Лиценци за сметководители по симболични цени Владата одлучи да определи минимален надоместок за добивање привремено уверение за сметководител и овластен сметководител и трајно уверение за сметководител по симболични цени. Ова следува по реакциите на сметководителите дека новиот Закон е работен во полза на големите консултантски компании и дека ќе ги затвори малите фирми. - Пред определен период, во соработка со Kомората на сметководители и на нивно барање се донесоа законски акти кои ја регулираат оваа сфера и даваат дополнителен квалитет и отстранување на аномалиите. Со Законот е предвидено да се издаваат одобренија. Владата одлучи да определи минимален надоместок за добивање привремено уверение за сметководител и овластен сметководител и за трајно уверение за сметководител по симболични цени - изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. Привремено уверение за сметководител ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од три години, вишо образование и работно искуство од две години или високо образование и една година работно искуство, а надоместокот ќе изнесува 300 денари. Привремено уверение за овластен сметководител ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 10 години, вишо образование и работно искуство од осум години, или високо образование и три години работно искуство, а надоместокот ќе изнесува 500 денари. Трајно уверение за сметководител или овластен сметководител ќе им се издава на лица кои имаат 25 години работно искуство во сметководствени работи, а надоместокот ќе изнесува илјада денари. - Привремените уверенија ќе важат 24 месеци, а рокот за поднесување барања за добивање трајни и привремени уверенија ќе трае најдоцна до 3 февруари 2013 година - посочи Ѓорѓиев. Извор Дневник Мене сега што не ми е јасно , како тие што дипломираат би можеле да земат лиценца . се бара 1 година работно искуство за привремена лиценца , сега секоја фирма ке си бара сметководител со лиценца, како ке се стекне тоа искуство , впрочем како ке има нови сметководители освен тие што се сега, ако е некој поупатен нека каже