Замонашување

Дискусија во 'Религија' започната од SABAH, 10 јануари 2012.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.377
    Допаѓања:
    182.840
    Пол:
    Женски
    Да де, и ја така кога почина татко ми и цел притисок да гледам фамилија на 23 години, падна врз мене, одев во црква, палев свеќа и се смирував. Е ама, дома пак морав да се вратам на притисокот оти само мене ме чекаше. Таа не сака да се врати. Сака да си остане таму кај што е смирена. И тоа е во ред. Ама како што пиша Енѓи погоре тоа не е баш избор туку бегање, излез.
    Работата е што таа мора да се соочи со притисоци и предизвици, и да научи да се бори со нив. Сите ние вака или така, помалку или повеќе сме морале. И пишаа и претходно. Ниту во манастир не е лесно ниту замонашувањето е одма. Туку и таму си постојат не баш едноставни предизвици и искушенија до саканата точка. А имам чувство дека не знае што ја чека чим мисли дека притисоци има само надвор од црква. Советите и беа во правец да си поработи на себе пред да донесе било каква одлука. И да оди во манастир на крај пак би била психички по спремна.
     
    На Guns N` Roses, daylight, mira.mira и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Caramell

    Caramell Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2021
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    379
    Ништо лично до тебе, се надополнувам но една споредба која слободна девојка ќе се одлучи да носи бурка или да се забули?
    Ама еден куп ги има такви. И баш ја читав денес таа тема, никој не осуди никого таму. Така да, да и тука секој треба да има право на избор а не дијагнози одма да се доделуваат.
    Можам да не се согласувам со тоа и да не го практикувам ама нема што да осудувам некој друг. Единствено што можам да кажам е добро да размисли пред да ја донесе таа одлука, другото е нејзино.
     
    На daylight, Snowflake97, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Дали ако ви беше сестра, ќерка или најблиска другарка исто вака ќе ја охрабрувавте да се замонаши? Дали штом е толку прекрасно и вие би се замонашиле и зошто?
     
    На Guns N` Roses, Amellie13, Ketchup и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Баш напротив. Девојките кои носат хиџаб според повеќето членови тука се натерани да носат. Не било логично тоа да го прават по своја желба, натерани се и готово. Па и тие што го оправдувале носењето марама биле анти феминисти.
    Водена по тој пример, убедена сум дека и девојкава е натерана. И тоа е далеку порадикално од носење марама на глава.
     
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.791
    Допаѓања:
    40.682
    Пол:
    Женски
    Вие сте тие што толкувате така како што ви е прифатливо, не јас.Романтизирате желба на збунето и исплашено девојче под слоганот "слободен избор", без да се посвети внимание на околностите кои довеле до тоа.Бидејќи ми се обрати во множина-дека оправдуваме сечиј друг избор како легитимен- не, не оправдувам секакви животни одлуки, па така нема ни тука да речам "абе сѐ е океј".

    Немам проблем со нечие замонашување, кога е зрела одлука.Моментално штом пишала за совет на форум, имаме право да ѝ кажеме објективно мислење.
     
    На Guns N` Roses, daylight, lovestoneddd и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Caramell

    Caramell Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2021
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    379
    Па не би рекла дека е само марама на глава.
    Како и да е, ако мислиме за едните дека се натерани треба и за другите. И двете влечат религиски корени.

    До членката, да не избрзува. Ставовите се сменуваат за 2,3,5 години. Пиша некој претходно тие одлуки се носат со ладна глава. Доктор не сум за да и доделувам дијагнози, возрасна е но сепак тоа е одлука за која подолго се размислува. Некој даде добар предлог. Да се вклучи во такви активности, да увиди добро што носи тој начин на живот, да се запознае со такви личности, па потоа сама ќе си одлучи дали тој е нејзиниот пат.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sakura

    Sakura Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    @GrimTheReaper, @Cosmi, @Angie1432 во ред е да посочиш како ја толкуваш нејзината желба, но не е во ред да се убедува дека сака да избега од проблеми или дека е за на психијатар. Погоре и јас напишав да размисли добро дали желбата произлегла чисто од љубов кон Бог или нешто друго придонело, пред да го направи тој чекор. Иако таа самата посочи дека не станува збор за бегање од проблеми овде:
    Исто така кажа и дека желбата и се појавила уште пред да добие анксиозност и баш верата и помогнала.

    Ова ли е факт? :clap:
    Мене ми изгледа дека ти си таа која не знае да се носи со дебата и чита селективно. Ако ми го прочита цело мислење ќе видеше дека напишав дека треба да размисли дали има други фактори што ја натерале на тоа. Меѓутоа девојката посочи дека желбата и е од порано и дека не бега од проблемите туку верата и помага да ги надмине. Кој е тој конструктивен совет од тебе жити се? Само ја искритикува нејзината одлука, а совет ниту за тоа даде ниту пак за како да им каже на родителите.

    Сите сме различни, како што на повеќето им е желба да основаат семејство, да имаат деца, да градат кариера, исто и ова е прашање на личен избор а не бегство од било што. Како што кажав, кој начин на живот и да го избереш секој носи своја тежина и предизвици.
     
    На elimkd, Snowflake97, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.791
    Допаѓања:
    40.682
    Пол:
    Женски
    Анксиозност и панични напади се за на психијатар, да.Друго е што вие тоа го сфаќате како навреда.
     
    На Guns N` Roses, Amellie13, GrimTheReaper и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.377
    Допаѓања:
    182.840
    Пол:
    Женски
    @Sakura да факт е. Повеќето хард кор верници не ги сфаќаат психијатрите за озбилно.

    Ти очигледно нити знаеш што е критика, а ни поима немаш што значи конструктивен совет. Ај кога ќе научиш тагни ме пак. До тогаш не сум достапна за извртување и вадење од контекст муабети.
     
  10. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    @Bal4 Повеќето кои се вклучени и дебатираат на оваа тема се тука за да се скараат, извадат негативна енергија и фрустрации. Често сум и јас за тоа на форумот, не велам не. Како и да е, вербата во Бога и религијата се две сосема различни работи. Сите веруваат во Бог, а има толку многу религии, што значи се сведува на интерпретирање на одредени свети книги и сл. Но, немој да замижуваш пред фактот дека многу од поповите и свештениците во сите религии прават огромно гревови (педофилија, разврат, алчност), немој да замижуваш дека сите се богати и возат џипови, дека религијата е меѓу другото огромен бизнис. Да, меѓу нив има вистински Божји луѓе, но внимавај КОМУ ќе се покоруваш, оти во Библијата пишува “биди добар како јагне, но мудар како змија”, така што покорноста не е единственото нешто потребно за правилно да се служи на Бог! Се надевам дека ќе ги отвориш очите широко пред да направиш било каква одлука. Не, немој да бидеш понизна никому, освен на Бог.
     
    На daylight, Snowflake97, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.056
    Допаѓања:
    188.113
    Ама ниту јас ниту било кој знае за околностите кои ја довеле до тој избор. Ниту знам како растела, ниту којј ја вовел во верата, ниту ништо. Исто како што не знаеме ни кои околности довеле до тоа да некој реши да роди дете на 20 години, и тоа е сериозна и иреверзибилна одлука, па не се расправаме на таа тема, нели?
    Кога е нешто зрела одлука, исто така не знам, ама ако некој живее во послушност на родителите, во духот на верата, веројатно и одлуките би оделе во таа насока. А побараниот совет не беше, дали да се замонаши, туку како да им каже на родителите. Каква е ситуацијата со родителите, дали се верници, зошто смета дека никогаш не би и дозволиле, дали мора да има нивни благослов- се прашања кои се отворени.

    За нечие замонашување, беше пишано повеќе пати- одлучуваат други, не оди денес и од утре е монахиња.
    Во доцни 90ти манастирите беа полни со монаси и искушеници. Актуелниот владика Климент се има замонашено на 21 година, подобро свештено лице во животов немам видено. Отец Пимен го немам лично сретнато ама со задоволство го читам кога имам прилика. Дали нивните одлуки биле правилни и зрели, проценил некој друг, исто и за девојчево, не се сомневам дека грешно би ја процениле.
     
    На Snowflake97, Rama, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Не и' поставивме ние дијагноза, сама си кажа дека страдала од ансиозност и напади на паника.
     
    На Guns N` Roses, daylight, Peanut Butter и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.296
    Допаѓања:
    21.440
    Пол:
    Машки
    Се крстам со две раце иако не сум верник.

    Кој стаса пиша, да уредува живот кој и зошто да се замонашува или па дијагностицираат болести. Браос!
     
    На elimkd, Snowflake97 и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.162
    Допаѓања:
    27.282
    Девојче, овие што ти тука солат памет да се замонашиш најверојатно ин риал лајф ќе ти се смеат на одлукава.
    Јас ти посакувам да си најдеш мир сама со себе и стварно да си решиш со стручна помош, па потоа да размислиш за оваа екстремна промена за мене лично. Млада си, има време, размисли си. Одлуката треба да е тревезна, а не во афект донесена.
     
    На Guns N` Roses, christinnn, GrimTheReaper и 3 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Абе не ја дијагностициравме ние, сама си кажа.
    Добро читате, или не?
     
    На daylight, Peanut Butter, GrimTheReaper и 2 други им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.871
    Допаѓања:
    129.738
    Пол:
    Женски
    Психолог/психијатар спомнете ѝ ако пише дека бара совет во темата за анксиозност,темата за психолог или темата за психијатар.
    Во оваа тема не треба да се спомнува тоа.
    Членката бара совет како да им каже на родителите.

    @Bal4 Седни и размисли колку го сакаш тоа,дали и колку си сигурна.
    Не брзај.
     
    На elimkd, Snowflake97, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Sakura

    Sakura Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Муабетот е дека"за на психијатар" беше кажано затоа што девојката разговарала со Бог.
    Нормално дека проблеми со анксиозност и сл. се за на психолог, но девојката кажа дека имала до пред две години, сега нема.

    Знам само ти не знаеш да ми одговориш, па само напаѓаш без основа. Поз.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.791
    Допаѓања:
    40.682
    Пол:
    Женски
    Ај наврати се и препрочитај да видиш дека погрешно имаш сфатено.
     
    На Guns N` Roses, Yowannty, TheBlackRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    На психијатар затоа што имала проблем со анксиозност и напади на паника, а не оти разговарала со Бог
    Оти си толкувате ко шо ќе ви прдни на газот?

    То замонашувањето не е денес сакам-утре ќе се премислам.
    За цел живот е!
    И жртва е.
    20 има, до 30 - 30.000 пати ќе се премисли што сака.
     
    На Guns N` Roses, lovestoneddd, Peanut Butter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    1.183
    Пол:
    Женски
    Wow 6 страници се изнапишаа за ова :o
    Уште кога пиша членката ми излезе во онаа листата на најнови мислења и не очекував дека некој ќе одговори воопшто не пак волку дебата. Со членката разговарам таму каде што се испраќаат пораки и многу ми се допаѓа како размислува дури и сакам заедно со нејзе да одам да се замонашам.
     
    На Bal4, Snowflake97 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.