@Anomis11 Ти реков дека никогаш не се знае.. Да си уживаш во бременоста и сите да не повлечеш.. Инаку имаш ли симптоми ?
Девојки ,колку коштаат инсеминациите? На ГАК колку се ,а колку се приватно? Честитики до Аномис,браво девојче Набрзо сите да си дочекаме таква радост
а на Гак вреди да се оди или да не ја земам во обѕир таа опција воопшто? не се брзам,ќе почекам јас уште некој месец,само си собирам инфо
Јас да бев од Ск,сите инсеминации на Гак ќе си ги правев,вака ми е многу малтретирање. Имат успешни приказни и од таму овде.
Во Ремедика е 11.000 денари, плус прегнил ако примаш си доплаќаш (околу 200 и нешто денари). На ГАК незнам.
хаха никакви симптоми и решив овој пат да не правам тестови, се надевам ќе издржам. Ти како се држиш гледам си правела тест ама рано..
Јас искрено не би правела на ГАК иуи . Не дека имам нешто против државните болници ,напротив , операции секогаш на државно правам . За иуи некако мислам дека прават колку ради реда , не темпираат баш како што треба , не сум сигурна и колку го обработуваат машкиот материјал , немаат ни некоја солидна апаратура ... Што знам . Јас на приватно би правела барем две . Ама па ако на некој му е за ваучер само и докторот смета дека со иуи се мали шансите да се оствари бременост ,тогаш клиника е подобар избор , од аспект дека за 4 иуи ќе требаат околу 1000 евра
Па баш то следењто на фоликули е проблем за таму,да ми следит докторката моја и да можам само да закажам кај нив би одела,ако требит да бидит ќе бидит,стварно цената е неспоредлива. Ние 2 приватно направивме,другите 2 можда и на Гак ќе одиме нз...
хахахаха да,истрчав,нз колку е рано,можда само умов си го мамам,симптоми имам ко за добивање ама со помал интензитет од претходни месеци,осеќам некоја разлика,ама се си мислам то се должит на терапијава од естроген и прогестерон.
Прочитај поназад има и од ГАК успешни приказни. Статистички мал е процентот на успешност на инсеминациите, некои си 10-12% при што за секоја наредна процентот се зголемува малку. Ин-витро е веќе друго. ГАК мислам дека немаат ни соодветен кадар за ин-витро.
Јас лично трите инсеминации ги правев на ГАК но од причина што сме со машки фактор (мал број и концентрација) и реално не ни дадоа шанса некаква за успех со иуи па решив да не фрлам пари по приватни клиники. Ги направивме само за да добиеме ваучер од фонд за ивф, нас ни одобрија ваучер со три неуспешни инсеминации. Инаку она што најмногу ми пречеше на ГАК е што оставаат млади практиканти буквално да “вежбаат“ на тебе... На третата инсеминација, девојчето одвај ми го стави металниот спекулум, раце и се тресеа, де погоре-де подолу ајде малку напред, па назад... Ужас! Од лично искуство, ГАК не препорачувам!
Леле фала ти Монче Деновиве ти и другите што сте во исчекување да си ги видите своите две толку посакувани цртки , па радоста да биде заедничка и уште поголема ! Од симптоми ништо посебно ,малку чудно се чувствував малку издувано,повремени вртоглавици ..мала осетливост на брадавиците што не е ништо претерано не е како напнатост во градите туку само зголемена осетливост само на брадавиците при допир .Некогаш гадење после некоја храна што инаку си ја јадам и сакам ..ама ништо преизразено . Неколку луѓе ме прашаа пред да правам тест - дали дали сум бремена Така да имав повеќе некое предчувство неголи некој така силен симптом .
Anomis11 а која ти е по ред инсеминација? Извини не те следам од почеток, па ме интерисираше, дека викаат со секоја се зголемуваат шансите.
Втора. Првата направена во систина на комплетно природен циклус само со стоп инјекција.Втората ја правев во Њуборн кај Трајковски кого најтопло го препорачувам , ми даде многу блага стимулација (можеш да прочиташ во претходните постови доколку те интересира)и еве го резултатот ,човекот е врвен професионалец
Фала ти многу. Ако не дај боже не ми успее и третата, би сакала да се префрлам кај него.Ептен ми е мило што ти е успешна, уште поголема надеж за сите нас