Не ја пратам баш внимателно и редовно серијава во последно време, ама ете наслушнувам по нешто. Само ќе кажам дека Назли, Фериде и Караман се веќе неподносливи. Аууууу колку нервираат само Секаде се мешаат и сакаат се по нивно да е! Си земаат за право на сите да се дерат ко луди и за се тие да одлучуваат. Оној пат кога Назире сакаше да се разведува- "ауууу па како така без да не праша нас"- па што има па да ве прашува вас, ако не па и во кревет легнете им, меѓу нив двајца! Исто кога првапат отидоа со Рушен на лекар. Фериде се убацуваше на секој збор. Се знаат тие, најпаметни... И Рушен стварно многу го трпи Караман, јас не би можела... Колку ми беше жал за него кога стоеше на мостот да скокне, ама стварно жал ми беше! За Назли ноу комент. Како прво гласчето веќе не и го поднесувам. Лигла невидена, по лигава е од Саваш и Јасмин заедно За секоја ситница си оди од дома. Да сум на местото на Нико ќе се разведам од таква жена жими се! Мамо маааа, Нико ова, Нико она...
xaxa mene mie premnoguu smeshnaaaa samo glupostii pravaat i kazuvaat xD xaaxa sega najinteresno ke bidi stariot pr4 i gr4kata veshtica koga ke se zasakaat ^^ xaxaxa
назли,караман и фериде ми се одвратни стварно.... посебно назли,за се скока,за се се буни,а и фериде,мајка ова,мајка она. бууууууууууууууф рушен го жалам ептен,што се не му направија на човекот... катина,мустафа џан ми се срцки најголеми а посебно грчката вештерка и стариот прч,абе нема љубовта граници
Мене цела компанија од на Назли фамилијата ми се ужасни, понашање нула. Нико...јака му душа, ама коа си запнал нека ги трпи... Ставро ме нервира, толку години начукал, уште по паметот од мама оди, златна жена како Елени ќе си загубеше ради тие глупости. Рушен ќе се фрлал...е фрли се де, коа си глуп. Мирен, добар, ама знае многу подол да биде. Елени и Катина ми се омилени од постариве женски ликови. Елефтерија и Мемик ми се ко мали деца...па аман више претераа!!! Џелаир ми е многу смешен со тоа фаците, нема лоша душа, колку само им се радуваше на внуците, ама па б'цкало е бре Кадир и Стела ми се срцичи... Спојлер зашо ќе се разведат бееее P.S. Гледав некои сцени на турски од серијава...зашо така чудно ми звучат, ко Арапи да се, не Турци...?
Да Елени и Катина се супер. Спојлер посебно кога ќе се испијанат Да не знаете случајно што ќе биде со Катина и овој нејзиниов, стварно ли е машка спонзоруша или тоа детето негово разгалено така само зборува? Баш сакам Катина да си најде некој со кој ќе си го помине животот, срцка ми е. За Мемик и бабата исто така се сложувам дека се како деца. А за Џелаир уште пред некој ден сакав да пишам ама заборавив. Натпреварот за баклави кога беше јас за него навивав. Не знам зошто. Ете се Назли и нејзините ги истакнуваат, се нешто тие, па можеби затоа. Стварно сакав овој да победи, плус порано ме нервираше ама па сега ми е ок одкако се ожени со мајка му на Рушен.
оф бее се` ја мешам со таа гркињата од евровизија (со имињата само да се разбереме)...како се викаше бе...Ефтелијаа бе...
Леле моите гледаат без престан. Најитересно ми беше кога Нико сонуваше како му прават сунет хахахахахаххаха, интересно ми беше после кога му правеа демек сунет па фацата негова абе смешки. А нели грчката вештерка му праќ џемпер и писменце овој си го мерка прчов хахахаххааха смешки, серијава.
хахахахахахха најуба серија !! сега кога ќе биди нај интересното стариот и "вештерката" кога ќе се засакаат
Нема хумор, нема хумор. Нова трагедија. А пак оваа Назире страшно почна да ме нервира, глупава. Нема возачка, ниту знае да вози автомобил сакала црвен автомобил. Многу ме нервира серијава, ќе престанам да ја гледам... наместо да ме развеселува јас ја гледам дебилната Назли која ја кириви устата и му замерува за секоја ситница, Караман како што се дере и се вцрвенува како домат, ушите ми ги потапани, Мистик Џан ми е досаден со таа Зехра, а како го третираат то е друга приказна, Назире која глуми лудило и писка, Фериде и фамозното мајка,мајка и пиштењето, гласот, Џелаир и неговото идиотско смеење, а нема лоша душа човекот, ама претерува, Доне не ме нервира, ама смеењето и е ептен сељачко и лудо, Хамит простикав е ама не пречи и тие новите двајца, Хикмет и неговата мала размазена ќерка. Океш па како го третира Кадир, како смее бе онака, полнолетен е ќе прави што сака. Нема сеуште 8 години, па да го вика магаре и да му ги тегне ушите. Да бев на негово место, си ги земав парталите ќе се преселев, ќе заработував и ќе застанев на свои нозе. Единствени ликови што не ме неривраат се: Кадир, Стела, Мемик, Ефтелија, Елени, Ставро, Катина. Не сум пишувала реферати, ама 2-3 епизоди ако тераат вака, готово 1 гледач помалку.
^ Нема да ме чуди Нико да ја изневери Назли со неа, па убаво ќе направи, искрено иако и оваа Езра не е лепотица.
Најлош пар-Назли и Нико! Не си одговараат.Назли е убава,ама поголема сељанка од неа нема,односно поголема болна и љубоморна личност,Нико заслужува мн подобра. Најдобар пар-Мемик и Ефтелија! Мн ми се интерресни заедно,најинтересни се. Инаку како што ми мириса и јас нема повеке да ја гледам серијава,зашто е стварно глупа,односно глумците се глупи.