Дали има некој кој некогаш не ја подигнал пратката, а потоа повторно нарачувал од Зара и му стигнала? Дали на летната распродажба во јуни можат да се најдат и зимски парчиња гардероба, мислам на јакни капути и сл?
Можеби промениле нешто. Обично прават проблем и бараат стрикно замена после 15ти ден, без враќање пари.
Така е. Ова е предобар попуст. Скоро се е дупло намалено. Работи што ги порачав претходно, сега се на половина цена, само што го нема моето бројче.
Исто , маиците кои ги нарачав за 400 и 250 ден, сега се по 250 и 200 ден, фармерките се останати на 600 ден, а чевлите имаат навистина добар попуст до 70-80% . Порверувај почесто, и обично во подоцните часови многу работи ги има и броеви исто така. П.с јас ја откажав нарачката и нарачав одново и плус уште неколку работи бидејќи ваков попуст искрено кој би пропуштил, хаха.
Проверувај почесто ,и во доцните часови, јас досега скоро се што немало на залиха или бројче , успевав да фатам.
Девојки дали знаете доколку сакам да вратам online купен производ преку пошта дали повторно ќе треба да плаќам поштарина?
Онлајн купените производи преку апликација, се враќаат преку истото карго кое ти ги доставило и тоа сосема бесплатно . Или директно во продавниците на Зара. Доколку имаш нешто нејасно за враќањето пиши ми во порака ќе ти помогнам.
Дали се исти цените на апликацијата и во продавница? Некои работи пишува дека се достапни во продавница а ги нема онлајн не знам таа информација колку им е веродостојна.
Да , исти се цените. Мене ми се има случено да купам фармерки (во Ист Гејт Мол Зара) за кои пишуваше дека се онлајн недостапни и дека ги нема во продавница, а тоа го проверив веднаш во истиот момент кога бев таму. Не секогаш информациите за достапност се точни бидејќи нонстоп некој враќа артикли , заменува , откажува нарачка итн. И друго што приметив , кога враќав фармерки , на апликацијата беа недостапни т.е 36 број , штом ги вратив веднаш на апликацијата ги имаше на залиха повторно 36 број .
Јас капутот што си го нарачав сега е 1500 помалку. Сеуште ми е со етикета и имам уште рок за враќање Дали можам во Зара да ја добијам разликата во цена? Го барам за да го нарачам повторно, но нема мој број, а сепак не се малку пари Има некој вакво искуство?
Јас фармерките кои ги нарачав за 1000 ден, потоа паднаа на 600 денари, меѓутоа ми беа мали и ги вратив и ми дадоа 1000 ден, што значи ти ја враќаат таа сума која си платила за време на моменталниот попуст кога си нарачала. Но потоа од истите фармерки гоимаше бројот кој ми требаше и така наместо за1000 ги нарачав за 600, и бев во заштеда 400 денари, сепак не се малку, додека кај тебе е многу повеќе заштеда. Проверувај почесто има шанси да се врати бројот , најмногу во покасните часови, јас така ги фатив фармерките.
Kako da otkazam naracka na zara? Bidejki sakam da napravam naracka zaedno so nesto drugo pa da ne plajkam kargo dvata pati?
Кога ја направи нарачката? Ако стои сеуште на "купено'' тогаш на самата нарачка под адресата и предвидениот рок на испорака каде што го пишува имаш прозорче опции кликаш таму и има ''откажи ја нарачката'' само кликаш и толку. Мене кога ми беше во '' нарачката е во тек'' сакав да ја откажам но не ми дозволи но имаше околу два дена поминато, но сепак проби , доколку не бива тогаш пиши им на Зара , јас им реков дека нема да ја подигнам и направив ноба нарачка, исто уште некои работи сакав да докупам.