Дали некој знае, дали ќе ги стават на попуст парчината од колекцијата love после денот на заљубените?
Нарачав од Зара, периодот за достава е од 4ти до 8ми, денес се 8ми, а на нарачката пишува sent. Од прилика за колку време ви стигнуват нарачките?
А на пример кога ќе влезете на Sale и на некои продукти пишува Coming Soon, кога ќе стигнат ќе бидат на попуст или?
Девојки, го има некоја фустанот да ми кажи како седи особено напред кај што се врзува и дали е true to size или треба бројче помал/поголем?
здраво, Мене пред два дена ми стигна порачка и јас уплатив на курирот но кога го отворив внатре фалеше една машка јакна не беше во пакетот но јас го платив пишуваше во фискалната сметка.Кога се јавив во зара овде ми рекоа дека треба да контактирам онлине од веб страната на зара зашто од таму доаѓале работите и дека овие само фискална ставиле овде. им пишувам два дена на тие еве ми викат ќе провериме и ќе те известиме но сеуште не сум добил ни маил ни ништо. Дали на некој му се случил оваа и како да постапим повеќе не знам?
Мене ми фалеше ременче од едни сандали, на едната сандала имаше на другата не. Им пишав два пати на страната, првиот пат еден од операторите ми рече дека не е можно бидејки секоја пратка поминувала строга контрола пред да го пуштат пакетот. По некое време им напшав пак и тој вториот оператор беше многу по фин од првиот се извини и ми напиша да го контакторам менаџерот тука во продавницата и ке ми го заменат или вратат производот. Така да биди упорна, или нека ти ги вратат парите или нека ти ја пратат јакната.
Мене. Јакната беше во друг пакет. Среќа јас видов одма, зошто пакетот што ми го дадоа беше многу лесен и мал, со два фустани, а јакнава е огромна и тешка и одма му реков на курирот дека тоа не е мојот пакет, да провери убаво. На овој пакет беше залепена сметката на која беше искуцана и јакната. Ме убедуваше дека тоа е тоа. Бев упорна, го прегледавме списокот со пратки и на него стоеја моите податоци два пати (како две пратки иако беа порачани како една). На првата стоеше вкупниот износ, на втората кај што беше јакната пишуваше 0 ден. доплата. Одма го најде пакетот, фактички една пратка во два пакети беше спакувана. Така да не ѕвони во Зара, пробај јави се во каргото што ти ја доставиле пратката. Мене ми рече дека секако ќе ми се јавел пак ко ќе видел дека има уште една недоставена пратка, ама со оглед на тоа дека на таа пратка не треба никаква доплата, тешко е за верување, секакви луѓе постојат.
Се изнервирав денеска ептен. Таман си одбрав артикли, одам buy, одбирам начин на достава и плаќање и на крај ми вика дека артиклите не се повеќе достапни Значи стварно треба да си го средат системот, срамота е фирма како Зара да има волку слаба апликација. И нека има некое правило во кошница кога ќе го ставиш артиклот да е резервиран бар на 15 минути, ако не се финализира нарачката за тоа време дури тогаш да се продаде на друг.
Имате ли некој искуство со враќање производи купени online директно во продавница, пишува дека може со сметка испечатена од профилот или симната на телефон и како е со повратот на парите ако враќаш директно во продавница дали дирекно на рака или исплаќаат на трансакциска? Производите ги нарачав online а ги платив во кеш на кутирот.
Нема никаков проблем. Го носиш производот на каса со фискалната сметка ти враќаат пари на рака. Фискалната ја имаш во пликото залепено на кутијата.
Не нема друг пакет и јас веднаш се јавив да проверат но еден пакет е ми рече само и од зара ми рекоа дека само еден пакет е спакуван.Тие операторите што пишувам веќе една недела ми рекоа дека ќе проверат дали навистина не го спакувале јакнаата. Еве денеска имам маил на македонски пишува да пополнам податоци за враќање на средства за вратен производ. Јас напишав број на трансакциска сметка, и податоците сега не знам дали ќе ги врата на сметка или не и до кога.