Дечки, да не знаете од кај можам да купам завеси и корнизи, ама фирмата да има монтер да дојде да ми стави корнизи и да ги намести завесите?
Прашај во Sladok dom , имаат фб страна. Јас се јавував за зебра завеси, девојката беше ептен услужлива, ми објасни се и на крај ми кажа.дека доаѓаат и пред местење да се договориме се со мајсторите. И исто имаат нивна монтажа доколку сакаш.
Женски што е подобро, корнизи од оние класичните на таван со завеси на штипки или оние што се како шипки и завесата како на прстенчиња?
Да, во една продавница на сам бит пазар од страна на факултети кај средната автобуска станица. Мислам Даци се викаше. Презадоволна сум.
ima nekoj iskustvo so zavesi.mk? Vlegov vo nivnata prodavnica sto e kaj podvoznjakot pomegju centar i kisela voda, covekot bese mnogu fin, mi objasni se vo detali, a i cenata bese prifatliva. Ama sakam da slusnam vasi iskustva
Здраво, некој што пред скоро време купил корнузи и завеси од било која фирма како сте задоволни, по можност и мајстори да има. Веќе барам подолго време, освен завеси.мк коишто малку влечкаат, а ми се видоа како добри и дататекс што не се јавува не знам за други
Не нарачувај без да ги погледнеш во живо прво, малку е ризик. Јас сакав да нарачам зашто некако преубаво ми изгледаа на сајтот, ама се прошетав до дуќанот во Рамстор ми се чини, завесите во живо изгледаа скроз пластични. И малку лити ми се видоа тенките завеси, не знам дали би преживеале јака центрифуга, еве нека каже искуство некоја што купила завеси од Синсеј. Мојот впечаток е тој отприлика. @simpleewa како се со цени Талија? Не ми е проблем монтажата, ќе си средиме тоа сами, побитен ми е изборот и да не се прескапи.
Пишуваше скандинавски стил и се залетав на тоа Ајде ќе прежалам ако се никакви, за помал прозорец ми се во спална. Фала ти на одговорот.
Многу се скапи, прескапи, јас сакав од таму, со оглед на квалитет, ама цените плафон, завеси со драпер за не мн. голем прозор, сега не знам точна димензија, околу 10.000 ден. ми бараа, стварно беа убави, ама 10.000 за завеса не давам, па ако сака влакна од камила нека ставаат.
Ајде нека се погодат тогаш ако е за некој помал прозор, стискам палци. Мене само едни драпери ми се допаднаа од Синсеј, подебел материјал ко кадифе ама не ми се вклопуваат во замислата, па дефинитивно се откажав.
И во jysk провери. А исто на Инстаграм има една страница tissu.curtains. И таму убави се, ама и поскапи.
Ги знам tissu, имаат дуќан горе во ГТЦ. Преубави се завесите, разгледав доста опции ама многу скапо ми доаѓа математиката. Jysk не ми текна, фала ти за идејата.
Талиа јас лани ова време барав, по 2500-3000 се движеа цените од метар. Искрено мене за во соба ми требаше негде 4-5 метри и ме фати инат не сакав толкава сума да дадам. Е сеа зависи што бараш, имаа и по 1000ка, а тие скроз како завеса баш тенки и прозирни бели, со цените се негде со пластичарска . На крај си земав од џамбо.
Фала на инфо, ќе ме фати и мене премногу ко што гледам. Минимум 5м ќе ми треба според димензиите на прозорите, а не ми е само една соба за со завеси, сакам да ставам секаде кај што имам прозори. Плус сакам дупли да ставам, со драпери. Даваат убав амбиент, не можам без завеси. Ќе разгледам и во Џамбо, ќе го имам како опција и тоа. Само да не се предолги, па да треба да ги кратам дополнително и да барам шнајдерка...
Лани за завеси во две соби бели провидни (такви ми одговараа) и една детска ашрена платив 10.500. Некако ептен беа и на попуст и плус дополнително дека беа последни парчиња ми попуштија и на цена и на метража. Кас сум задоволна како се направени