MATEJ 5:3-12 " Блажени се бедните по дух, зошто нивно е царството небесно! " " Блажени се оние што плачат, зошто тие ке се утешат! " " Блажени се кротките, зошто тие ке ја назледат земјата! " " Блажени се гладните и жедните за правда, зошто тие ке се наситат! " " Блажени се милостивите, зошто тие ќе бидат помилувани! " " Блажени се чистите по срце, зошто тие ќе го видат Бога! " " Блажени се миротворците, зошто тие ќе се наречат синови Божји! " " Блажени се гонетите за правда, бидејќи нивно е царството небесно! " " Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонуваат и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови - заради Мене! " " Радувај те се и веселете се, зошто голема е вашата награда на небеста! Така ги гонеа и пророците што беа пред вас. " АМИН! POZZ...
Темата е ширење на Евангелието, како што и Самиот Наш Бог тоа ни го вели: 2.TИМОТЕЕВА 4:2 - "Проповедај го Словото, настојувај во погодно време и ви невреме, укорувај, забранувај, советувај со голема долготрпеливост и поука." И самиот збор ЕВАНГЕЛИЕ значи РАДОСНА ВЕСТ, па така мислам дека она за блажествата претставува навистина радосна, и не само радосна туку и утешителна вест. А јас не сум авторка на "темата" туку Самиот Бог, Кој за своја служба ги употребил пророцита и апостолите, вдахнати со Светиот Дух АМОС 3:7 - "Зошто Господ не прави ништо додека не им ја открие тајната Своја на Своите слуги - пророците." и 4.МОЈСЕЕВА 12:6 - "И рече: Чуј те ги Мојве зборови: ако меѓу вас има пророк Господов, Јас му се откривам во видение, на сон говорам со него; " Има и мн. други стихови каде што се потврдува дека Бог е автор на истото и дека апостолите и пророците се вдахнати со Светиот ДуХ и освен тоа дека ниту едно слово не е проречено по човечка воља...
Во различни текстови и преводи различно се среќава овој исказ, но смислата е: „Блажени во Духот се сиромашните, оти нивно е Царството Небесно!„ Христос 1989 година во својата објава „Ова е Мојата Реч - Алфа и Омега„ која всушност претставува Негово толкување на едно старо апокрифно евангелие, во поглавието Беседа на Гората, има дадено објаснување на секое блаженство поединечно, имено, што тие значат за луѓето на денешницата. Така зборовите: „Блажени се сиромашните во Духот, оти нивно е Царството Небесно!„ Христос ги објаснува на следниот начин: „Со зборовите „сиромави„ не се мисли на материјалната сиромаштија. Не ни донесува таа блаженство во Духот, туку предаденоста кон Бога, од која човекот го исполнува она што е Божја волја. Таа е внатрешното богатство. Со зборовите „сиромашни„ се мисли на сите оние кои не тежнеат кон личен посед и не трупаат имот...„ Целиот текст и Христовите објаснувања на останатите блаженства може да се прочитаат на овој линк или како засебна книга(достапна и на македонски).
Тешко вам, книжарници и фарисеи, лицемери, зашто двете десеток од нане, копра и ким, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова треба да го правите, аи она да не го оставите МАТЕЈ 23:23 Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Чашите и чиниите однадвор ги миете, а однатре се полни со она што сте го зеле преку грабеж и себично лакомство! Слеп фарисеју! Прво нека биде чисто тоа што е во чашата, па ќе биде чиста и надворешноста! Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемерни едни! Вие сте како варосани гробови кои однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со коски на мртовци и со изгниени трупови! На луѓето им се прикажувате како праведници, а одвнатре сте полни со лицемерство и гревови! Матеј 23:25-28
Тешко вам, книжарници и фарисеи, лицемери, затоа што го затворате царството небесно пред луѓето; оти, нити влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние, што сакаат да влезат. Тешко вам, книжарници и фарисеи, лицемери, оти ги појавувате домовите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добите поголема осуда. Тешко вам, книжарници и фарисеи, лицемери, зашто обиколувате по море и по копно за да добиете еден последовател, и кога ќе успеете во тоа, тогаш го правите син на пеколот, двапати полош од вас. Тешко вам, водачи слепи, кои велете: ако се заколна некој во храмот, не е ништо; но ако се заколна некој во црковното злато, виновен е. Матеј 23: 13-16 Тешко вам, книжарници и фарисеи, лицемери, оти ѕидате гробници за пороците и ги украсувате спомениците на праведниците, па велите: Ако живееме во дните на нашите татковци, немаше да станеме нивни соучесници во крвта на пророците. А со тоа сведочите сами против себе, дека сте синови на оние, што ги убиле пророците. Дополнете ја и вие мерата на татковците ваши. Матеј 23:29-32