Здраво на сите, прва инсеминација правена на 7 февруари, тест треба да правам на 22 февруари, но веќе почнаа симптомите за добивање, така што прва инсеминација најверојатно ќе е неуспешна. Искрено не ни очекував дека ќе биде успешна, но таа мала трошка надеж сепак си тлееше. На сите останати што чекаат, ви пуштам среќа да не добиете. <3
Здраво девојки, ако може некоја од вас да сподели цена за инсеминација во Систина и колку време трае процедурата?
Здраво! Штотуку доаѓам од процедура, сметката е 15.750 ден. Прво треба да остави сопругот материјал по два часа влегуваш во амбуланта доаѓа доктор за 5мин завршува и остануваш да лежиш 15-30мин зависно од гужва
Најпрвиот преглед кошташе 4.500 ден, беше пред циклус и на тој преглед докторот ми направи шема према која пиев одредена терапија и закажавме преглед на 11ти ден од циклус кој не беше наплатен а потоа закажавме термин за инсеминација. Сега бидејќи ми е втор пат директно почнав со старата шема и терапија отидов на фоликулиметрија на 11ти ден на циклус па на 14ти имав инсеминација и само тогаш платив. Значи во мојот случај во цената е покриен еден преглед и инсеминација.
Здраво на сите, трета инсеминација неуспешна, тест правен на 17 ден од инсеминацијата преку крв. Меѓутоа уште немам добиено, ми доцни трет ден веќе. Кринон гелот го прекинав во неделата. Можно е од тоа да доцни? Симптоми никакви, градите ме болеа малку, веќе не, некои грчеви чудни имам во стомакот, ко бодежи и два дена главата ме боли. За бременост не се надевам, дека испитано е преку крв. Некој со вакво искуство?
Здраво Елена! Многу ми е жал Со нови сили за следна, еднаш мора да биде Мене ми доцнеше два дена, сите денови додека бев во исчекување се чувствував многу „бремено“ од кринонот, но по два дена откако ја прекинав терапијата се освести телото и добив. Не грижи се нормално е.
@Rovin не очекував јас многу, ја направивме само заради што ми побараа дополнително од фондот уште една, но сепак како да кажам желбата за позитивно да излезе пак се јавуваше. Со првата ми доцнеше еден ден, втората два но имав симптоми и тоа изразени, сега ништо што ми е чудно. Со нови сили сега ќе чекам позитивен одговор од фондот за ваучерот. Ти благодарам за одговорот
@Elen4e89 ептен е мачен, долг и скап процес јасно ми е точно низ што минуваш (го минуваме заедно ), но кога ќе си дојде среќичката ќе заборавиш на сите мачни денови. Ние сме со дијагноза астенозооспермија (мал број на подвижни сперматозоиди) и веќе размислувам додека даваме пари за ИУ да одиме на ИВФ ако и вторава е неуспешна
И ние сме со истата дијагноза, плус намалена оваријална резерва, докторот ни напиша извештај за директно ивф со две инсеминации ама од фондот ми побараа уште една и плус амх. Се надевам дека нема да им текне уште нешто да бараат. Патот е тежок и долг, но ќе успееме, нема откажување
Наместо да олеснат од Фондот тие комплицираат. Нас лани ни одобрија без ниту една инсеминација, исто астенозооспермија и ниско амх.
@Anyshka за жал така е, место да олеснат комплицираат. Моја е грешка само што не го доставив и извештајот од амх, ми рекоа нема потреба, можеби ќе имав одобрено без уште една инсеминација, но тоа е што е. Надеж нема губење
Здраво од мене, малку да внесам позитива и надеж во групава. Денес потврдена бременост и преку крв и преку домашни тестови. Искрено во шок бевме и двајцата дома кога го видовме тестот, дотолку што отиде партнерот и купи уште еден да се потврди дека не сонуваме. Денес и преку крв потврдено, бхцг е над 300. Прва инсеминација, на ГАК правена, стимулирана со Кломифен 2х1.
Честитки, со лесно Јас чекам да ми пробие, па на 3 ден да почнам со кломифен 2х1 исто 5 дена. Па инсеминација втора. Со што дијагноза сте вие?
Се сеќавам дека пиша пред некој ден како осеќаш дека ти пробива и @BellaBibi ти кажа да не губиш надеж... Колку убав позитивен исход. Ти честитам, да си имаш лесна и школска бременост, галете меше.
Јас сум со ПЦОС и Хашимото. Долги циклуси, не секогаш овулација, не секогаш редовен циклус, многу беше тешко без следење на гинеколог да утврдам кога сум во овулација и дали воопшто ја имам.