1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живеење заедно пред брак

Дискусија во 'Врски' започната од RainBow, 7 јули 2010.

  1. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    3.203
    Пол:
    Женски
    Заедно живееме со личниов веќе година и пол. На почетокот ми беше тешко, а верувам и нему да се навикнеме еден на друг, но сега фунционираме супер.
    Има разлика од гледање во врска на неколку саати пар ден во неделата и живеење заедно.
    Апсолутно не гледам никаков срам ако некој пар во врска живее заедно па отпосле се разделат. Пробале, не им одело и молим лепо. Боље така отколку разводи, чудесии. Не за друго, поевтино испаѓа ова првово.:D
     
    На Алек***, eliesaab, honey.11 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    И јас сум строго за! Дефинитивно секој пар пред да стапи официјално во брак би требало да actually живее заедно. :nod:
    Како што рекоа погоре, одењето на гости, одењето на одмор и слично, не е ни приближно исто.
    Нема никаков срам, полошо е допрва да се запознавате откако ќе се венчате, не дека не постои развод, ама зошто до таму да се оди и трошоци и се, ако не сте компатибилни на тоа поле.
    Јас дефинитивно би живеела, прво заради хигиената и односот спрема куќните обврски, како и со кои ставови поаѓа, дали живее во 21-ви век или ќе очекува јас се да правам и да му бидам втора мајка.
    Покрај тоа, јас би земала да чувам и миленик заедно, бидејќи за мене, после хигиената, од исклучителна важност ми е поставеноста на партнерот спрема животните :)
     
    На nevermet18, honey.11, VoodooGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Strong25didi

    Strong25didi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    I nie ziveeme zaedni a ne sme zemeni samo sme decko i devojka pa nikomu nisto ...ednostavno lugeto ke zborat i vaka i taka pravete kako vie mislete deka e najdobro
     
    На Sandzesss му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.897
    Пол:
    Женски
    И јас еве веќе неколку месеци живеам со дечкото,сами сме вп станот.
    Сметам дека подобро се запознаваш сите маани и предности што не ги гледаш кога излегуваш и на крај секој си оди по дома.
    Вака делиш и се грижиш за се заеднички,дали се тоа финансии,перење,чистење,лоши и добри навики,едноставно како брак.
    И сметам дека вака ќе видиш дали ќе можеш да функционираш понатаму или не.
    Е сега знаеме дека кај нас не секој може да си дозволи да живее сам пред брак инаку едно големо да за тоа.
     
    На JoanaS и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е добро да се живее заедно пред брак бидејќи не е исто да си со некој и да живееш или да не живееш со некого.
    Пред се мора да се види дали на пример моите навики одговараат со неговите и стилот на живот дали ни одговара. Не мора да сме исти никако не го велам тоа, но сепак битно е за да се знае дали постои хармонија во живеењето.
    Со ова се знае унапред каков би бил бракот и реално подобро вака отколку мажачки женачки и после разводи и трошоци направени за свадби и чуда за џабе.
    Едно големо ДА за живеење заедно пред брак!
     
    На honey.11 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Ако имав искуство од заедничко живеење пред да стапам во брак, немаше да се случи официјален брак кој пропадна за кратко време. Од оваа перспектива, пожелно е да се стекне впечаток за компатибилноста и хармонијата на партнерите што не се случува на договорени средби, кратки патувања за време на врска. Личната хигиена (примарна за мене), одржувањето на домот, обврските, навиките и животните погледи ја одразуваат личноста и потенцијалната одлука за покрупни чекори.
    Фразата, не е секој за брак, ја искусив.
    Не се каам зашто не изгубив ништо значајно и вредно, а научив.
     
    На piksooki, cresa-jagoda, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не живеев заедно со маж ми пред да стапиме во брак, ама сум поборник за истото.
    Едно е 2-3 саати, неколку пати во неделата 'играње маж и жена', друго е кога делите се', секој ден, по цел ден.
     
    На lovemme, piksooki, jarec6 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Unicorn_

    Unicorn_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки незнаев каде да го сместам ова па ја најдов оваа тема што е најприближна до мојот проблем. Епа вака, јас и мојот дечко живееме заедно веќе 11 месеци а уште месец дена правеме година. Имам 18 а тој скоро наполни 26. Од почеток па до сега се ни е супер во врската. И затоа што живеемее заедно чистам по дома, мијам садеви, перам, и сите тие домашни обврски. А да напоменам и мајкаму живее во истата куќа само што почесто оди кај неговата сестра која што има 2 деца затоа што маж и вози во странство. Убаво ми е кога сме секоја ден заедно кога се чуствувам како стварно да имам одговорност на моја куќа. Е сега тука настанува проблемот. Неговата сестра живее малце подалеку и доаѓа тука кај нас и седи по 2-3 недели…. со нејзините 2 деца. И кога доаѓа цела куќа станува урнебес и катастрофа…. на сите страни расфрлано нејзини работи или играчки и празни шишиња…. Собата во која што седат тие (со мајка му на дечкото) е буквално цело време несредена што ми се темни пред очи кога ќе влезам таму. И покрај тоа што влегуваат во нашата соба (собата во која седиме јас и дечкоми) и таму прават на секој ќош катастрофа од неред. Покрај нередот влегуваат во нашата соба со малата внукичка на дечко ми да “ја шетаат” и прават толку многу галама што некогаш стварно многу ми пука филмот и ми идат на нерви што неможам да ги трпам. Јас сум човек што си го сака мирот и сакам да си имам свое слободно време и несакам многу да ме замараат додека сум дома но неможам тоа да го имам со нив. Не дека имам нешто против децата или сестра му и мајка му ама тоа што сестра му со децата останува толку многу време и згора на тоа неможам на раат да исчистам и да средам затоа што знам дека утредента пак ќе биде се рафрлано… е тоа премногу ме нервира и ми иде на живци. Буквално заради нив никогаш неможам да добијам слободно време со дечкото затоа што цело време се врткат или во нашата соба или во ходник…. или во нивната каде што спијат… и дечко ми е толку приврзан со неговата фамилија што тоа воопшто не му смета и не му доаѓа во обзир.. Дури понекогаш на неговиот внук му вели да спие со нас што мене тоа премногу ми смета и мразам да се теснам во кревет. А неможам ништо на дечкото да му кажам затоа што може фа ме свати на МНООГУ грешка начин. Не мразам деца воопшто, ги сакам ама немам секогаш волја да ги задевам или играм. Што да направам со овој проблем?
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.102
    Допаѓања:
    164.641
    Па...имаш 3 опции.
    -или ќе се привикнеш и ќе пишуваш во снаи и свекрви
    - или ќе си најдеш нов дечко
    - или ќе се преселите некаде кајшто ќе живеете заедно со него, а не кај мајка му дома.
    Тоа би било.
     
    На злоба, simona_baby, H.VAGA и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.452
    Пол:
    Женски
    Девојче...
    Имаш само 18 години.. на 18год веќе 1 година живееш таму?!
    Не можам да ве разберам на 17години се преселила кај дечко и... твоите дома што викаат?
    Не си го зацрнувај животот штом не ти се свиѓа животот таму..


    Сестра му оди дома кај што израснала, тоа е нејзино право.
    Најмногу што можеш да сториш е да за држиш заклучена вратата на вашата соба.
    И да се навикнеш..
     
    На злоба, Мамичка, Ugly Duckling и 12 други им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Па сестра му има право на домот колку сака, сепак тоа е нејзин дом. Ако на свекрвати не и смета,нема што тука да се мешаш.
    Исто така тоа не е твој дом и не знам како родителите те пуштиле на 18години да живееш кај дечкото дома. :^)

    Не можеш да бараш и поставуваш правила во туѓа куќа,ако веќе ти пречи најдете си друго место со дечко ти и бидете сами.
     
    На Lotus Girl, joy1, Pea и 6 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.218
    Ке си најдете друго место за живеење и ке си живеете мирно...нормално, доколку тој се согласи, зашто ако е навистина првирзан со нив, нема да сака да си замине.
    Мора да се разговара отворено со него на оваа тема, зашто сега е моментот да расчистите многу работи.
    На сестрата неможе да и се забрани да си доаѓа кај мајка и, нему неможеш да му забраниш да си игра со внуците, ама затоа пак ке му предложиш да си заминете под кирија.
    Ако не се согласи, тоа ти е доволна причина за да прекинеш со него НА ВРЕМЕ.
     
    На -црноока- му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Значи ти кога си имала 17 год. кога сте се фатиле дечко ти имал 25...интересно, зошто возрасен човек би одел со средношколка? :?:

    Инаку, не можеш да им забраниш да доаѓаат, не е ваша куќата.
     
    На cresa-jagoda, Ugly Duckling, christinnn и 5 други им се допаѓа ова.
  14. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    3.252
    @Unicorn_ не можеш ништо да направиш, извини директна сум. Имаш само 18 години веројатно си уште средно или сега заврши.

    Замисли сестра му да рече "Аман оваа што овде ми се врти низ куќата се распослала со книги за тест да учи нека си оди дома нека учи.".

    Доколку ти не можеш уште сега на 18 години да ги прифатиш мајка му, сестра му и внуците замини си. Ако уште сега си на "ратна нога" со нив, местото не ти е таму. Зарем толку не можеш да си поиграш со децата, да дадеш шанса да се запознаеш на сестра му?
     
    На cresa-jagoda, mssuniquee, Maca Macka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    373
    Живеење заедно како дечко и девојка подржувам да само во случај кога двајцата работат и живеат сами дали под кирија не е битно меѓутоа сами. Во случајов како на девојчево преселување на 17 год кај дечко кој живее кај мајка му - никако. Претпоставувам и дека не работиш и немаш свои финансии. Поработи на себе премногу си млада најди си работа , во таа куќа немаш иднина. Не ти ја знам причината зошто си се преселила кај дечкото ,но ако си во можност врати се .
     
    На Мамичка, cresa-jagoda и -црноока- им се допаѓа ова.
  16. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    2.846
    Допаѓања:
    40.966
    Пол:
    Женски
    Гуд поинт :!:


    Инаку не ми е јасно Што ве натера да живеете заедно? Зарем не се чувствуваш сеуште дете за толкава одговорност? @Unicorn_
     
    На Мамичка, cresa-jagoda, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Unicorn_

    Unicorn_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Со неговите се познавам многу добро и со мајка му и со сестра му. Заедно имаме пиено кафе правено муабет и се тоа. Скоро со нив буквално се гледам на секои три дена затоа што тие ако не се тука дечкото ми вели да одиме кај нив на гости. Не ги мразам а не па да имам нешто против нив. Ама сестра му не живее во оваа куќа. Таа си има куќа во тука едно ближно село. Па во овој случај таа иди на гости затоа што јас постојано седам кај дечкото. Децата ги играм ама исто така си ја сакам и приватноста и несакам многу да ме замараат неможам ни во своја соба да се пресоблечам поради што децата седат таму секогаш…
     
  18. Unicorn_

    Unicorn_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа дека им забранувам. Само
    За тоа што ме натера нема некаков си одговор. Причина може да се каже поради што со мајка ми имав премногу токсична врска што дојде до желба за иселување.
     
  19. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    3.252
    Те разбирам, не сакам да те навредам ама немаш таму своја соба, дечко ти има соба. И тој ти е дечко, не маж. Немаш право да командуваш кога ниту мајка му ти е свекрва, ниту сестра му золва, немаат должност да те слушаат. Сепак ти си гостинка таму. Преселете се заедно на друго место, само размисли утре ако сте во брак сигурна си дека барем еднаш тој ќе застане на твоја страна?
     
    На Мамичка му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    2.714
    Пол:
    Женски
    @Unicorn_
    Слично ко останатите и јас ќе искоментирам.
    Прво не ми е јасно како на 17 години твоите ти дозволиле да живееш со дечко. Ако те пратиле да учиш/студираш во друг град, би требало да живееш некаде под ќирија, а не кај дечко.
    Друго треба да сфатиш дека ти си гостинка во нивната куќа, а сепак живееш таму веројатно бесплатно, се храниш, не плаќаш сметки. Значи ти си таму гостинка, а мајка му, дечкото и сестрата се во нивниот дом и ќе си прават што сакаат. Доста те примиле, те посвоиле на 17 години, па уште и мани наоѓаш, ама навистина. Во случајот ти нив треба да им сметаш, а не тие тебе.
    Ако не ти одговара земи си го дечкото и врти се кај твоите.
    Немаш мир?? Сериозно?? Кај твоите те тупнале кај други да живееш па бараш мир.
    Затоа што рече дека на 17 години си отишла кај нив, јас вимата ја барам најмноги кај родителите.
    Значи или исели се или седи таму и чисти, тоа е најмалку што можиш да направиш.
     
    На Мамичка, cresa-jagoda, mssuniquee и 1 друга личност им се допаѓа ова.