Сакам да кажам и да прашам блиски роднини ,преблиски.. чекате за именден да ве поканат или одите не поканети? мене ми е логично да поканат реално... Модератор: Преместена дискусија од темата Сакам да кажам...
На татко ми му доаѓаа до пред Ковид пандемијата. Никогаш не каневме никого. Последниве пет години, џабе смремаме, јас давам идеја да се поканат истиве луѓе, мајка ми вели дека за име не се канело. Си јадеме сами, 3 дена гозба, јашааа. Значи според бумерскиот закон, не се канело за име, сами треба да ти се тупат.
Јас од она што сум сфатила досега, за именден се кани, а за слава не (тогаш можи кој сака да помини, не само блиски). Е сега, можеби зависи од крај до крај, секаде имаме различни обичаи.
И јас вака знам и леле исто. Се осеќам како имендениве да ми се "празни" за разлика од пред корона. Ко џабе да се спрема, а не можиш да спремиш помалку оти не знајш која година некој ќе реши да се врати зошто не каниш. За именден секогаш сите иделе непоканети и е визитарски наредено (помини-замини). За слава каниме и не канат одредени луѓе на ручек или вечера и се истите секоја година зошто се дава оброк. Иако по некоја логика на слава кој можи оди, ама ако јас не кажам и не поканам - никој нема да знај за да дојди сам (сем ако е селска слава), за разлика од именден шо ептен името е сам индикатор. За селска слава баба ми спремаше колку за три села да нагости и два дена ручек и вечера даваше за кој и да дојди. Ама за куќната слава не канеше истите гости секоја година. Така да не знам дали и ова игра улога или едноставно зависи од крај до крај.
После пандемијата очигледно се променило секаде. Јас знам дека ниту за именден ниту за слава се кани, и така сме правеле и така правеле луѓето за кај нас. Јас си мислев дека само ние сме останале со 0 гости.
Храна за три светови. До 9 чекам последниве години како тажно кутре до масата, откако ќе добијам одобрение, јадам сѐ освен пачата(пача се служела тој ден, можда затоа и не идат). За слава се кани и кај нас обично, ваљда у секој крај е различно.
Не е до пачата, еве ние не прајме и пак нема луѓе. Јас следен именден примам терапија и мачно ми е тегнење Ск-Бт во ист ден и ќе останам Ск. Не е ко да ќе пропуштам некој гостин. Сигурно пак само комшиите и куц туц некој роднина шо е слободен ќе дојдат.
Олеснете си го животот и себеси и на другите, јавете се по телефон дека ќе им дојдете на слава, именден, гости, што и да е. Селска слава, градска, ваква, онаква...
Јас не ни прашувам дали сакаат гости. Ако не се јават, не одам. Не знам како некои сами се канат за слави
За именден не се кани, за слава се кани. На име доаѓа кој сака, на слава обично поблиска фамилија се кани. Ама сега ко што се станати луѓето намќори, ретко да се слави нешто. А поентата на тие прослави е дружбата, и за жал, тоа веќе го нема.
Не бе, ќутат и се прават дека не се дома денови пред именденот и сами(?) си наговестуваат. А они да се кренат некаде и стават на јадење и пиење, први се. На именден не се кани, обично вратата треба да е ширум отворена за било кого. Едно време така и се практикуваше.
Пааа денешно време не секој чека именден така да би чекала да ме поканат или ако се навистина блиски би прашала дали ќе чекаат.
Зависи од место до место. Во градот каде што сум родена за именден не се кани, кој сака/знае дека славиш доаѓа и спреманото е на принцип на боцкање, а гостите се помини-замини. Во градот каде што сум мажена се кани за именден и се спремаат софри, а гостите си седат цела вечер.
Точно. Не слави секој именден, а куќна слава секој има, на која сите се добредојдени и чест е да се дојде и без покана.