@Powergirl! Колку што видов, парчето од страна има патент и плус е ленено, при што со тие карактеристики тешко дека би било растегливо. Мој совет ти е да си земеш поголемо бројче, доколку имаш поголеми гради или поширока половина. Кога е потенцирано дека парчето е поголемо/помало од стандардната величина, навистина е така. Мене лично, овој нивен начин на изработка навистина ме нервира, бидејќи ако е помало од М, нека го стават го S и чао пријатно
@Powergirl! Одлучи си според својата градба. Сепак ти најдобро знаеш што како отприлика ти стои. Односно, дали ти треба пошироко или потесно. Исто може да ја искористиш опцијата од таму да ти помогнат подобро да ја одбереш правилната величина. (Style advisor / Find your size што е) Инаку мислам дека при опцијата за враќање, има опција за замена на величина. Ако грешам, некој нека ме поправи. Се надевам ќе си погодиш
Мене ме нервира тоа што не им се баш точни димензиите за конкретното парче иако има и таква опција, димензии демек на облеката не само на телото. Треба за секој модел да има големина и да можеме да се водиме по неа, тогаш веројатно поретко би утињале бројче. А тврдам дека секој може да утне, не секогаш твојот број ќе ти се погоди, нели различни кроеви и материјали има. И тоа find your size не ми е баш веродостојно, коа внесувам висина и тежина и хл некад ми дава или л, а би пропаднала у хл, највеќе м ми е точно од Зара, ретко л, а ете таа огромната јакна хс ми е во ред, а кај сум ја за хс. За замена на величина мислам дека нема опција туку само да се врати производ па ако има соодветно бројче пак да го нарачаш. Супер е што барем лесно враќаат и не си у загуба освен ете парите за каргото.
@Mrs. right Точно дека може да се утне со величини. Но, добро е и да се земе во предвид што пишува во описот. Може да биде од помош. Ако парчето е насловено 'оверсајз', може некому пример што носи L да му биде точно S. Но, ако е нормален модел, S нема да му биде. Во предвид треба да се земе и материјалот. Дали е памук, лен, сатен, со патент, со ластик итн. И кројот. И исто така, висината и фигурата на моделот. Вообичаено нивните манекенки мислам дека се 177-8 цм високи, па така пр здолниште што на манекенката е до под колена, на ниска девојка ќе е до долу. Исто, мини фустанче на висока девојка ќе стои пократко, а на ниска, подолго. Може и на Инста да видат како стојат парчињата на некој што веќе ги купил. Мислам, тоа е мој совет за секој што порачува да си земе во обзир се (и самиот себе), а кој нема прилика да проба
Истото искуство со Еко логистик. Ја превзеле пратката во петокот а денес беше краен датум за достава. Пишале дека не сум се јавила кога ме барале за достава а уствари никој воопшто ме немаше контактирано. Се јавувам директно кај нив и ми викаат девојче еден човек ми фали поради одмори, пакетите се големи, од утре сигурно ќе ја добиеш
Еве иста прича ама со Пост експрес сега, пратките си дремат у магацин неколку дена, пишува дека е во достава, што значи дека треба да очекувам повик дента, ги нема, не се јавуваат, еве со денови више. Им ѕвонам, не креваат, на вибер им пишувам сеен маваат. Не знам како да се исконтактира со нив стварно. Да идам у магацин ли зарем? Достава зашо плаќаме тогаш 250 денари? Прво си викам, кај им се базите, на страната нема некои информации, само дека главна база имаат и магацин. И на гугл пишува во Аеродром демек имале, далеку ми е, а и инат ме фати зашо да идам ја при платена достава. Од пратките ни трага ни глас, се си мислам ќе ги вратат назад и ништо од пратките. Катастрофа.
дали има некој купувано од фармерките, како им се движат броевите, ја носам 38, некој слично да не има земано?
Зависи од модел до модел, дали се растегливи или не, кројот каков е. Еве ја земав скоро едни мом џинс 100% памук и покрај тоа што сум поправена влегов во нив и убаво стојат, а 38 земав, иначе сум 38 - 40. Не пишуваше дека се поширок модел ама ок ми се. Панталони пак, полиестер, без ликра и со патент од страна, без копче, М зимам, тесни, не се закопчува патентот, а убаво си пишуваше дека се помал калап ама ај си викам, ќе намалам.. Иначе имате од сеа скоро и димензии на облеката, не знам дали се веродостојни бројките, прво си мислев да не им се ставени од ракав и дека истите се на секое парче ама гледам дека се разликуваат и најверојатно ги мерат сите модели што е за пофалба, а не како претходно што имаа димензии само на тело па да не знаеш дали ќе ти одговара или нема. Баш ќе видам сеа коа ќе стигнат работите дали се поклопуваат димензиите.
И јас сум 38,али нивните фармерки секогаш едвај ги закопчувам .Стомак немам, не знам дали таков им е кројот.Исто и шорц фармески нивни купив,истото ми се деси.
@Sielo❤️ Јас носам 38, секогаш си го купувам тој број и речиси секогаш ми се точни Ама зависи од материјалот и ако е точно напишан моделот во каталогот. Последни едни пробав, ги пишуваше висок струк, а беа среден накај низок. Што значи, тоа на каталогот не секогаш е така во живо. Тоа важи за сите парчиња, не само за фармерки секако
Ти 38? Не ми се верува, мислев 34 си. Дека слабичка си на слики, ептен манекенка. Добро ја реално сум за 40 ако гледаме според тежина, ни сама не знам како влагам у 38 па и меше машала иам, а и сакам малце постегнато да ми стои, неќам комотно многу. Како едвај ги закопчуваш? Ме чуди.
Во право си,јас лапсус направив мислејки дека 38 е S .Во секој случај нивните долни не ми одговараат.Истиот проблем го имам и со децата и детските модели на Зара(долни само). Еее 34 мало сутра на скоро 40 год дека ке сум
Исто, купив мам џинс 32ка и не можам да мрдам од што се тесни горе, а 34ка би ми биле прееееголеми. Криво ми е што не можам да ги носам. Имам и други, со порастеглив материјал колку толку се комотни. Не би да ризикувам со нивни фармерки повеќе.
Еве ги моите мам џинс,во кои патем едвај дишам еве ги на манекенката колку мн и се широки нејзе. И ова е трет пат од зара да се зезнам со фармерки.Никад повеќе не земам.
Па баш убаво ти стојат, ја вака носам, добро не едвај да дишам ама широки нејќам. Ама на манекенката кој број се? Може се 38 па затоа вака стојат комотно, а и они се сучки, а висина имаат, може типкава има 50 кила, а е висока пример 178.
Не е тоа проблемот, горе кај што се закопчува е претесно и едвај можеш да мрдаш или да седнеш. Стега. Направени се еден број помали. И мене ми стојат како на моделот кај колковите, но горе е проблемот.
Епа да, у право си ама овие мам џинс едноставно такви се повеќето, чудни, не само од Зара. Ја баш ради таа причина и не носам такви, туку најчесто скини џинс со ликра, далеку поудобни ми се па и мене лично мислам дека поубаво ми стојат. Овие шо ги земав мом бели беа на попуст ама што знам океј се, не ме стегаат горе толку. Битно е и на градбата да ти се погодат, секој модел не може на сите да ни одговара. А може па и помали ги праат, на каталог еден модел у живо сосема друг, не е во ред ако е така.
Имам од Страдивариус 32 и задоволна сум. А другите од зара се skinny jeans и со нив сличен проблем, но покомотни се горе.