Израел е „неразделен дел од Евровизија.“