1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заеднички ручек (Забавна емисија) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Lux, 18 март 2011.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Заеднички ручек е забавна емисија со многу позитивна и секогаш насмеана водителка и готвач за ручекот, без него емисијава веројатно вака не би се викала :D
    [​IMG]
    Има интересени гости и секогаш повразни со настаните кои се поактулени било на музички, културен или друг план.
    Почнува во 15:20h и не знам до кога трае :D
    Во емисијата секогаш куварот (што е на сликата) им готви јадење на гостите и секогаш мислам дека емисијата завршува со здравица и ручек.
    Кога гледав и гледачите (кои се јавуваа на телефонските броеви) имаа можност да кажат 2-3 збора и да добијат поклон изгледа во зависност од гостинот.
    Ја имам гледано неколку пати и на почетокот добив впечаток дека водителкава е вештачка и се преправа, ама после неколку гледања таа секогаш се смее, вусшност има таква позитивна енергија што ја осеќам преку ТВ.
    Сте имале можност да ја гледате емисијава или редовно ја пратите или пак воопшто не ве интересира ?
    Кои се вашите коментари за неа ?
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Јас не ја гледам емисијава ама ја имам начекано неколку пати,мајка ми од време на време си гледа :) Не ми е нешто посебно,а гостите кои ги имам здогледано неколкупати не ми се воопшто познати.Не знам,ама овие анонимни луѓе покануваат на заеднички ручек или јавни ликови? :$ Инаку готвачот ми изгледа како кул,опуштен човек,ама оваа водителкава не можам да ја поднесам :puke: Кога и да ја видам автоматски добивам нагон на повраќање :x Секогаш само се кези,јас разбирам нормално весели и насмеани луѓе ама оваа не ми е таква некако.Како вештерка е во фацата,само носот и се забележува.Мене воопшто не ми се допаѓа девојкава,антипатична ми е,а инаку емисијата како емисија,па што знам,океј е.Ништо посебно.
     
    На eutixismena му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Една од најдобрите емисија на македонскиот етер, моментално! Смислена со добра план, фини и интересни гости, позитивна и со добра порака.А за водителката немам зборови колку ми е мила.
    Топ емисија,кога имам можост, ја гледам, т.е. сите си ја гледаме заедно
     
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Сум ја загледала емисијата покрај мајка ми, и се разбира морам да ја пофалам водителката и готвачот, убавите теми, атмосферата, подароците и тн.. :up: :nod:
     
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Баш сега ја гледав, и добра е , секогаш имаат интересни гости. Водителката некако многу вештачки ми се смее, имам чуство дека глуми, а готвачот е фин... Ми се допаѓа во целост, секогаш кога ја гледам дознавам по нешто интересно.
     
  6. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Баба ја гледа прилично секој ден, па и јас со неа. Искрено, мене водителката ми е баш онака симпатична и секогаш насмеана. Така ми, а не да се мршти како ние гледачите нешто да сме и згрешиле. Домашните проблеми-за дома, тоа е јавна емисија и сите проблеми треба да се заборават. Интересни подароци даваат, интересни гости викаат. :)
     
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Колку антипатично ми делува водителката.
    За беља работа секој пат кога ја има емисијата, дома е пуштен телевизорот и баш на канал5. Може никој не гледа, ама си трае и си трае. Самото тоа што ќе го чујам гласот на водителката ме вади од пети.

    Можеби на почетокот била интересна, не знам. Јас ја немам гледано нешто активно да бидам искрена, ама сега и те како е затупена. Она претерано.
    Гледам и си викам добро кој го интересира тоа? :^)
     
  8. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Ја гледав порано,ама сега не.Се што е претерано не чини,па така и претераната позитивност на водителката почна да ми смета .