1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Едноделен или дводелен костим за капење?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 2 јуни 2011.

?

Каков костим за капење преферирате?

  1. Едноделен

    134 глас(а)
    20,4%
  2. Дводелен

    522 глас(а)
    79,6%
  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Летото полека но сигурно ни доаѓа :sun: Па да видиме каков костим за капење преферирате?

    Едноделните се многу модерни во последно време, а и доста секси. Ако порано едноделен костим се купувало за прикривање на килограмите денес го купуваат повеќето зашто има ептен секси модели :)
    Но според мене се ужасно непрактични. Сончање во нив? Никако, освен ако не сакаш да си ишаран целиот. А повеќето од нас не одиме на плажа за да се прошетаме на писта и да седиме под сенка, затоа јас не ги сакам овие костими за капење ;)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Дводелни костими има секаков вид од со корпи, со фижбани, без прерамки, тријаголничи, врвци баш секакви. Но најчесто се избегнувани од лицата со поголема тежина кои одбираат класични дводелни.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ќе го поставам и оној модел на блуза и гаќички, мене лично не ми е омилен зашто на плажа не сакам да носам блуза :)
    [​IMG]
    [​IMG]

    Каков костим сакате? Каков имате? Каков планирате да купите :)
     
    На white.kitten, zhap4e, SanjaKirchner и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Едноделен или дводелен костим за капење

    Дводелен и само дводелен. :) Без двоумење.
    Едноделните ми се многу непрактични, не се чувствувам убаво во нив затоа што потешко се сушат, а уште една причина е сончањето. За мене нема нешто поубаво од дводелен костим, треба да купувам нов и дефинитивно пак ќе си изберам дводелен.
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Едноделен или дводелен костим за капење

    Леле се заљубив во косимот за капење на 10 слика. Многу е убав, точно мој стил. Преубаво :inlove:
    Инаку никогаш во мојот живот не сум купила едноделен костим за капење, премногу ми се бабски. А и глупо е тоа што нема да бидеш секаде исончан со едноделните. :) Еве некои убави костими за капење:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Едноделен или дводелен костим за капење

    Имам дводелен костим, сакам дводелен костим, би купила пак дводелен костим :)
    Најубави ми се, најсекси, додека едноделниот ми е убаво да го гледам на други, ама јас не би.
    А овој пак со маичка - не ми ни личи на костим, ај ако не и пантолони да земеме :^)
     
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.131
    Допаѓања:
    88.390
    Пол:
    Женски
    Едноделен или дводелен костим за капење

    Имам 4 костими за капење и сите се дводелни. Преферирам да се еднобојни, ама за жал само еден ми е таков. Не ми се допаѓаат едноделните затоа што не може убаво телото да се исонча, па бојата би била нерамномерна. Можеби некогаш би купила едноделен, но би го носела последните 2,3 дена на одмор кога веќе би имала боја.
     
  6. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Едноделен или дводелен костим за капење

    Јас сум за дводелен.Сите уствари ми се такви,а и несакам едноделни костими за капење од причина што нема да можам да се исончам убаво :)
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Едноделен или дводелен костим за капење

    А сукња доле? :D
    [​IMG]

    Иначе има тема за бикини, moda-i-stil/bikini-t1887/?hilit=%D0%B1%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B8
    така да нема потреба да се ставаат многу слики од различни костими за капење и тука, доволно е да се збори за изборот на моделот на костимот за капење а секако може и омилениот да си го покажете ;)
     
    На zhap4e и k.i.m им се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Повеќе сакам дводелен костим за капење, отколку едноделен.Имам дводелни костими за капење, подобро е дводелен, барем ќе може да се исончам како што треба, а и поубави ми се дводелните костими од едноделните, а и секогаш си купувам дводелни костими за капење.

    И мене не ми се допаѓаат тие костими за капење,како што спомна Ким,ама ете нова мода се измислува денес :D
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    23.855
    Перверзии е костимов. :inlove: :$

    Гледав ваков сличен да си купам додека бев во Америка, ама многу беше скап.
    Инаку сакам едноделен... Поубаво ми изгледа на девојка.

    edit - ме потсети реинбоу.. И јас немам во моментов асален костим, зошто не преферирам ни сончање ни пливање :) И за под сенка, можам и во фустанче да седам :D
     
    На drugarka и Magnolija им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Јас, морам да си признаам, моментално немам никаков костим за капење :$
    Не сум била на одмор во минативе седум години. Ама годинава се надевам дека ќе видам поголема количина на вода, така што ќе си купам еден :lol: Мислам дека ќе биде дводелен, како што кажавте подобро е за сончање. Мада овие едноделниве на сликиве се прекрасни, кај нас да се најде вакво нешто некако не ми се верува :wasntme: И овој над мене Кукличка што го ставила е просто неверојатен.
     
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Во овој период пред одмори јас сум луда по костими за капење! Ги имам многу и различни модели! Едноставно ми се слабост,иако некои се само по двапати употребени,ама тоа е...лудост ме фаќа кога ќе загледам некој добар костим за капење! :geek:
    Повеќето костими ми се дводелни и одсекогаш такви сум купувала! Едноделните ми станаа хит минатото лето и тогаш си купив еден црно-бел целосен костим но само еднаш го обелков и толку! Ми се допаѓа како стои но нема да си го простам шаренилото по кожата кое можам да го добијам како последица од едноделниот костим! Затоа го одбегнувам и не верувам дека би купила друг едноделен! Единстевно од причини што мразам да бидам ,,шарено исончена,, не би го носела, иначе ми се допаѓаат како стојат!
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Повеќе сум за дводелни, ама ако имам боја претходно и ова едноделниве се многу убави.Летово обавезно си купувам монокини, ама ако најдам асално, лани ич немаше убав избор.Еве вакви бикини си купив лани
    [​IMG]
    Само долниот дел ми не ми е ваков, туку црн целосно и полутанга :$
    Па и со црниот шешир...ех, спомени ми се вратија :D
     
  13. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    [​IMG]

    Ова порано биле костими за капење, денес се фустанчиња за во диско. :D

    Инаку, дефинитивно дводелен. Не одам на плажа за да шеткам со убав костим за капење, гледам да е што е можно попрактичен за сончање, бидејќи тоа е мојата главна дејност на плажа, нали овај. :)

    Значи дводелен, без прерамки, и оваа година ќе се осмелам и ќе си купам со долен дел танга, да ми фати газето рамномерно боичка.
     
    На Sara123, Alanna, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. loni

    loni Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    7
    Некако дводелните ми се повеке секси, но има и доста убави модели на едноделни.
     
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Минатото лето замалку не си купив едноделен костим, а и подобро тој што сакав да го купам го носеа 30% од девојките по Охридските плажи.
    Бидејки јас не сум голем фан на сончањето, а воедно и многу тешко фаќам боја следниот костим за капење сигурно би ми бил едноделен.
    Имам неколку дводелни, ама некако не ми се по ќејф сакам некој убав и уникатен едноделен костим.
     
  16. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Дводелен и само дводелен. Едноделните се убави само како модели, но за сончање никако.
    Лани си купив два костими за капење и двата се дводелни, годинава сакам да купам нов и долниот дел да биде полутанга... ух едвај чекам да дојде време за на одмор... :angel:
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Има и тоа многу, лани во секоја продавница од Голден Поинт од Интимисими до Елит, Еко, ВИП, дури и маалски продавнички имаа вакви модели, а и зимово имаше во Њујоркер еден модел. :)
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Да? Јас, како што кажав, не сум била на одмор, па поим немам, уште не сум почнала да барам костими :) Е тоа ќе биде една голема главоболка. Фала на информацијата ;)
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Дводелен! Времињата кога носев едноделен поминаа :lol:

    Пред се сакам да си го исончам стомачето, а тоа со едноделен не е возможно. И не сум тип на девојка која оди на плажа само колку да седи во кафич или под сенка, сакам да ме фати сонце.

    Секоја година, истата приказна, си купувам нов костим за капење и потоа се чудам зошто, кога имам неколку пара бикини. Морам да ги пофалам H&M, дизајнот им е секогаш преубав а и тоа што сум го купила кај нив пред еве веќе, десет години, изгледа како да сум го купила сега!
    Одличен квалитет!
    Мајке ми идам да се пријавам за работа кај нив, кој ПР им го удирам :D
    А се думате ли и вие ко мене за останатите аксесорајз на плажа? :wasntme: Јас кога сум на одмор во мене се буди некое второ јас кое сака да изгледа беспрекорно на плажа и се мора да е во тон, усогласено, шешир, со ташна, со апостолки....одмор е! Кога друг пат можам да си дозволам такво нешто, нели?

    На пример.
    [​IMG]
    со
    [​IMG]
    со
    [​IMG]
    со
    [​IMG]
    со
    [​IMG]

    Последниве алки стварно ги имам, жими тоа! :D
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Јас си ги сакам едноделните. Сега и заради тоа што мешето ми е упропастено после двете бремености (не сум здебелена, ама имам вишок кожа, а тоа е погрдо :( ). Но и порано преферирав едноделни. Не се сончам многу, не памтам кога последен пат сум се вратила поцрнета од одмор (тоа што ќе ме фати сонце во вода), а плус и со дводелните стално сум имала мака во вода се да остане на свое место ;) . Ова се мрднало-она се открило... :$ мислам дека цело време проверував дали сум спастрена. Едноделни порано си купував од поспортските, Адидас и сл. ама годинава би сакала некој малку поженствен модел. Ми се допаѓаат постираните едноделни како и оние со маичка (одамна сакам таков), ама лани што гледав некои беа забегани со цените. 12000 костим за капење?! :x