Незнам само каква ќе биде понатаму серијава со ќерка и на Елиза, дали ќе биде исто вака А и начув на тв, дека ќе има уште една серија со Фабрицио, со глумецот де , изгледа вечерва почнува
Да, да, јас и тема отворив за серијата http://forum.femina.mk/serii-i-emisii/ljubovna-odmazda-un-amore-e-una-vendetta-t16037/ леле колку се израдував кога ја видов најавата...
Маркизата Лукреција, незнам како тој баронот не ја открие тој го бара убецот на мајка му, а е до него.Следно, знаев дека Кристијан ја сака Елиза, а и дека е влијателен човек, само незнам што лошо му направил баронот, се мислам дека е негова палатата и се што има баронов, иако нели ја бараше морската ѕвезда, но мислам дека не е само тоа поради кое тој сака да му се одмазди на баронот.А и тоа што Елиза ја најде морската ѕзведа, веројатно ќе може да си ја врати Ривомброза во своја сопственост.
елиза ди ривомброза повеќе пати ја имам почнувано да ја гледам ама никогаш не успеав да ја догледам немав волја некако начинот на кој двајцата главни актери кои беа и партнери во приватниот живот се оставија ми е болно ја гледам ама затоа керката на елиза ја имам гледано 3 пати и секогакога ја дават ја гледам повторно
Јас мислам дека ја немаат давано претходно серијава Оти ќе ми беше позната И мислам дека би било добро, да ја даваат серијава секој ден, не вака.Додуша да е до мене, би можела и во еден ден да ја изгледам комплет, после раат да бидам оти ме интересира
еве ви фотка од главните ликови во керката на елиза .синот на лукреција и керката на елиза ,овде ја дава пред 2/3 години а и другите серии со алесандро прециози не ги гледам од истата причина .
Мислам дека овој или следниот викенд се последните епизоди од Елиза на Канал 5. Потоа веројатно ќе ја даваат и Ќерката на Елиза.
па поради приватниот живот на алесандро и виториа изгледа затоа што тука ја дава пред 3 години ,многу е подобра од елиза
На твпакет пишува дека ќе даваат вкупно 52 епизоди Дали тоа значи дека нема да ја дадат третата сезона?
карќата на елиза не е трета сезона тоа всушност е spin off од елиза ,која треба да има две сезони ,ама до сега има снимано само една во план беше како што читав да се снима оваа година но засега останува така само со една сезона.
Јас да си кажам во врска со ќерка и на Елиза Ептен ми се допадна продолжението од серијава, се изненадив ко видов дека Андреа ( јастреб, разбојникот, ама убав си е човекот ) е син на Лукреција која иронија, ќерка и на Елиза, да биде со синот на Лукреција, ама пресврт на настаните А и кој го глуми Мартино, тој што го глумеше Лука во серијата Љубовна одмазда, го гледам и си мислам од кај ми е познат човеков, после ми текна дека е тој.Малку ми е чудно што нови ликови се во серијава, ама пак ми е интересна.Само оној капетанот ме нервира, ич не ми се допадна, а и девојка му на Мартино, карактерите ич не им се убави, според сега што ја видов новава епизода од новата сезона.
Јас не видов како заврши Елиза каков беше крајот умре или ја убија или не кажа?.. пошо јас не видов а инаку и черка и Анјезе е мн убава а исто и Антонио