Прашање до вас што сте искусиле барем една инсеминација. Како иде процедурата на приватно? Се јавуваш, закажуваш и треба да се појавиш на одреден ден или треба и претходно да одиш да разговараш околу претходна историја/состојба.
Не се плаши мисли позитивно ,после инсеминацијата терапија ми даде да пијам докторот од кој имаше и антибиотик трицеф за случај на хиперстимулација. Каде ќе правиш?
Закажуваш преглед носиш се што имаш испитувано доколку имаш се и е во ред де отпочнува со терапија дали со стимулации или природно и натаму ве воде докторот.
Честитки, баш ми е мило. Од прва? Каков проблем имавте ако не е проблем да споделиш? Примерокот од мм е 8милион по обработка со гранули....така пишува, др рече очекувал над 10милиони и рече ок ама не е најдобар. Инаку ендометриум супер, два фоликули веќе прснати, два ќе прснат кај и да е...ќе видиме по 15 дена
Да од прва претходно одев кај докторот за првото детенце правевме две инсеминации неуспешни беа па пауза направивме некое време и останав природно бремена ,е сега одев за второ дете од прва инсеминација успешно .Пцос имам ,тенок ендометриум другото во ред со сопругот исто така се во ред. те гледаше на ехо пред инсеминацијата?
Да ме гледаше, затоа и рече дека е супер ендометриумот и ова за фоликулите.... Јас за прво останав природно бремена мн лесно, сега ќе видиме, имам неколку фактори поради кои изгледа не биднуваше минатава година, фала ти за поддршка.
Мене не ме виде пред инсеминација ама како и да е сега опушти се и не мисли на тоа воопшто се ке биде во ред ,терапија што ти даде?
Najprvo treba da zakazes konsultacija so doktorot i da se vidi prethodno kakva e istorijata treba da te pregleda da vidi plodni denovi koga ti se kako ti se i dokolku e potrebno da ti dadat nekakva terapija pred insemenacija
Што не, дури нр знам дали се тоа да земам....кринон гел 8% кој патем не можам да го најдам, естрофем 3х3 да продолжам, овунорм, премама, достинекс да продолжам исто ама не можам да најдам, а немам веќе, кардиопирон пишал и трицеф...
речиси прилично иста терапија кринон сеуште ставам јас ,вит д,вит е,премама,естрофем кардиопирин,трицеф исто ,потруди се да најдеш се и да пиеш . од каде си јас го најдив и го користам еве неколку пакетчиња,
И јас сум со слична приказна, за првпото дете две иуи ,останав бремена прирoдно после втората. Исто кај Митко .. Кажи ми за пцос пиеш метформин? И со што беше стимулирана сега за второто детенце? @Igle колку е сега иуи? Претпоставувам доста е поскапено одкога јас правев.
Немам пцос, имав малку висок пролактин кога правев хормони, имма видлива лузна од царскиот на матката и мм има малку намалена подвижност на спермограм... нормоспермија му е последниот ама на долна граница со се. Стимулација со кломифен и гонал 5 инекции, па примив стоп инекција....плус естрофем и овунорм и фолна... самата постапка е 14000ден, плус терапијата уште толку и повеќе ме чинеше... Од скопје, ќе одам покасно кај што ми проверија дека има залиха, веројатно ќе ги најдам....
Не не пиев овој пат метформин ,за стимулација се боцкав Гонал ф ,естрофем 3х3 ,овунорм,фолна,вит д,вит е и за ендометриумот плус Лензето спреј . со стом инекцијата мислам дека плативме 14.000 ама не се секавам дали точно беше толку
А со инсулинот како стоиш , ок ти е? Се мислиме и ние да почнеме за второ ама ич не ми се проаѓа пак истиот пат И јас тогаш бев со гонал, плус естрофем, декортин, аспирин, витамини и една инекција ми ставаше во матката директ за ендометриумот, сега гледам сменето е малце..
инсулинот за чудо мие ок покрај што сум со пцос ,за инекција ме спремаше и мене со прашалник беше запишано ама како што би рекол докторот се спаси не ја ставиме затоа што со естрофемот и спрејот се задебели ендоместриумот .
Мене ми е висок пак и ендокринологот пак ми даде метформин, за првото дете цело време ги пиев до 14 недела . Останатите хормони што знаат да се пореметени кај пцос како тестостерон,андростендион добри ти се? На два ума сум ептен, уште ли е хаос гужва ко порано кај Митко? Сашка пак е со него? Дека едно време не беше со него..
КАај мене под конец се точни хормоните никогаш сум немала дисбаланс на хормоните,многу одамна имав покачен пролактин пиев бромергон ама тоа одамна беше. Ако се решиш кај него само топло препорачувам знаеш од претходно сигурно дека е врвен доктор и сепак човек кој што знае да разговара за гужва стандарт си има , Сашка е со него сеуште.
знам секако дека е врвен, и хистероскопија он мни правеше и серклаж со др зборови благодарение на него сум мајка..фала ти и ти п0осакувам лесна и убава бременост