@hello-kitty.90 имам садопер, не смееше да се пропушти тој хит @Larahappy табла имам, ја играше 2 месеци па почна да ги јаде кредите или да ни ги подметнува во кафето. За баланс точаче може да размислам, моментално имам поголем што активно се користи и тротинет поретко. За куќичка немам место во стан сум, има шаторче во соба.. Еден куп играчки има ама сакав да и купам нешто...
Моето на бувчињата кога ги гледаше на тв многу им се радуваше,му го купи мајка ми,онака го зема и не се израдува нешто посебно. Ене го стои во креветче,не го ни погледнува. Иста возраст се моето и твоето @mamaJana па ако не е заинтересирана многу за плишани играчки,џабе ќе го зимаш. А да видиш во Џамбо има многу интересни миксер,микробранова,блендер, машина за перење, бебиња со разни реквизити...
Убава ти е идеата со кујнски реквизити, кујна има и секое сабајле ни вари кафе па би требало да и е интересно нешто такво. Плишани играчки купови, игра со нив ама ретко, повеќе сака водени и дрвени бои, пластелин, покреативни да речам.. Инаку денеска е во докторско расположение па ќе побарам лекарско куферче
Мајки каде да најдам ваква дрвена табла со сметалка и часовник? По можност да се пишува со креда, во детски играчки е распродадена.
Јас сакам кујна ама да направиме неможам да давам мн пари за купена, скапи ми се. @Milaаа991 си направија сами преуба му е, ептен е профи Со плишани не игра мојот ич, ги фрла. 2 год и 3 месеци, мн сака сложувалки и се слично на нив,сега овие му ги купив.
Многу слични на тие имаш овде: Story box toys and books. 50 парчиња од дрво во разни форми. НИе имаме на Пино PINO Kocke blokovi (50 komada) | Pino Toys (pino-toys.rs) Вакви некои купени во Беверли трговскиот во Фото студиото. Еве ја и страната со инструкции од самите Пино Gde kupiti Pino Toys igračke? | Pino Toys (pino-toys.rs).
Втор ден самоизолација а јас веќи побудалувам со децата.. бебе е ок, ама големава никакво понашање, сака надвор, дома е нервозна.. што да порачам да може сама да се заигрува, 3 години е? Ќе порачам кинетички песок, некоја друга идеја?
Играчка мотор мала,не оние на акумулатор големи,туку мало да се игра со него,сте виделе ли некаде? Онлајн уште подобро. Вакво нешто,може и да свети и брмчи,ако има такво
Препорака за трамболина за во двор? Сакам да порачам онлајн, ама ми е страв да не ја утнам. Сакам да е безбедна пред се и цврста, некој ако купувал да сподели искуство.
https://www.encimenci.com.mk/trambolina-so-skalichki-8ft-244-cm-066gsd244sm Ја купија моите за малата, супер е, цврста и безбедна, комшии ја имаат истата, цела зима беше надвор и нема гајле, а имаат две близначиња цело време скокаат.