1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

За поплавените региони во Македонија

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Snow-Queen, 4 февруари 2015.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На simonna.a, angelche16, Oneo и 4 други им се допаѓа ова.
  2. accipiter82

    accipiter82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    21
  3. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Македонците за Србите искршија нозе да донираат. Културно ропство и самогазење. Сега сигурно нема да видиме 30 страни испишани, а за џукели ќе напињаат 200 страни.
     
    На angelche16 и galapce им се допаѓа ова.
  4. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    1.На фб профилот на Urbano Opstestvo може да донирате што сакате.
    2.Во завод за рехабилитација од денес па до 15.02 се собираат ќебиња, храна, вода за пиење, хигиенски средства и облека.
    3.Се донира на 075 / 070 / 077 - 143 400
    4.Комити Скопје собираат парични донации
    5.Театрите ќе ги донираат парите од влезниците
    6.Се донира и во Црвен Крст и на жиро сметка

    Немојте ако сте неинформирани да се хејта и да се плука, ако можете овие информации споделете ги по социјалните мрежи со другите за да се собере повеќе.
     
    На AnA_1, Val-Dim, girl-miri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Од страната на Црвен крст - Македонија

    ПОМОШ НА НАСТРАДАНОТО НАСЕЛЕНИЕ ОД ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА ВО МАКЕДОНИЈА

    Црвен крст на Република Македонија на 04.02.2015 година во 12:30 часот во просториите на Црвениот крст на Република Македонија организираше прес конференција по повот поплавените подрачја во Република Македонија.
    Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити и Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на денешната конференција за медиумите информираа за состојбите во поплавените подрачја во Република Македонија и потребите на населението во овие подрачја.

    Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Владата на Република Македонија и повеќе државни институции веќе спроведуваат низа активности коишто се насочени за координирана и поголема поддршка на погодените граѓани во регионите во Република Македонија коишто се оштетени од поплавите.

    Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити и Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов ги повикаат сите граѓани на Република Македонија, сите приватни компании и приватни бизнисмени и стопанственици, македонската дијаспора и пријателите на Република Македонија надвор од нашата држава да се вклучат во овие хумани процеси.

    Во текот на вчерашниот ден се отворија и телефонски броеви за донации коишто се ставени на располагање и ги повикуваме сите да дадат свој придонес во оваа акција и во акциите коишто ќе следуваат со цел да ги обезбедиме финансиските средства коишто ќе бидат потребни за следната фаза, односно по повлекувањето на водата, по поплавите, да се искористат наменски за потребите на оние коишто се погодени и за домаќинствата коишто се во ризик како резултат на самите поплави.

    Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити даде преглед на дистрибуираната хуманитарна помош за 612 семејства со 197 пакети храна, 217 пакети хигиена, 801 ќебиња, 14.5 тони вода, 80 душеци и 36.25 диезентал. А донација преку мобилни телефони 070/075/077 143 400 за неполни 24 часа се собрани 619 000 денари а на сметка Фонд на солидарност 6300 –денари.

    Црвениот крст на РМ упатува голема благодарност до граѓаните за интересот и подготвеноста да се вклучат во ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Црвениот крст на РМ дополнително ќе информира за евентуалната потреба од вклученост на граѓаните за обезбедување на конкретна материјална помош.
    Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош преку телефонските броеви коишто се ставени на располагање на ONE, T-mobile, и VIP и тоа: 075/ 070/077/143-400
    Донација на средства во денари: СМЕТКА
    Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија
    жиро сметка: 300000001327966
    даночен број: 4030984271620
    АД Комерцијална банка

    Донација на средства во странска валута:
    NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
    BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
    BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
    BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
    SWIFT CODE: KOBSMK2X
    IBAN CODE: MK07300701000001228
     
    На Adina и sasaSasa им се допаѓа ова.
  6. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Донирајте за настраданите во Македонија:

    - 075/070/077 143 400
    - Сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
    - Донација на средства во странска валута:

    NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
    BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
    BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
    BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
    SWIFT CODE: KOBSMK2X
    IBAN CODE: MK07300701000001228

    - Online donation - Macedonian Red Cross
    http://ckrm.org.mk/cpay/test1.html

    Црвен Крст на Република Македонија
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Почнаа и партиите и здруженија да организираат акции за собирање помош. За донирањето за поплавените во Србија имаше многу народ, ама и имаше многу несоодветни и непотребни работи донирано. Видов стари играчки, зимница (за која од Црвен Крст кажаа дека не ја пратиле, да не е расипана и слично). Некои луѓе буквално подрум си исчистиле, па однеле ј што и да е , а не тоа што е потребно. Инаку во Србија помошта не знам дали завршила на вистинското место. Излезе после по сајтови дека на пазар паштети и конзерви се продавале. Инаку во Србија кај што одам на гости, во планинско гратче каде немаше поплави, а имаат само едно вирче што го викаат река, им дале бела техника на некои луѓе преку врски. Без поплави, без ништо.
     
    На Zorica76 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Јас не планирам да донирам пак, се јавивме еднаш, два пати на тие телефоните и тоа им е многу. Имам една другарка од Битола и секогаш кажува како тие селаните од Пелагонија сите некои палати имале со базени, како со субвенциите си купувале бесни коли сите со некои џипови, Ауди, BMW-иња и Мерцедеси возеле. Сите имале по еден-два стана во Битола и Скопје. Цели фамилии им биле пишани на платен список во јавни претпријатија, земале плата со дома седење. Како тие биле најголеми донатори на власта во тој регион. Според тоа што таа ми го кажа јас дојдов до заклучок дека се тие далеку побогати од мене и моите пријатели и немаат никаква потреба од донации. Сепак донирав од телефон колку да немам грижа на совест.
     
    На Zorica76 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    На galapce и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  10. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Не е хипстерско до толку да помагаш на луѓе, туку живот на џукели и мачиња стана повреден од човечки живот. За маскенбалот го дрвеа 10 дена. Не дај боже пак поплавите да беа во Србија имаше цел мебел од дома да им го донираат. Ќе ни пратат Србите по една телеграма на жалост и Сител, т.е. Латас ќе го дрви пола ден како Србија максимално е ангажирана околу поплавите.
     
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Како бе можете да хејтате за давање на помош и донирање КАКО?
    Без разлика за кој биле дадени тие пари, имале тие луѓе потреба.
    Не навлегувам за тоа како и какде се користеле тие донации, се работи за хумано дело.

    Македонска малограѓанштина, ситни и љубоморни души.
     
    На BoaVista, Avenged, tessie и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Си реков не вреди да рециплирам , ама морав , посилно беше од мене !! девојко се слушаш што зборуваш односно пишуваш ??? кои селани се богати? кои селани имаат по 2 стана и луксузни коли ? не велам дека по селата нема богати луѓе , ама се е тоа со нивна пот и мака , не знаеш како е да работиш во најголемите жештини во нива , затоа вака зборуваш , немаш ни поима колку им е тежок селскиот живот, и како тие селани се омаловажувани секаде и потценувани за својата бедна селска работа , за тоа како се испукани во рацете и како се црвени во фацата , ама џабе објаснувам тоа некои градски пуфли нема да го разберат ;)
    ЛУЃЕ АКО МОЖЕТЕ ДОНИРАЈТЕ А АКО НЕ НЕМОЈТЕ ДА ГИ НАВРЕДУВАТЕ СЕЛАНИТЕ , ОТВОРЕТЕ САМО НА ЈУТЈУБ ИЛИ НА ГУГЛ ДА ВИДИТЕ ВО КАКВИ БЕДНИ МАЛИ КУЌИ ЖИВЕАТ И ЗОШТО ТИЕ ИСТИТЕ ДА ИМ БИДАТ УНИШТЕНИ , ЗОШТО ЕСЕНСКАТА МАКА ШТО ЈА РАБОТЕА ЗА ДА ДОБИЈАТ ПАРИ ДА БИДЕ УНИШТЕНА ? ДРЖАВАТА НЕ НЕ ГЛЕДА , СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ВЛАДИНИ ЌЕ ПОГЛЕДНАТ 5 МИНУТИ И БЕГААТ , ОСТАНУВАМЕ НИЕ ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА СЕ ПОДДРЖУВАМЕ , СЕКАКО ОНИЕ СО ОТВОРЕНО СРЦЕ И УМ , А НЕ ОНИЕ БЕЗРБЕТНИЦИТЕ КОИ МОЖАТ САМО ДА ХЕЈТААТ !!!
     
    На Ella.313, ubavka1, sweet-cherry и 9 други им се допаѓа ова.
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    20.467
    И се да е точно тоа, тие имале, ама веќе не. Сега со поплавата изгубиле скоро се што имаат,зарем ако некогаш биле “богаташи“ сега не треба да им се пружи помош.
    А на страна тоа, дека баш и не верувам дека ваквата информација е многу точна, луѓето честопати ги генерализираат работите.
    Луѓе сме и треба да си помагаме. Ваква непогода може да се случи кај секој од нас.
     
  14. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.297
    Допаѓања:
    83.253
    Пол:
    Женски
    Вие што хејтате вакви сериозни работи и што зборувате со потсмев за овие сериозни муабети имате ли совест ?
    Па добро бе не гледај никогаш како си туку како ќе бидеш.
    Недајбоже да се случи нешто такво вие самите да ја доживеете судбината на овие несреќни луѓе кои целата земја и половина куќа им е во вода ,луѓе кои немаат чиста вода за лична хигиена а не пак за пиење.
    Нема зошто да хејтате и во ваква тема да објаснувате работи кои навистина немаат врска.

    Ако ти се донира донирај ако си во можност и завршена работа.
     
  15. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Da vidime srbija dal ke se pokaze sega nesto bar da donira kako makedonija sto se potrudi da pomogne.
     
  16. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Не сум јас малограѓанин, но не мислам да им бидам вечито на Србите рамо за тапкање.
    А, што не е точно во постот кој си го цитирала? Македонски села не постојат, затоа што со индустријализацијата и преселбата село-град, град-Скопје, град-странство скоро сите села се испразнија и во нив остана да живее претежно постаро население. Најголем дел од тие селани своите пари ги вложуваат во град. Таму градат, таму имаат куќи. Па, во Скопје кој ги купува тие новоизградени станови? Пола Источна Македонија има станови во Скопје, а тие станови чинат пари. Не е ништо бесплатно.

    Македонец не сака да живее на село. Тој менталитет ни е всаден многу време и тоа е тоа. Дијаспората не вложува во Македонија, а сите Македонци што живеат во странство ниту еден не се врати да изгради куќа во село, но нивни пари-нивна желба за разлика од другите малцинства во Македонија коишто и те како се што печалат го фрлаат во својот роден крај, но тука е во прашање менталитет, а се знае дека кога селото ќе изумре тогаш изумира се пополека.

    Ова не е 18 век, па целото производство да се врши рачно, туку постои современа земјоделска механизација за обработување во коешто ти треба само да седиш., лол! Кој тоа тие селани ги потценува кога скоро сите селани се на функции во Македонија. Кога ќе ми текне само какви села, природни убави сме запустиле, а на нивно време се доселиле рамковни ми иде да се убијам. Затоа сега сите ќе се гужваат во трособни станови со нечист воздух и канцер. Мене најголем дел од комшиите ми се доселеници коишто после напуштањето на селото никогаш не стапнале таму.

    Инаку, се сложувам. Не треба да гледаме сеир на туѓа несреќа. Сум помагал, помагам и ќе помагам на секој Македонец кој заслужил, ама КОЈ заслужил. За одродници ни денар нема да фрлам.
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ај доста со политики бистрење и мешање баби и жаби ако сакате да донирате донирајте ако не не морате,секоја тема мора да се претвори во пеколна дискусија и препуквање...
    Јас донирав со братми и таткоми со по една 100ка никој нема да се осиромашиме бог да чува не дај боже ова да се случи на било кој...
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Заводлива Ајкула

    Заводлива Ајкула Нов член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    А знае ли некој кои градови поточно се поплавени? :worried:
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Ние дониравме. :)
    Кој е во можност нека донира.
     
    На LittlePinky и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    За жал тоа е реалноста:
    Поплава во Сρбија:
    -Новаκ Ѓоκовиќ дониρа 10.000.000€
    -Ана Ивановиќ 1.000.000€
    -Дејан Станκовиќ 6.000.000 + хρана и опρема итн.
    Поплава во Маκедонија:
    -Гоρан Пандев на плажа во Истамбул
    -Κиρе Лазаρов на шопинг низ Баρселона
    -Пеρо Антиќ се тетовиρа во Атланта

    (Може ги немаат тие нивни примања, ама за нешто симболично сигурно имаат)
     
    На Salome, Hipster, joy1 и 7 други им се допаѓа ова.