ЕЧ да се вратам пак во тој магичен град на убави бели птици, каде што Prince Charming не е плав, туку црн; и нема царска палата и не јава коњи, туку ми создава оргазмични чувства како ја слушам неговата гитара.
Офф топик, вие уште сега сте средиле работа па и деновите полека ги броите. И ние најверојатно ќе одиме во истите градови и ајде он топик и јас тоа едвај чекам
Јас не сакам 40 степени. Сакам пролет! Сакам пријатно време! Аман од зимава веќе! Сакам вечна пролет Само пролет, и само цвеќиња да има наоколу, нарциси, лалиња, трендафили се се се! И да ми мириса од нив убаво!
Не е битно Офи, битно да пука сонце, да слечам дебелишта од мене, да исончам нозе, да кубам цвеќиња од пред куќа, да сменам парфем на полетен, да ми гори косата од сонцево, да се дига прашина при секое поминување по улица,да молкнам црева за вода низ двор по цел ден, и да мрчам дека е жешко, е тоа едвај чекам. Сакам сонце, летно дете сум јас, ми здосади и мене ова тмурново зимиште
Ќе ви се придружам-и јас одвај чека пролет,лето ма што било нека е аман бе вишем со студоиве!Сакам сонце!