Малку сум офф-топик, но да искоментирам за оваа Ејшан и за нејзината улога во Величествениот. Пред некој ден ги гледав новите епизоди од Величествениот на интернет. 64 започнува со неа. Фирозе.. нешто така ќе се вика. Спојлер Ќе му биде миленичка на Султанот и ќе ја кријат цело време од Хурем, за да не дознае. Мислам и трудна ќе биде, ама дали ќе го роди детето не знам.. И тн. и тн. дрн дрн дрнн.. Уште таа требаше. Езел не сум гледала. Заврши тоа ??
Сара, Езел сега оди само за викенд. Уште 6 епизоди останаа, поточно уште 3 викенди. Спојлер Мала утеха за тебе, Џансу Дере - Ејшан или Фирузе како сакаш, има гостинска улога во Величествениот, па најверојатно нема да остане уште долго. Јас од таа серија се откажав, ама може да ги изгледам само почетните епизоди, таа каде што се појавува. Инаку, од она што го видов, баш соодветна улога и доделиле, мистичен женски лик, ја личи. И Maggie, од каде заклучи дека актеркава ослабнала само за серијата? Се гледа дека таква и е градбата. Не знам за вас, јас веќе кажав дека мене ми е убава (со Сара Џесика Паркер нема допирна точка, а богами каде каде ги предничи и останатите што ги спомна во постот), можеби телото не и е нај (не е ни лошо), ама фацата баш ми се свиѓа. И не е екстремно висока, само зашто е послаба висината повеќе и доаѓа до израз, а и освен Езел останативе машки актери се под 1.80 затоа така ви се чини, инаку, Бахар беше повисока од неа. И мислам доволни беа коментарите за изгледот, да не излезат сега од некаде и 'султанките' да плукаат, па ќе се усере темава. Сакав да кажам, мислам дека синхронизацијата особено во оваа серија беше вишок.. ОК, нашиве актери се на место, добро ја вршат работава, ама гледајќи го оригиналот, бидејќи серијава е некако емотивна, далеку поубаво и подраматично звучи кога ги слушаш природните гласови. Ама добро.. помина тоа веќе.
не заклучив јас дека ослабела заради серијата, само реков дека АКО ослабела толку само поради серијата.. инаку деновиве заклучив (никогаш не мислев дека ќе го речам ова) - дека Ејшан е баш убава there, I said it... дознав дека не ми била мене грда Ејшан, туку ликот кој го игра, бидејќи претходниве неколку епизоде беше многу добра спрема Езел, и сфатив дека всушност само нејзиниот карактер не ми се допаѓа.. кога и е врзана косата (како кога со Кенан се договараа за свадбата) е многу поубава отколку со пуштена, и има убави очи само многу и ги прават smokey eyes и се гледа како вештерка (не и се познаваат очите).. - сликава ја најдов на гугл, нема три тона сенка околу очите, и баш е убава.. нешто за епизодиве вчера и денес - плачев за смртта на Бахар, смртта на Мерт, смртта на Тефик (срцето мое ), ако гледав кога умре Рамиз, мислам дека и тогаш ќе плачев.. ама во епизодата вчера, кога Езел дојде кај татко му и мајка му, и кога подоцна Мелиха заборави дали Омер е жив или не, ми се чини најмногу плачев .. вчера според мене беше најтажната епизода од сите.. за денешната- не ми се веруваше дека некогаш ќе ја засакам Ејшан ама денес кога му раскажуваше на Џан, и на крај кога се затрча накај Езел, неможев да ја мразам.. ја сакав малку на почетокот, кога беше со Омер, ама од моментот кога го стави Омер в затвор, па кога беше со Џенгис (тогаш малце ја сфаќав зошто го направи тоа), па кога беше со Кенан (тогаш најмногу ја мразев) и се до денес ја мразев со целото мое срце.. сега едвај чекам да дојди сабота, за да ги видам заедно со Езел - малце ми е жал за Џенгис, ама си го доби тоа што си го заслужуваше.. морав да редактирам кога прочитав нешто на википедија Спојлер Ezel (Omer) and Eysan have recaptured their love, but an insanely jealous Cengiz rapes Eysan and nearly kills her, informing the police that Ezel did it. баш кога решив да ја сакам Ејшан, ќе се случи тоа, и најверојатно ќе се изнаплачам.. баш кога решив да го сожалувам Џенгис, тој го прави тоа..
подобар турски филм немам гледано,многу е добар ама сега само за викенд иде,првата сезона секако беше поинтересна
^ ^Не требало да читаш што ќе се случува понатаму, си го расипа изненадувањето. Јас уште пред неколку месеци ја изгледав до крај.. ако си плачела на минатата епизода, овие што останаа.. ај ќе си видиш. И ете, гледаш дека сум во право за Ејшан . Мислам дека повеќето што и го мразат ликот не ги имаат гледано сите епизоди како што треба. Таа не беше лоша личност во суштина, туку околностите и воспитувањето на татко и си го направиле своето. Не го оправдувам тоа што му го направи на Омер, ама да не беше болеста на Бахар немаше така да постапи. Единствен момент што ме изнервира беше кога му помогна на Кенан да избега од Рамиз, да не ја направеше таа глупост уште тогаш ќе се решеа од Кенан, а Рамиз ќе беше жив. Ама добро, и се врати филмот со Омер, совеста почна да ја гризе, бла бла И Рамиз ми беше омилен лик - цар. Кенан - искомплексиран лигло, и на млади години, и сега. Не ми се допаѓаше што знаеше да се споредува себеси со Езел.. врска си нема, Езел, да, беше невина жртва, ама овој Кенан сам си ја побарал белјата на времето а после сите му беа криви. Стар манијак. За другиве, Џенгиз се до последните епизоди и покрај се ми беше ОК, направи неубави работи од желба за пари и статус, ама секогаш кога требаше да го направи најлошото нешто го кочеше, се трудеше да се контролира, плус и тој имал зезнато детство, ќе покажат во последната епизода, АМА Спојлер не знам што му требаше она на крај, ја претера и разочара тотално. Будала Али ми беше интересен на почеток, после стана безвезе и почна да иритира. Исто и тоа женчето негово Азад, нивните патетики беа одвишни и за џабе серијава губеше време на нив според мене. Сакав Азад да испадне ќерка на Кенан. Тој иритантен, таа иритантна - фамилија. Баде - ОК девојка, ама многу глупава испадна. Ај доста беше.
Офф-топик сум ,затоа во спојлер ке пишувам.(Посебно за тебе Сара) Спојлер Да,Ејшан ќе глуми во Величенствениот.Најпрвин ке е робинка која ке се вика Лејла,потоа ке стане миленица на султанот и ке се вика Фирузе. Но ,на крај Хурем ке си го направи своето како што правеше со сите.
Езел ако е глупост, јас не знам како треба да се наречат останатине ш-ранг турски серии што ги гледате вие.
ејшан баш е супер има некоја харизма жената , што и да и облечат преубаво и стои можеби е слаба да ама што знам и стои едноставно се совршено и серијава е многу добра за разлика од некои други да не ги именувам што се напразно трошење време пред тв
се сложувам со marta.99 и E... V... I...L - ако оваа серија е глупава и грда, незнам која е убава серија :roll: серијава единствено може да му биде глупава на личности што не ја разбираат серијава, што не разбираат за чувствата, што можеби не ја знаат од почеток серијата, па затоа сега му е глупава... и јас сега да почнев да ја гледам ќе мислев дека е глупава, бидејќи немаше да знам ништо за личностите, немаше да знам ништо за тоа што го поминал Езел-Омер, за поуките што ги стекнал... не сакам да именувам возрасни групи, ама јас сум 12 и мислам дека ретки се моите врсници што ја разбираат серијава.. сите зборуваат за Долина на Волците што си нема ни една врска со вистинскиот свет но полесно му е да сфаќаат неколку мажи кои се пукаат отколку да сватат нешто за љубовта, храброста, тагата (и во Езел има пукање и убивање, не велам не ама барем има и морални вредности)..
Дај, жити се, отворете им ја темата за Величествениот, почнаа овде да доаѓаат и да какаат со глупи и непотребни коментари.
стварно ај доста хејтате ако не ви се допаѓа серијата нема зошто да коментирате .. Спојлер ауу хаха недај боже да ја отворат ќе се испотепаат која попрва да каже што ќе се дешава..
Во право си.Серијава одоочеток беше добра,ама после досадна стана,се исто па исто. Неколку дејства во круг се вртеа,многу се одолговлекуваше,нешто што ме нервира кај сериите. Не велам дека е глупа серијава,далеку од тоа,ама се завлечка некако.
Чувствата тешко дека ќе ги разбереш од серииве турски, а богами и моралните вредности. Ретки се твоите врсници што ја разбираат серијава, да,да. No hard feelings, ама греотка ми е ко гледам дека вака млади се загревате на вакви серии. Прочитајте нешто покорисно, спортувајте, гледајте филмови што стварно ќе ве научат на нешто убаво, сега бар имате интернет пристап и се ви е на дофат.
А тој од Долина на волците, знаете ли колку многу ја сака мајка му, таа шо не го познаваше кога си го смени лицето? И таму има љубов, не е само пукање. Плус, и се учат корисни работи за оружје, што е исто ко да си на воена академија, или барем на отслужување воен рок.
gingerchild - тешко дека ќе ги разберам ?? баш од оваа серија има што да се научи, морални вредности нема јас од Џенгис или од Кенан да разбирам, од Езел-Омер ќе разберам.. ако го знаеше филмот од почеток ќе знаеше колку беше невин Омер, на сите му веруваше, на сите му помагаше и на крај ете како му вратија.. баш со тоа сакаа да кажат дека не треба на сите да се верува, не треба на сите да им се помага.. vacuuman - да, признавам на почетокот имаше чувства, ја подгледнував по малку тогаш серијата и баш таа сцена ја знам, ама тоа беше единственото нешто што не е со пукање во серијата.. а и онај главниот во серијата 10 девојки смени, Езел барем од почеток до крај само една сакаше вистински.. хаха воена академија, арно за машките воена академија ама не сфаќам зошто и женските ја гледаат и збудалваат по серијата..