1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто луѓето повеќе го коментираат моралот кај женскиот пол отколку кај машкиот?

Дискусија во 'Психологија' започната од hellocity, 3 ноември 2020.

  1. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Ова го имам искусено со мојот бивши дечко но од кога раскинавме, значи раскинавме што раскинавме и после 1 месец ми пишува сакаш ли да имаме односи и јас викам не сакам, јас и ти не сме ништо веќе ако сакам да имам тоа ќе биде од кога ќе си најдам нов дечко и ако сакам можам слободно со него и бившиов ми вика не сакам друг да те е**, не може така, викам шо ти е бре тебе шо сакам тоа ќе правам, кој си ти да ми забрануваш мене такви работи и потоа го блокирав.

    Тој исто така додека одел со мене дознав дека бил неморален и имал секс со други неморални девојки, а пак од друга страна мене ме чувал за себе како прибрана свашта.:fubar:(n)
     
    На Justicija и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Вишиус

    Вишиус Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Не е Македонче само. Ова е секаде во светот. Темава е одлична, ме интересира дали вие феминки сте се соочиле со некакви предрасуди и вербални напади од некого во врска со тоа колку партнери сте имале? Или можеби некој не директно вас ама на вас ви кажал општо дека жените се лесни, само за пари, голд дигерс, и.т.н?
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ти си одговор на прашањето од насловот.
     
    На nextredstyle, Bezimenka90 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    Некои од вас појма немаат што зборат:D
    Дали ако некој министер си даде оставка од морални причини, тоа значи дека бил неморален:?: А дали тоа значи дека ,,одел,, со ,,лесни,, жени:^)

    Многу, значи многу ми пречи кога не го знаете значењето на зборовите. Можеби, кога би го знаеле, и самиот предмет на дискусија не би постоел:?:
     
    На nextredstyle, theowndemon, edna_malecka и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Во патријархалното воспитување, кое не ги научило да се ценат себе и дека мора да имаат маж.

    Мислиш...да изневерува? Не е нешто што го прават само жените.

    Ист одговор како точка 1.

    И кој е крив за тоа?

    Си помислила некогаш дека до тебе е проблемот лично? Изгенерализира, ама не сите имаме вакви другарки. Ти вакви си бираш.

    Па ете почни од себе. Темава се однесува на луѓе како тебе. Ако престанеш да го коментираш моралот на жените дека биле лесни и сами си го барале, ќе бидеме еден чекор поблиску до целта.
     
    На S.W.A.G, Angie1432, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    21.513
    А зошто воопшто мора да се коментира? Зошто секој не си ја гледа својата работа и зошто не се престане со оговарање кој што прави?

    Покрај патријархалност, проблемот е што луѓето премногу се замараат што прават другите и мудруваат како треба да се прави, како е паметно да се живее, која е шемата за правилен живот.
     
    На S.W.A.G, WildMk, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Како се бореле? Правиш муабет за оние пештерскине луѓе или тие на двобој што се повикувале?
    Толку ви годи на егото некој да се прецвикува да се утепува од трчање за да ве фати?

    Најверојатно и ради секс е, не само ради превоз, пијачка и чизми. А да, и ташна. Кутрите мажи, некогаш и одмор мораат да им плаќаат.

    Значи љубоморна си. И загрозена од тие 60%(уште се мачам да сфатам како израчуна и дали се 60% од жените во МК или во светот).
    Епа совет: Јави се ти. Само не знам како може да ти е криво што по тебе не трча маж кој инаку би трчал по неморални жени :/

    Како никој не е крив? Не се жените криви?
     
    На GirlRose, S.W.A.G и mode-kristina им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.745
    Пол:
    Женски
    Јас не знам зошто се запрепастив од коментарите кога трансгенерациски, несвесно е пренесена мислата да се плука по жената и то се случва со два коментари тука ( ко читав покасно другиот коментар бев као - оти си изненадена? Оти?).

    Накратко, ова е по теми кога се караме за "нормално" и "не нормално". Оти нормалното е уствари прифатено толку одамна што по дифолт го прифаќаме и тешко ни е да прифатиме нешто друго.

    Ама добро е шо имаме пример. Се збора за грешките на мажите ама се плукат жените. Сериозно, одличен пример за темата.
     
    На mode-kristina, noteforself и nextredstyle им се допаѓа ова.
  9. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    1.733
    @MissChievous , се коментира од проста причина што особено тука во Мк живееме сврзени едни со други.Секој се познава со секого и многу често ваквите неморалности се со извршување во ужи кру.Господе чувај ме од непријателите од пријателите ќе се чувам сам(така ти излагува)г. И не е до Патријархатот како што сакате да наметнете како проблем. Јас 90% од времето го поминувам со припадници од машкиот пол дали работно или приватно и никогаш на тацна не ми биле ставени моралните вредности а со нив сум пиела ,шегувала , зборела за се. Додека со жените ,на саат кафе муабет,ако испиеш чаша плус, се коменитра а тие вечерта предходно биле лом напраени. Моево пупу не важи излегува.
    @candy.cane ни еден маж не трча по неморални жени туку сами се нудт на тацна, другово мислам и без врска е да ти го коментирам затоа што не држи вода.
     
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.640
    Допаѓања:
    116.332
    Пол:
    Женски
    @Summerbaby Атаков врз жените не ти чини.
     
    На mode-kristina и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    21.513
    Ова е само оправдание. Всушност, до кога ќе се користи ова оправдување? Дали некогаш македонецот ќе погледне во себе и ќе се потруди да биде подобро човечко битие без разлика што е роден во Македонија и живее во Македонија? Дали поради општиот менталитет вечно ќе живееме прифаќајќи го општиот менталитет како таков и никогаш нема да го промениме? Заеби. Да кажеш дека нештата се такви само затоа што станува збор за Македонија е само оправдување.

    Еве јас не го правам тоа со моите другарки. Така да, можам да заклучам дека тоа е твое лично искуство и не е фер сите жени да ги ставиш во ист кош. Ниту мнозинството жени. Барем биди искрена и речи дека тоа е твоето искуство, а не општата вистина.

    Зошто е неморална жената ако се "нуди на тацна" (да не е парче торта па се нуди на тацна??)? Ако жената е сингл и сака да има секс со кого сака, тоа е неморално и она е неморлна? Дали истото важи и за мажот?
    Уште поважно, дури и жената да му се "нуди на тацна", он мора да има односи со неа?
     
    Последна измена: 8 ноември 2020
    На Annath, S.W.A.G, mode-kristina и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.591
    Допаѓања:
    36.811
    Пол:
    Машки
    Затоа што мажи не коментираат машки морал, а жени се први да коментираат женски морал и да се напаѓаат сами меѓу себе.

    Форумов е најголем доказ за тоа.
    Оговарања зад грб, сплетки, интриги, судење, исмејување, вадење јавно на прљав веш.

    Од друга страна има машки членови на форумов без никаков морален, етички и било каков компас, ама за нив збор не се коментира, напротив, добиваат на популарност.
     
    На Peperutce1115, mode-kristina, Summerbaby и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Еј за ова си скроз во право.Денес имам чувство и дека се наметнува да е срамота да имаш повисоки стандарди, зашто одредени жени веројатно мислат дека на некој начин се понижуваат и си ја загрозуваат "еднаквоста" ако имаат одредени очекувања кои се над тоа што треба да се рачуна за минимум.А особено на форумов го имам приметено тоа.Другото не го прочитав и не коментирам, ама ова ми падна во очи иако не е баш дел од темава.

    ***

    А и ова сакав да кажам, многу ми е интересно како земате за пример случаи на изневерување и вината автоматски ја префрлате на жената.Двајца учествуваат во неверство, нели? Или мажот смее да изневерува?Одличен пример зошто постои темава.
     
    На S.W.A.G, noteforself, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ај кажи ми што, според тебе, спаѓа во 'неморалност' и 'неморални'?
     
    На mode-kristina и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    @Summerbaby, извини, ама самата себеси си контрадикторна. Ние не наметнуваме дека патријархатот е причината поради кое се случува ова, туку тоа е вистината. Дека ниеден маж не трча по „неморални“ жени, не е точно, колку и да не сакаш да го прифатиш тоа. Сите жени ги ставаш во ист кош. Знаеш ли колку женети мажи има што кријат дека се женети? Не се сите такви, но ако мажот изневерува, а притоа крие дека е женет, овде најмалку виновна е другата страна. А ако откриеш дека се, ти велат „Па, што ако сум женет?“. Да, жените сами се нуделе, не дека нема такви, ама за мажите зборуваш како да се светци.

    ПС: Среди си го правописот, а потоа добро размисли пред да напишеш нешто, особено пред да зборуваш за туѓ морал.
     
    На nextredstyle, candy.cane и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Прво информирај се за мажите тука пред 30 години дали биле пештерски луѓе!!!
    Второ премногу си примитивна за да го разбереш мојот пост затоа и ти се толку глупави контра репликите !!
    Трето имам партнер и му се јавив не се секирај ;)
    Четврто не одобрувам секс со женети ако ти одобруваш тоа е твој проблем не мој
    Петто ми оди мн математика и така лесно пресметав
    Стандардите се премногу спуштени ,лицемери на најако пуштено , фала богу се гордеам што не сум се впуштила во безвезна авантура каде што би растурила врска или брак ,и секогаш ми биле одбивни женкарите
    Мораш да разликуваш што е нормално а што е ненормално !! Патем мене и не ме занима кој со кого се плеска ме нервира лицемерието и лажниот морал!! Јас повеќе поштовам една проститутка што си кажува стварно што е отколку некоја што оди со женат маж скришно и глуми светица ! Ја разбираш поентава ????
    Ајт таму
     
    На Summerbaby и LadyD им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    Две прашања:
    - само за женети ли важи моралот? Ако се слободни, може секој да си ги ужива сексуалните слободи?:?:
    - кој е тој лажен морал, а кој е вистински, да знам да ги разликувам? :wasntme:

    Море што комплицирана испадна темава:drunk:
     
    На nextredstyle, candy.cane, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Секако дека слободен маж или жена може со кого сака да излегува и да се омажи/ожени
    Второто прашање прашај го чичко гугл :rofl:
     
    На Summerbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    А мора ли да омажи?:o

    За второто прашање, гугл не знае за лажен морал:?:
    А моралот баш не се однесува на сексот ексклузивно, вики вика така
    https://mk.m.wikipedia.org/wiki/Морал
    Едино Фемина знае што е лажен морал:o
    https://forum.femina.mk/threads/Лажниот-морал-кој-не-затупи.15026/

    Ај вие што имате родители, кои биле морални пред 30 години, да ги прашате дали во секое школо учеле марксизам. Јас сум од тие пред 20, социологија и филозофија учевме. Да не има и тоа нешто врска:?:
     
    На Cacii123 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  20. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Значи ти пишав ако САКААТ !,НИШТО НЕ МОРА , МОРА САМО ДА СЕ УМРИ !!
    Лажен морал знаеш на што се мисли и веруј знам и јас да терам мајтап ама за
    тоа бан се добива ;)