Јас сум враќала директно во бутик цела пратка без проблем, одма кажав дека ми се мали работите. И пред да нарачам ги прашував вработените таму ( ова на почетокот) дали може да се врати сѐ, ако е мало.
Дечки какво ви е искуството со јакните од вештачка кожа на зара? Бендисав една, не е баш ефтина, 50 евра, па се мислам дали да ја земам. Ако се распадне за еден месец стварно не ми се исплати, а до сега се такви искуства имам од другиве продавници, се лупат одма јакните.
Имам јас таква јакна купена пред пет години, дури годинава почна малку да пука и да се лупи од внатрешната страна на јаката. Однадвор по самата јакна нема ништо, не е мрдната а баш ја износив. Толку некаде ја купив и јас, по слична цена и задоволна сум како ми се погоди и колку издржа.
Дали артиклите што ги пишува coming soon ќе ги донесат или да не чекам воопшто го проверувам скоро цел месец и уште е coming soon
И накит имам вратено! За маичка од 300ден ќе испонарачам 2-3 работи по редовна цена, патем и да ги пробам и без проблем заменуваат. За син ми 4 пара панталони и 2 маички одма ми вратија зошо не ми се свиѓаше како му стојат а јас обетки имам вратено, ама неотворени и непробани. Така да за тоа се топ. А за долна облека верувам дека не враќаат, не е ни во ред.
дали ги носите купените работи на хемиско, бидејќи имаше појава на шуга во продавниците на Зара во Подгорица. Ја си земав една јакна ,мислев да ја носам на хемиско ,но прочитав дека не е препорачано хемиско ,па сега се мислам дали ќе биде доволно само во машина да ја исперам.
Види по етикетата. Ако пишува дека може во машина, слободно испери ја. А за шугава, немам зборови. Прашање на време е кога ќе се појави кај нас.
Уау Ти се апдејтираше на апликацијата дека одма ја презел курир? Мене последниве неколку пратки цела недела и повеќе ги чекам… претходно многу побрзи беа.