1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто (не) сакам да читам?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 27 септември 2011.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    Сaкaм дaчитaм. Нo нaјверoјaтнo не ги пoгoдувaм пo вкус. Читaм дo пoлa и oстaвaм сo причинa не ми е интереснa. :sweat:(n)
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vrapce.b

    vrapce.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    Сакам да читам бидејќи со книгата патувам на места кои немам можност да ги посетам, се соживувам со ликовите, се ставам во нивна улога, и така. Убаво ми е кога сум сама, со добра книга во рака, која откако ќе ја прочитам, ме остава да размислувам за нови светови, подобри времиња, времиња во кои живеат херои. :D
     
    На Pacifist и toogood им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Сакам да читам. Пред мене се отвара нов свет. Од книгите може да се извлечат важни поуки. Го збогатуваат речникот.
     
    На Pacifist и sjdgo им се допаѓа ова.
  4. хОхси

    хОхси Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    146
    Сакам да читам бидејќи тоа ме опушта и едноставно уживам во тоа ... ги замислувам ликовите како разговараат , дејствуваат пред мене едноставно се внесувам (y)
     
  5. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.665
    Пол:
    Женски
    Сакам да читам,имам доста книги дома,но време немам :(
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Сакам да читам бидејќи така сум научен од најмали години. Морам да се држам до тој столб. Да отворам хоризонти, да го држам умот зафатен со нешто што те само надградува како личност.
     
    На sjdgo и КикиМаус им се допаѓа ова.
  7. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    За разлика од повеќето луѓе кои започнале да читаат од рана возраст, јас не секогаш ја имав таа страст кон пишаниот збор.
    Книгите ги гледав како училишна обврска која беше неопходна да се исполни и нетрпеливо ги броев страниците додека да стигнам до крајот на самата книга. Но, со текот на времето се сменив. Ако тогаш сум чувствувала одбивност да читам, сега постојано сум покрај рафтовите со книги по маркетиве или во библиотека, и со душа чекам да имам слободно време за да се изгубам во свој свет и во длабочината која ја нуди книгата.
    Понекогаш намерно полека читам затоа што лесно за приврзувам и после ми е тешко кога ќе ја завршам, иако е само предмет.
    Затоа можам да кажам дека сакам да читам книги затоа што во нив пронаоѓам мир, инспирација, си дозволувам да се соживувам и да ги анализирам ликовите. Освен тоа, со секое читање го издигнувам својот речник на едно повисоко скалило.
    Пишаниот збор ми овозможува да се изгубам од суровиот свет во кој живеам и да ги пронајдам оние нешта кои ретко се наоѓаат во реалноста.
     
    На Pacifist и КикиМаус им се допаѓа ова.
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.920
    Допаѓања:
    49.981
    Пол:
    Женски
    Веќе со години читам книги и нема ништо поубаво од тоа да читам книги.
    Некако ме релаксираат книгите, потонувам во тој свет којшто е запишан во книгата.
    Се задлабочувам во нив и се исклучувам од реалниот свет додека читам и се околу мене исченува.
    И за крај можам да кажам дека книгите ми се најдобри пријатели.
     
    На Pacifist и КикиМаус им се допаѓа ова.
  9. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    Сакам да читам затоа што тоа ми е еден начин да избегам од реалноста и да влезам во мој свет.
    Како балон во кој сум јас и приказната која се прикажува во мојата глава.
     
    На Pacifist, Mrs. Lovett и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Сакам да читам за да си го занимавам мозокот, да го одржам вокабуларот на ниво, да не ми закржлават странските јазици, да дојдам до некое сознание или да ги обновам старите.
    Не сакам да читам затоа што ми одзема време за кое ми е мака што не сум го искористила некаде надвор, повеќето нешта кои ги среќавам во книгите се непрактични и оние денови кога читам книга сум поуморна, повеќе ми се спие.
     
  11. AnnabelLee

    AnnabelLee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Сакам да читам поради многу причини. Еве неколку од нив...
    -Бидејќи не се дружам многу со луѓе, има денови кога тие ми претставуваат многу голем дел од мојот живот. Позадоволна сум во нивниот свет, наместо во овој реалниот.
    -Нова перспектива.
    -По некој нов збор
    -Среќавање на всушност интересни, генијални ликови.
    -Вежбање мозок. Се прашувам што и требало да направи ликот или како јас би постапила или соодветно на него, ако реакцијата ме изненади како не сум увидела претходно, значи анализа.
    -Уживам да бидам во времеплов, на некој начин.
    -Ми будат емоции што луѓето не ми будат.

    ...Со секоја наредна исчитана, јас сум се подалеку од земскиот свет, ме затвараат, очекувањата од светот што ме опкружува ми се судира со оној од книгите. Но нема да престанам.
     
    На Pacifist, cresa-jagoda и poenta им се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Сакам да читам и читам...
    Читањето е процес на лично интелектуално надоградување, умствена терапија и проширување на животните видици.
    Низ страниците на книгите светот е достојно место за живеење. Моќта на пишаниот збор ја открива човечката димензија, филозофијата на постоењето, емотивната комплексност, историската хронологија на настаните, временската дистанца, судирот и разликите на различните култури...
    Секој прочитан наслов е духовно богатство, допир со нова приказна низ компаративни постапки и анализа на постоечката реалност.
    Изборот на книжевната уметност за најдобар пријател е вистинско решение од многу причини.
     
    На Anah, Pacifist и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Читам да ама само кога ми останат вишок пари и си купам нејкам библиотеки да ги вракам мое си е мое, сталажичката ми е пуна :D неможат секакви да читам, ме исполнуваат, некако бегам од реалноста, проблемите, и учам нови работи.
     
  14. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    1.451
    Пол:
    Женски
    Обожувам да читам.Знам дека има луѓе што читаат секаков жанр ама јас тоа го не можам.Читам затоа што за момент можам да си дозволам да не сум тука туку на некои друго место,други култури...Научувам по некој нов збор или пак читам на некој друг јазик и така полесно научувам.Една од омилените работи ми е да дискутирам за некоја книга со некој друг кој ја прочитал истата таа книга...Исто така доаѓам до знаења од различни теми и така можам да се приспособам кон секој разговор...
     
    На Pacifist му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    32.105
    Пол:
    Женски
    Не сакам да читам. И не читам. Ме заморува читањето. Додека одев во школо читав затоа што морав.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Сакам да читам... ама морам да признаам дека и читањето, како и секое друго хоби кое го имам, ме фаќа на фази.
    Има периоди од месеци-година, кога само читам.
    Има периоди од месеци-година, кога книга нема да опулам.
     
    На Pacifist му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    А одлично се изразуваш во пишана форма, значи читањето како хоби нема врска со тоа, единствено потребен е бистар и одморен ум.

    Јас периодов многу читам и сум исцрпена, се чувствувам како да функционирам под рокови. Годинава ќе ја истерам така, после ќе намалам или прекратам.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    32.105
    Пол:
    Женски
    Не сум љубител на книгите. Во средно коса ми се креваше кога требаше да читам. А и немам време. Премногу обврски.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Јас тогаш сакав да читам, после се заситив. Сега читам барајќи нешто корисно во книгата, да ми се најде, а не оти ја возвишувам литературната уметност. Мајка ми ме навикна да читам, на 3-4 години ми купуваше книги.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. citalka

    citalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Сакам да читам за да се исклучам од реалноста и затоа што премногу ми се подобрува концентрацијата. Исто така колку и да сум исцрпена, кога читам ми се релаксира мозокот :sun:
     
    На Pacifist му/ѝ се допаѓа ова.