Значи сакав да ја отворам и темава како дел од форумските игри. Досега сме имале можност да створиме една слика за секоја активна форумџика, колку-толку. Идеата ми е во темава да пишуваме за тоа, која професија според наше размислување најмногу би и одговарала на форумџиката над нас. Не мора тоа да е професијата што таа моментално ја работи или сака да ја работи во иднина, туку напротив ваше размислување за тоа во кое поле најмногу би можела да придонесе. Значи се надевам ќе наидеме на интересни размислувања и бујна фантазија. Од досега стекнатиот впечаток на форумов, да дадеме едно размислување околу ова..чисто онака за забава. Јас ќе напишам општо, кога веќе нема никој над мене да го коментирам. Ете јас на пример Старфиш сметам дека би била многу успешна како архитект, Лилит ми е некако печена за докторица.. ама сигурна сум дека таа ќе е подеднакво добра и во својата идна професија, Сесилија ја гледам како успешен менаџер. Офи не знам зошто, ама сметам дека би била добра како политичар, да дебатира Значи немора да има повторување, секој си има различно мислење за одредена форумџика. А сега вие сте на ред, да дадете размислување за форумџиката над вас. Секако добредојдени ни се и форумџиите Ако не ви се допаѓа темава, слободно заклучете ја
Водителка на talk show нешто во стилот на Conan O' Brien. Интелигентна и осмислена емисија со добар хумор Или како 3тата членка на Балканска е - банка тимот. Прва другарка на Докторот
те замислувам како некој хип хоп денсер, како пали и жари на сцена со такви наочарки ( сите сега што ги изнакупуваа ) незнам како се викаат едит : ги најдов, само на хипи и се во некоја повпечатлива боја
мене ми личиш на некоја што би си имала своја фирма за нешто и би си заработувала парички или пак нешто поврзано со цртање или музика
Бизнисменка некоја али со канцеларија во облакодер оти овака не знам каде иначе би можела да си ставиш лулашка и да се лулаш гледајќи згради... што знам
Јок, Мерлин ју Ганстер анд ме Џокер, ти оружјето, ја шпилот карти една НлО основаме (невладино либерална организација вит лајсенс то кил) ти убиваш, јас ставам еден џокер си се сликаме, јас чистам двете си одиме ват ду ју сеј а Марама ме претрка Марама ју ар а Лејди ја би тебе некоја агенција недвижност дал туризам дал, али твое да си е
Event organiser...така некако те замислувам во сако и сукња, со слушалки на уво и микрофонче, со папката во рака, и трчаш горе - доле, организираш, телефонираш. И ги правиш најдобрите журки, свадби, родендени, годишнини, собиранки
Е јас тебе те замислувам како Џеф Данам, не знам дали имаш слушнато...комичар кој зборува од стомак со кукли Створена си за да ги забавуваш луѓето, да ги насмееш, расположиш па и да ги исмееш кога треба.. Одлична си моја драга феминке Еве линкче http://www.youtube.com/watch?v=1uwOL4rB ... re=related