@Lanic Сабота вечер сум примала во 22:00 - овулација понеделник 9:30 = 36 часа Четврток 19:30 сум примала, - овулација Сабота 07:30 = 36 часа Моите пресметки покажуваат дека си во право. Секогаш ми било тампирано на 36 часа. ^^ ова се пресметки од примање прегнил за Ивф Инсеминациите ги правев на ~40 саати, на ГАК
Секогаш 36-38 саати после инекција ми правеле инсеминации па и пункција. Иако кнап и спред мене сепак доктори се и слушај си. Имаше тука членки што и многу покасно им прскаа фоликулите. А и да се прснати не е страшно. Ј.к живеат околу 24 часа. Со лесно
Девојки јас денес во 20 00 ке примам прегнил од 10000 и вторник сабајле правам инсеминација. Дали времето после стоп инекцијата р во ред до инсеминацијата. Поздрав
Вторник се извинувам. Ми кажаа дека во рок од 36 пукаат фоликулитее и дека е ок се трмпирано, ама пак да прашам
Девојки јас вчера ја примив стоп инекцијата во 1 вечерта е сега имам малку болки од страна али се издржува.Мене до инсеминација ми се фаќа 38 часа утре ја правам во 15ч.Сакав да прашам дали е нормално исцедок да се има?Имам јас некој проѕирен
Бидна денес и мојата прва инсеминација!Ништо болно,дури и помалку од пап тест.Со господ напред сега само.Иначе фоликулот не беше уште прснат еве сега осеќам болка па Димитров рече вечерва или најкасно до утре ќе прсне.Денес тешко односи ги оставаме за утре,уморни сме многу од целиов ден како што ќе биде.Иначе преработен материјал имаше 28м/мл,мотилни 90% и прогресивни 32% што Димитров рече одлично.Фала ви на подршка,за две недели ве известувам за резултатот каков и да е!Поздравче
Ајде се ќе биде добро. Значи нема правило кога ќе прсне. Кај тебе после 36 часа не беше прсната? Јас одам утре во 11 30 ми се фаќа некаде околу 39 часа од Прегнилот!
Кај мене беа поминати 38 часа,баш и тоа зборев со докторот,зашто ми каснеше 15мин и јас во паника бев со времето он вака ми рече од 36-38 часа пука фоликулот,а јајце клетката она или ќе ги пречека или ќе ја пречекаат,затоа немало потреба од никаква паника они ако се воделе до саат кај ќе им бил крајот на лекариве со пациентите.Така да не му ја мисли многу само опусштено и ќе биде се добро.Прва ли ти е?Имате некој конкеретен проблем или?Ти пуштам среќа да имаш успешна инсеминација
Да прва ми е. Па јас имам микроцистични јајници,нередовен циклус...кломифенот не ми реагираше. Пред првата бременост имав проблем со пролактинот дега он е добар. Дај боже да ни бидат успешни.
Девојки мене ми закажаа инсеминација на 01.06 на Гак, ме плаши тоа што немаше термин и не сум сигурна дали со приоритетен упот ќе ме фатат , матичниот ми кажа да примам инекција во среда сабајле и до инсеминацијата има 24 часа , а гледам сите пишуваат дека треба да поминат 36 часа , целата сум во забуни. На 11 ден имав еден водечки фоликул од 15 мм, и дали бараат некои др испитувања.позз
Ти честитам. Втората линија е бледа но и те како видлива и тоа е знак на рана бременост. Со лесно да ти е.
Здраво женски, јас денес ја направив првата инсеминација, преработен материјал од мм 4 мл што било супер, па здравје со Господ напред за две недели тест. Во меѓувреме утрогестан и премама.
Девојки вчера три дена после инсеминација имав само една капка кафено на гаќите.Еве уште ме боли стомак,де пецкање де цел ме боли.И денес почна кичмата да ме приболува и градиве ми се ептен отечени си викам да не е од прегнилот.Иначе од кога направив лапаро и хистеро добивам многу лесно без никакви апсолутни болки за циклус.Имате некое мислење или искуство околу ова?
@Lanic има шанси да е нешто убаво. капка крв може да значи имплементација. прегнилот прави оваулација. не би требало да имаш симптоми од него. ако е било имплементација на плодот во матката, за 48 часа, т.е утре можеш да направиш бета. Ама да не брзаш и да не излезе лажно негативен пред време, почекај уште малку. Иако имаш болки, може ич да не ти дојде. Доколку има бременост, симптомите се исти.