Го има ли некој капутов, да прати слика? Зијан ми е оти е тегет... Го видов еднаш у живо од далеку, ко црн да беше.. И веќе не го видов у дуќан, ни тука ни Мк...
Зависи пак до моделот.Ако е точен бројот стандарден ќе одговара величината што ја носиш, а може и потесен крој да е па да треба еден број поголем. Секако ризик си има онлајн купувањето, добро што има можност за рефундирање пари.
Широко многу стои? Дека рече струкиран е.Обично капутите знам им се оверсајз и дури и до два броја помал можеш да земеш, ако сакаш да стои струкирано. Е сега ако си ептен слаба, пример хс да носиш, ќе ти е огромен. Јас што носам м дури и л некогаш ако е потесно па еднаш влегов во јакна хс и таман ми беше.Мразам прешироки ствари, не дека и тесни сакам ама да биде уз тело така малку. Реално има избор во Зара и за покрупни посебно капути и јакни.
Јас лани купив еден баш во стело, струкиран и земав М наместо Л, и ми е скроз таман ама Л мислам дека поубаво ќе беше да земам. А пак поширок еден М земав и топ ми стоеше. Така да види ако е струкиран ептен земи си твоја величина ако е поширок може и помала. Дали само јас не можам кога има попуст basic парчиња да најдам? Значи блузи/џемпери што не се cropped.
Ги има ли некој овие фустанчиња? Пишува помал број од вообичаено. Не знам кое бројче да порачам, ми изгледа како доста растеглив.
Дали ако пример го вратам јас или некој друг одреден производ пак ќе го објават на апликацијата или само во продавница е достапно? И како знаат дека наскоро би стигнале тие и тие величини не ми е јасно? Дали штом некој откаже или не подигне пратка па автоматски ставаат coming soon на конкретната величина. Ако можеш и ако се достапни двете величини порачај ги па кое ќе ти се допаѓа поише задржи го, другото врати го.
Сега на крај на попусот ќе дремеш на апп 24/7 и ќе чекаш да ти се достапни парчињата што ги сакаш. Само во недела обично на ништо не прават restock. Со среќа
Барам кратки кожни јакни но да се со апликации-нитни да не се обични, моментално само обични се во понудата. Дали некој знај дали ке имаат повторно (пред некое време имаше)?
Здраво. Имам крзнена јакна Zara. Величината е XL, ама доста е широка. Многу малку носена. Ако некој ја сака, ја продавам за 700 денари
@Coco31 @no name5 да и мене секогаш ми стигале пред време, ама сега ми касни затоа прашав дали и кај другите касни доставата