http://www.youtube.com/watch?v=QJxlX6NQ_O8 мојата наааајомилена песна. Кога и да дојдам до делот кај што ја има песнава не ги праам тие чекори почињем со моја кореографија абе ни жаде не ми е рамна хаха. Најинтересна ми е. Денес пак го пробав скалпт енд тоун ама неам кондиција бре се уморуем многу брзо =/
Пробав и јас со зумбава и сестра ми ме гледа и ми вели- што скокаш ко врабец? Ако ништо друго ќе научам некој чекор
Moжи секој ден отчитување? Ако ме нема еден ден на темава, опнете ми една воспитна Озбилно. Шејк мај ес, ама шеееејк, ми се тресе сега, еве сега седнав едвај, душа да зберам. Навечер ненавечер битно е дневната доза да се сработи И плус хиперактивни ми се нозеве и рацеве, еве и седната ги мрдам , играм, тресам Гад блес Зумба и феминката што ја откачи тука
Кате јас веќе се заразив со зумбава,само зумбувам цело време имат резултати :geek: што убаво,а не јас пустата се мачам со класични вежби вака ќе позумбувам и одма резутати :geek: да не дознаев за зумбава,немаше да зумбам :geek:
Мрш сите онаму во темана да дадете рапорт кој колку вежба зумба и како ште ве молим . Ја не зумбувам, треба пак да почнам,чекорите брзо ми ги правеа не можев да ги пратам си правев по мое и се одкажав, си зумбувам на мој начин на мои песни, ама ќе треба да следам некоја екипа од јутјуб за да зумбувам правилно .
Оф леле јас мака видов денес. Со полн стомак е ај оди зумбај Он вика ју кен до ит! А јас си вриштам АЈ кееееннтттт И се потам обилно Е памет за друг пат
Зависи колку време вежбаш,јас вежбам 1 или 2 часа на ден,кај мене веќе за една недела има резултати. Иако јас и претходно си вежбав, пред да зумбувам. Рејнбоу и јас фатив да вежбам со полн стомак за инат, малку тешко беше, ама се снајдов.
Само што завршив со 30 минутно зумбање. Се препотив убаво Па денеска скара се напукав, благо исто......пола саат сабајле, пола саат сега....ваљда сум елиминирала нешто хахаха
Јас сега на она sculpt&tone се нафатив, морам убаво да го научам. Само ме нервира делот со африканскиот бит, рипам како мајмун во џунгла Ама ај, уште некој ден па ќе биде.
Ухууухх ова Скалпт енд тоун, не знаеш каква бев.Просто се губев кога ќе спомнеше таа. Патосот си го дупнав, како рипав...ти мајмун,јас како слон во џунгла. Да не гледа некој комшија,комшика од надвор не знам што ли ќе помисли. Спојлер Вака нешто,ама дупло полоша верзија.
И јас ви се придружив од денеска со видеото на Трендафилка...денеска почнав од почеток и издржав 40тина мин. Let's go Girls!
Јас со сега зумбав со видеото на Трендафилка и сега се чуствувам многу полесно. Како ми дојде зумбањево на гладна душа охохо...Има да се направам шлаг за летово
Дечки, јас сега го завршив Skulpt&Tone и јес да има повеќе вежби и трае подолго, но не ме премори како што очекував. Плус, си имам и тегчиња од 0,4 кг, вежбав со нив. Сепак, 20 минутното видео не го менувам за ништо, многу појак интензитет има, барем за мене. Изгледа ќе одам еден ден со едното, а друг со другото видео.
Интересна е зумбава, не викам не, ама имам некое чувство дека од неа нема некои резултати.Се потам и изморувам многу, ама пак ми е некако лесна, што би ме ослабело или затегнало онаа чувена поменада Ама ајде ќе видиме за некоја недела
И јас од денес почнав да зумбувам, ама тешко ми оди со чекорите. Битно се тресам, трошам од калориите. Ќе научам . Дома сите се смеат, а јас играм, чекорите да ми ги видете, ама се трудам .
Денес го вежбав само дваесетминутниот дел и умрев, се препотив а планирав 2 пати да го изиграм демек малку да не ми е 20 мин