Фала, порачани се. И фустан плус си порачав. Јас од попустот само успеав кратки панталони на маж да порачам. Друго се по редовна цена.
Џабе прашуваш, на секој различно стои. Ако ти се допага многу купи си го, барем јас така правам.Што џабе ќе прашувам кога, секој има различна градба на телото кг, облини.
Денес не требаше да има дополнителен попуст,лани мислам дека секој четврток намалуваа цени или грешка сум
@Powergirl! Според мене, во однос на горниот дел најдобро стои на девојките со помали гради, бидејќи едноставно така е и самиот дизајниран. Но, секако пак е и индивидуална работа. Важен и ставот и самодовербата да се изнесе фустанот. Порачај си го, пробај, ако не ти се допаѓа, ќе го вратиш Еве неколку различни девојки да видиш на која како стои отприлика: Спојлер: Black dress
@theunforgiven Пиши им на контакт центарот и прашај ги со сигурност, можеби политиката за Македонија им е различна
Па за Македонија прашувам јас, не се подразбира? )))))) Мислам, ти ми одговори дека и парфемите се на попуст. Можда е така во... не знам кај... Кај нас има многу разлики. Дури и сите парфеми ги нема. Баш тие што ги барам кај нас ги нема, а гледам дека се достапни во соседни држави.
@theunforgiven Прашав јас, не знаат и препорачуваат сам во продавницата да отидеш да прашаш Онлајн секако нема. Но, најверојатно нема ни во продавницата попуст. За достапноста е така за сите производи, не само за парфеми. А баш избрав еден од машките, бидејќи само со шифра можеа да проверат за попуст и баш тој го немало
Нема повеќе опција да се подигне пратката од база? Кој период од денот вообичаено ги доставуваат? Од 8ч дп 16ч сум на работа, која адреса да ја ставам за достава. Како правите вие?
Во најголем дел од случаите, мене ми се јавуваат во период од 10 - 14h. Можеш да пишеш адреса од работа или ако имаш некој дома може кога ќе ти се јават да им се јавиш дома да ја примат пратката. Ако ти се јават и не можеш во тој момент, може да се договорите кога можеш, а ако не можете да погодите термин, да ти кажат каде е и да си ја подигнеш од база. Многу зависи и од доставувачот, некои соработуваат, некои само гледаат да те откачат. Едит: ако ти се јават два пати за достава и не успеете да се договорите, ја враќаат пратката назад.
Ти благодарам за споделеното инфо Аника. Ќе ставам адреса од работа па ќе видам што ќе бидне. Уште нешто ме интересира. Дали доколку пишува дека моделот е поголем од вообичаеното нарачуваш помал број? Конкретно за панталони, вообичаено сум с број, дали сега да нaрачам хс.