1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Емулгатори

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од kukli4ka2, 18 април 2011.

  1. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Дали внимавате што пишува на производите кои ги купувате? Колку се штетни овие емулгатори и што може да предизвикаат?
    Еве листа на штетни и нештетни емулгатори, со цел да си го подобриме здравјето и за борба против болести, посебно ракот.

    НЕШТЕТНИ ЕМУЛГАТОРИ:
    Е:121, 122, 126,130, 132, 140, 151, 152, 160, 161, 162, 163, 170, 174, 175, 181, 201, 202, 203, 236, 237, 238, 260, 261, 262, 263, 270, 280, 281, 282, 290, 300, 301, 303, 304, 305, 306, 307, 308, 309, 322, 325, 326, 327, 331, 332, 333, 334, 335, 336, 337, 382, 400, 401, 402, 403, 404, 405, 406, 408, 410, 411, 413, 414, 420, 421, 422, 440, 450, 471, 472, 473, 474, 475.

    ШТЕТНИ ЕМУЛГАТОРИ:
    Е125, Е141, Е150, Е153, Е171, Е172, Е240, Е241, Е477.

    ОПАСНО ШТЕТНИ (отровни) - Е102, Е110, Е120, Е124, (ги има во пудинг од ванила и во готов сладолед).

    ОПАСНИ ЕМУЛГАТОРИ ШТО ГИ РАЗОРУВААТ ВНАТРЕШНИТЕ ОРГАНИ:
    1. Цревни заболувања: Е220, Е221, Е222, Е223, Е224, .
    2 Органи за варење: Е338, 339, 340, 341, 361, 463, 465, 466, 450, 407. - во сладолед.
    3. Кожни заболувања: Е230, 231, 232, 233.
    4. Го уништува витаминот Б во организмот: Е200.
    5. Заболување на крвните садови: Е250, 251, 252.(најмногу ги има во саламите и месните производи).
    6. Го зголемуваат холестеролот во крвта (драстично)Е Е320, 321.
    7. Нервни заболувања : Е311, 312.
    8. Најопасен што предизвикува РАК - Е330. (маринирани печурки, топени сирења, битер лемон...)

    ШТЕТНИ ЕМУЛГАТОРИ ШТО 100% ПРЕДИЗВИКУВААТ РАК:
    Е113, 142, 211, 213, 214, 215, 216, 217, 239.
    Е123, 110, се забранети во САД и во Русија. Ги има во гумени бомбони, полнети чоколадни бомбони, замрзнат зеленчук со сосови, готови сосови, меки сирења, месни производи итн.

    Сега на вас е ред да кажите што знаете. :)
     
    На Dark artist, butterfly33, glow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Сум прочитала дека постојат во многу списанија и за нивната штетност и се тоа, но најискрено немам ни време ни нерви да висам со саати во супермаркет да ги гледам емулгаторите. Искрено веќе не знам што да верувам, бидејќи сите толку ја промовираат здравата исхрана и вегетаријанството, а нашите баби и дедовци се хранеле со месо, бел леб, качамаци, чварки а овошје само на празници па пак се здрави живи и ништо не им фали.
     
  3. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    И јас не знам во што да верувам, но знам дека производителите не се интересираат што продаваат се дури се продава тоа што го произведуваат.
    Еве некои примери на производи што сум забележала што предизвикуваат некои болести( со наведените емулгатори) гумени бомбони, пијалоци газирани со ароми и без, нескафе 3во1 2во1,капучино, пудинг, сладолед, други производи со ароми( на портокал или др.), маргарин( имам прочитано дека се користел за гоење на мисирки и тие што вложиле да не изгубат, бидејќи маргаринот најпрво бил бел па му се додало боја и почнал да се продава како замена за путер, а маргаринот е еден молекул одалечен за да не биде пластика и секако предизвикаува болести, но ако не верувате ставете маргарин на отворено и темно место ќе видите дека нема да се расипи и дека нема да ја изгуби бојата и мирисот што е уште полошо нити една мува нема да се доближи до маргаринот или пак било каков инсект ), салами, паштети....верувајте листата е долга.
     
    На BlackMarket му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TheSilence

    TheSilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    И јас ја имам дома истата листа на штетни, помалку штетни емулгатори, дури праев семинарска, на оваа тема. Порано ептен бев занесена во здрава исхрана, пазев ептен на емулгатори, кога купував во маркет, ги знаев напамет сите производи што емулгатори содржат, кои се штетни, се' што е штетно, јадев само варени компири, варено, поретко печено месо, супи, овошје, зеленчук, пиев многу сокови и тоа природни и се' што спаѓа во здрава храна... И без да држам диета, само здраво се хранев, ослабнав мн брзо, иако немав некои вишок килограми, може едно-две, сепак немав проблеми со заслабена крв и сл., но потоа дојдов до заклучок, т.е. имав пример за личност која беше можеби најголемиот следбеник на здрава исхрана и здрав живот, па се здоби со здравствени проблеми, кои може да ги добие само страстен пушач, а таа не само што не пушеше, туку и не даваше да се пуши во нејзино присуство, така што, сфатив дека и треба некогаш да се внесе и нешто мрсно, можеби и не толку здраво, да не бидеш престрог спрема себеси, но и да не претеруваш. Од тогашните навики ми останаа само неколку, односно од тогаш што не ги јадев, т.е. ги исклучив скроз, потоа немав желба и не ми се ни вкусни да ги конзумирам.
    Така на пример, од газирани пијалоци, сите се штетни, немаат врска, но кога сакам да пијам газирано, НИКАКО не пијам „Фанта’’ - ова не е антиреклама на Фанта, туку едноставно го има емулгаторот Е330, кој го има и во соковите од битерлемон. Обично пијам Спрајт, така „најздрав’’ ми е од сите овие и многу ретко, кока-кола, т.е. бидејќи имам низок притисок, па нели содржи кофеин малку и така барем си мислам, дека ми го крева притисокот...
    Не јадам НИКАКО мајонез, премногу е штетен и за здравје и плус дека создава акни, маснотии мислам порано јадев, не мн често но го јадев, откако почнав здрава исхрана, го одвикнав и сеа немам никаква желба за мајонез, дури ми е одвратен.
    Паштета исто како и мајонез, не јадам. Исто сувомеснато одбегнувам, некогаш пример ако немам печурки за да си направам пица, да не е само кашкавал, ќе земам малку свински врат, колку да замириса. Виршли воопшто не јадам.
    А кога сме кај печурките, оние во тегла, маринираните, се нешто најштетно, го имаат тој ептен штетниот емулгатор, така што јадите свежи печурки, но немојте вие самите да берете :!: :) ги има во пластични пакувања шампињони, во Тинекс и другите поголеми маркети.
    Искрено многу тешко ми беше да се одвикнам од топените сирења, се' што е или содржи топено сирење, содржи исто така еден од многуте штетни емулгатори, така што зденки, оние ABC и сл. заборавете, многу се штетни. Или некогаш дозволете си, но гледајте да е многу ретко, јас дома забранив да се купуваат такви, бидејќи ми се многу вкусни, а вака кога не ги гледам, немам проблем, не јадам воопшто.
    Замрзнати зеленчуци, сосови никогаш не сум ни јадела и ми е мило бидејќи и тие се премногу штетни. Такви инстант сладоледи, прашоци, пудинзи исто така, не сум јадела, а сега откако знам дека се штетни не ни планирам да отворам апетит за нив. А да и оние соковите, демек „природните’’, не се лажите во нив нема П од природно, кој ќе ви продава по таа цена природен сок, кога овошјето еден килограм е тука некаде со цената, кој е нивниот ќар? Ако имате соковник, прајте си ваши природни сокови, јас немам, но често си правам сок од лимон, или моите по некои рецепти, со вриење и сл. перипетии прават различни сокови, но бара доста работа, така што ако не сте баш расположени и немате време за производство на сок, многу подобро е да изедете портокал, отколку да пиете од „соковите од портокал 100%’’ од продавниците.
    Е да, за благото... Чоколадите, сум забележала кај Милката имаат емулгатор Е310, но сепак не е се' толку црно, не си викајте, аман се' е штетно, треба ништо да не јадам, затоа што Е310 не е штетен, што значи јадете слободно, но во умерени количини затоа што белиот шеќер е сепак штетен :P , а кафеавиот е поскап, така што јас кога ептен бев „забегана’’ во здрава исхрана, за благо правевме слатко со кафеав шеќер, лудница, а? ^_^
    А да и ако немате овошје, а ви се пие нешто што не е вода, сварете си чај ;) , јас често така правев и правам уште.
    И да резимираме, јадете свежо месо, печено, т.е. несувомеснато, а да и од пилешко преферирајте кокошка, затоа што стековите како и оние поголемите кокошки имаат повеќе концентрат, помалите оние словенските се добри, затоа не трчајте секогаш за поголемото. ;) Свинско, поретко, риба повеќе. Е исто така ако сте љубител на благо, а нејќете бел шеќер, конзумирајте урми, природен шеќер. Тоа се од прилика моите замени, совети за здрава храна, ако дознаам уште нешто ќе пишам. Поздравииии запомнете Ин хелоу бади, хелоу гост :)
     
    На Dark artist, glow и mKdevojce им се допаѓа ова.
  5. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    аа од скоро дознав и се проучив за емилгаториве

    се згрозив од тоа во колку прозиводи ги има
    се откажав од гумените бонбони и многу други работа
    сега многу внимавам и на секој прозивод прво читам за нив па потоа го конзумирам! :!:
     
  6. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Е330 во купечките тортиљи.

    темава е супер!
     
  7. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Е330 и Е450 во зденка сирење.
     
  8. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    да ама тие кајмаци и чварки биле домашни и не содржеле емулгатори тогаш не се ни знаело за нив.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Да, точно така,порано не содржеле емулгатори,додека денес скоро секој производ има емулгатор,кој се става во производот за да опстои подолг период.Јас од одамна не пијам газирани пијалоци,веќе добри 3 - 4 години,отприлика,едноставно мислам дека е до тоа како ние сме го навикнале организмот,затоа што откако прекинав да пијам газирани пијалоци, воопшто не чувствувам некаква потреба за истите.Сепак едно е да чувстуваш потреба од некаква храна, а сосем друго е да мислиш дека ти се јаде таква храна.Тоа е целата разлика.
     
  10. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    И јас пред да се информирам за емулгаторите се чудев што се не сум јадела и тоа производи што се превкусни како гумени бонбони кои ги даваат на малите деца незнаејќи колку се штетни пред сами да можат свесно одлучат што ќе јадат и многу други такви производи како топени сирења, маринирани печурки, пудинг, па нескафе 3 во 1, чипси,сладолед, ..... Јас не ги знам на памет емулгаторите, но знам дека колку е поедноставно, толку поздраво. Избегнувам да јадам нешто нездраво, а пак од друга страна не чуствувам потреба за сите нездрави производи што ги спомнавме единствено пред да ми дојди менструацја ми се јади нешто благо. Во време како ова каде што има многу вкусни нешта не можиме да не пробаме нешто секако дека понекогаш ќе си дозволиме нешто нездраво,но само понекогаш. Се на се треба да јадиме само месо, овошје, зеленчук, риба, интегрален ориз, компири, мешумки, мусли, мед, нерафинирани масла и шеќери, интегрално брашно, млеко и јогурт обрани или делимично обрани(0,5% или 1% м.м.).
     
  11. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Интересна тема :clap:


    Дали внимавате што пишува на производите кои ги купувате? Колку се штетни овие емулгатори и што може да предизвикаат?

    не внимаваме за жал :(
     
  12. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Браво за темава!!
    Навистина не внимавав, до сега!
    Баш прееска ги проверував производите дома кои емулгатори ги содржат.

    Гледам некои ги нема на листата, па ако знае некој повеке, да ми каже дали се штетни :|
    значи
    - боја Е104-ова од Витамин Ц шумливи таблети,
    - боја Е101 и засилувачи на вкус Е621 и Е635 - ова од една супа

    И која дејност ја имаат буквите до бројката?
    На некои производи сретнав 160а дали тоа е исто со 160? Исто видов и 450а, 500б...

    Се надевам некој ке одговори :)
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Тоа што е пример Е330 ( мислам дека тој беше причинител на ракот) буквата означува дека е емулгатор, но нема никаде пример 160а такво нешто нема, бидејки се емугатори, затоа со Е се означува на било кое пакување на производ.Знам бидејки листата со емулгатури ја имам дома, сите така се означени, само различна им е бројката и каде и во кои производи ги има, а ги има емулгаторите заради задржување на мирисот во производите,ако ги нема, нема долготраен да биде.
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.684
    Пол:
    Женски
    и јас премногу внимавам , да не конзумирам нешто што има штетен емулгатор. секогаш кога треба да купам нешто прво читам од позади што пишува па потоа го купувам! :!:
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не внимавам доволно на вакви работи а свесна сум дека треба, јадам се што ми е вкусно и колку и да се штетни од некои јадења не би се откажала никогаш. :tmi:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    174
    Никогаш не би ми текнало дека постојат штетни и нештетни емулгатори...Благодарение на темата отсега ќе си припазувам производот каков емулгатор има :lol: 8)
     
  17. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Супер тема, браво!
    Многу пати имам размислувано за ова, ама се' некако ме мрзи да ги учам или да ги носам напишани со мене.. :worried:
    Ама, како што се штетни стварно ќе морам. Во принцип припазувам што и како јадам. Избегнувам колку што можам конзервирани производи. Ама во денешно време како што сме презатрупани со вештачки и штетни производи стварно е тешко да се води сметка за се' што конзумираме. Освен свежото овошје и зеленчук и домашно приготвената храна се' друго е повеќе или помалку опасно.. :(
     
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Апсолутно истото, како јас да сум го пишувала постот :up:
     
  19. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Е104 - По боја варира од темно-жолта до зеленикаво-жолта. Се среќава кај сладоледи, бои за јајца, како и кај кармини, шампони и други козметички средства и лекови. Со редовна употреба се предизвикува астма, проблеми со кожата, анафилакса, рак. Оваа боја во комбинација со конзерванс натриум бензоат може да доведе до хиперактивност кај децата. Забранет е за употреба во Австралија, Јапонија, Норвешка и САД.

    Е101 - Има жолта или портокалова боја. Познат е и како витамин Б2, т.ш. со додавање во производи ги прави покорисни. Може да биде природен или синтетички произведен. Во својата природна форма се наоѓа во многу зеленчук, овошје и бобинки: цреши, сливи, јагоди, малини, модар патлиџан, магдонос. Се наоѓа и во белковини од животинско потекло - месо, црн дроб, млеко, јајца, пилешко, риба. Има корисен ефект врз човечкото тело. Потребен е за правилно функционирање на штитните и репродуктивните жлезди, ја подобрува состојбата на косата и ноктите и учествува во формирањето на антитела. Со негов недостаток може да дојде со заболувања, како: стоматитис, глоситис, мускулна слабост, заматен вид. Предозирање не е можно, бидејќи вишокот се екскретира во урината. Се среќава кај производи од жито, леб, детски каши, путер од кикирики.

    Е621 - Еден од најпопуларните додатоци во исхраната. Го подобрува вкусот на различни видови храна како месо, печурки, зеленчукови јадења, живина или морска храна. Се користи во речиси сите полу-готови производи од риба, месо, соја, печурки и други производи. Принципот на работа на овој емулгатор е тоа што иако нема вкус ја подобрува чувствителноста на рецепторите за вкус и на лицето кое користи храна која го содржи му се чини дека таа има посилен, понагласен вкус отколку што навистина има. Со негова честа употреба се губи чувствителноста на рецепторите за вкус и создава зависност. Негативно влијае врз нервниот систем и видот, а може да предизвика и гастритис. Се среќава во супи, соја сосови или соја протеини, кинеска храна, желатин.

    Е635 - Засилувач на вкус. Безбоен или бели кристали, без мирис со специфичен вкус. Се добива по пат на ферментација на шеќер. Како додаток, дозволено е да се употребува 500мг/кг. Предизвикува проблеми со цревата.

    Ова го најдов. За тоа со а,б и јас имам забележано на производи, ама не можев да најдам што е.. :worried:
     
  20. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Од информациите што сум ги прочитала за штетноста просто ми се кренало коса и ми се стемнило пред очи.
    ОГРОМНА ШТЕТА е што на вакви теми многу малку има дискусија, а се работи за нешто што е од витално значење за нашето здравје преку исхраната.

    Најтешко е да се најдат производи без емулгатори, па дури во период на зимници и самите дома си ги додаваме.
    Гледам пред некој ден ќесички конзерванс и винобран. Ќе правеле луѓето зимница, туршии и слично. Мислам дека не пишуваше што точно "содржат" горенаведениве ќесички, па решив да прочитам за што точно се работи на нет.
    Кога гледам конзервансот е натриум бензоат или Е211, емулгатор од листата на најштетните кој предизвикува рак, ја оштетува човековата ДНК, предизвикува алцхајмерова болест, оштетување на црниот дроб и др.. :puke: :tmi: :sweat:
    Информацијата дека во комбинација со витамин Ц кој пак го има природно во зеленчукот е толку ужасно токсична и канцерогена (се ствара бензен) што стварно знаејќи го тоа имам грижа на совест што сум јадела туршија. :x
    Оваа комбинација е често присутна и во соковите, надополнета со уште други емулгатори исто така многу штетни.

    За винобранот (калиум метабисулфит) не сакав да читам многу, доволно стресно ми влијаеше ова за конзервансот Е211.

    Уште кога им кажав за горенаведеново ме искараа :^) :devil: Се сум знаела јас, сум се оптеретувала со глупости, ова интернетов на лошо само ме учел ]:) .
    Оф аман..зарем не е доволна големата количина на сол и оцет за да опстане зимницата? |( Па и мора ли таква зимница да се прави? Сигурна сум дека има начин да се направи зимница без овие ѓубриња :puke: .

    Тешко е да им се докаже на луѓево и да им се подигне свеста, тоа се случува најчесто кога ќе биде предоцна. :fubar:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.