Да, ќе се распрашаш кај е магацинот или па може и у база им е, ќе им го кажеш тој бројот за следење и ќе ти кажат кај е пратката. Сум комуницирала така на Вибер со нив, сме се договарале, коа сум сакала ја да подигнам.
Мене така минатиот пат на денот кога требаше да стигне стоеше како уште ни курир да не ја подигнал. Им пишав на чат на Зара и одма го освестија, ама наредниот ден дури ми стигна. Пиши им за секој случај.
Ми стигна дека е превземана од курир, бев до Елс, уште не им биле распоредени. Ќе ми ја доставеле утре рекоа. Па се надевам ќе биде утре.
Сакам да вратам производ но кутијата веќе ја фрлив. Кај нив пишува стави ги во оргиналното пакување или нешто слично меѓутоа може во најлон/ќеса како од обичен бутик што даваат?
Само за деца секогаш има што да бендисам на детето често земам од таму, а за мене до сега само 2 џемпера имам купено, никогаш ништо не бендисувам. Исто и онлајн кога вртам се ми е никакво а кога видам членките што купиле се ми е убаво
Психички се спремам за попустите да не нарачувам ко луда како што правев за летните . Се надевам ќе успеам .
Еве ги почнуваат, пак истите работи во кошничка што ми беа сега се out of stock, исто како за блек фрајдеј, значи се спремаат за попусти и намерно тргаат одредени производи
Ја има ли некој јакнава? Дали е средна должина или подолга доаѓа? Како што пишува на димензиите ако е толку тогаш доаѓа повеќе кратка .
Ми пратија на маил return label меѓутоа гледам името презимето си е точно моето меѓутоа адреса стои сосема различна, што воопшто и не постои во мојот град. Ви се има ова случено на некоја?