Одвај чекам да ми се смени нешто во главава, конечно да се помрдне вистински од место, да покаже посериозни знаци на живот, па телово да се активира. Да тргне тоа прашината од куфериштено, да спакува љубимата ми гардероба, да си го земе тикетот и да испари у светот. Тоа чекам. Сонот со железничка станица и тетката од зад шалтер да премине во некој авион со стјуардеса и занимливо суштество до мене, што ќе дрдори, јас нема да го слушам, пошто ќе гледам облаци и точки . Донт вејт фор ми мама, коз ај ејн каминг хоум! Ќе ја пеам тогаш, да, нов текст ќе убацам у песната.
Од кај најде бре толку пари...двојно повеќе од мене имаш Јас пак едвај чекам да поминат овие два дена, да дојде 30 и да идам да си терам празници
Едвај чекам да пројдат глупиве испити не се може веќе вака и едвај чекам да дојде лето и да идам на море се моето срце и нај нај убаво да си поминеме. Едвај чекам да се земеме, едвај чекам да си имаме детенце ... едвај чекам многу работи .... едвај чекам животов да го изживеам ... аххх ... едвај чекам работите да се помрднат од мртва точка