Инсеминација

Дискусија во 'Бременост' започната од Maarina, 26 декември 2012.

  1. flower11

    flower11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Здраво. Инсеминација правена на 20.6 ( 12 ден од менструација) по 14 дена направив тестови преку урина но се негативни. Докторот советува да се продолжи терапија утрогестан и цикло прогинова белите до среда 9.7. Дали би можело порано, утре да проверам бетаХЦГ бидејќи немам никакви симптоми?
     
  2. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Провери слободно бета и да знаеш на што си. Да не се клукаш со терапија ако е негативна. Може да ти доцни од терапијата
     
    На flower11 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.238
    Допаѓања:
    22.665
    Пол:
    Женски
    Побарај 2 ро мислење. Ништо не губиш, освен совет плус.
     
    На MB993 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    22.800
    Пол:
    Женски
    А зошто 5-6 инсеминации кога за ваучер зе потребни 4.
    Значи некој предвидел ако со 4 не успее, дека треба да се оди на ивф.
    Посебно па ако се бара приватно да се направат.
    Еве мене ми кажаа дека ќе правиме уште една, исклучиво ако бараат во фонд.
    Па ме прашааспоред мене што сакам следно.
    Побарај второ мислење посекако.
    Искрено ти посекаувам побрзо успех, а тргајќи од себе, знам колку е скапоцено времето и колку си го губиш со тие инсеминации.
     
    На MB993 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Имењачке, имам успешна инсеминација со близнаци од кај доктор Трајковски!
    Немам живородено, но тоа не го менува фактот дека успеав кај докторот со втора инсеминација, прва кај него
     
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.238
    Допаѓања:
    22.665
    Пол:
    Женски
    Малце е неубаво да кажеш дека е губење време со инсеменации. Многу од нас успеале со инсеменации да останат бремени и да имаат дете, меѓу кои и јас.
    Ако кај вас не биле успешни, не значи дека треба сите да ги скокнат и да одат директно на инвитро.
    Зошто ако влеземе надлабоко во темата и инвитро не е гаранција за позитивен тест и бременост.
     
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    22.800
    Пол:
    Женски
    Исто како што е не е убаво доктор да ти бара 6 инсеминации за пари.
    А искрени да бидеме тоа е многу време.
    Дај боже сите да успеваме со инсеминации, и да немаме потреба од ивф и додатно фрлање пари во воздух.
     
  8. MB993

    MB993 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Па докторката го констатира тоа уште на првиот преглед(пред 1 и пол година) и го отфрли инвитрото како опција бидејки јас 2 пати бев бремена по природен пат. Сметам дека имсеминацијата е поедноставна метода и секако поефтина. Кога читам што се луѓе пијат, боцкаат поради инвитро постапката косата ми се крева.
    Притоа да напоменам машки фактор 100% здрав, јас имам само тробофилија и проблем со тироидната. Моментално тироидната е под контрола (под 1.5) а за тробофилија пијам аспирин. После хистероскопија имав краток разговор и тогаш од нигде никаде вика дојди на преглед и разговор за инвитрото.
    Не сакав да препрашувам но помислив од каде сега тоа.
     
    Последна измена: 5 јули 2025
  9. MB993

    MB993 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Сакам да одам кај Трајковски во њу борн а веќе сум кај Татјана исто во ње борн.
    Се плашам како ќе изреагира со оглед на тоа дека од кај колешката сум се префрлила кај него. О Боже, дај ми памет.
     
  10. MB993

    MB993 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    А каде сте ја правеле првата имсеминација?
     
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    22.800
    Пол:
    Женски
    Јас имам природна успешна бременост па еве сега ивф.
    Мене ме буни зошто ти рекла 6.
    Не е проблемот да се напраи инсеминација.
    За ивф ќе си аплицираш за ваучер.
    Скап и мачен е овој пат, но и инсеминациите не се без пари и без хормони.
    За твојот фактор не знам што би било потребно не сум стручњак.
    Но распрашај се убаво зошто одеднаш толку контра муабет.
    Јас кај што одам инсеминација на приватно е 16000 ден. Што не е малце. На државно е 900 ден.
    Немаш ниедна правено до сега?
    Не ме сфаќај погрешно, не сум да не правиш инсеминација, туку болна точка ми е лупање пари толку...
    4 се доволни за ваучер.
    Па ако си сакаш дур чекаш за документи и резултати и ваучер можеш да напраиш уште некоја, и дај боже потоа да не ти треба ваучерот.
     
  12. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.238
    Допаѓања:
    22.665
    Пол:
    Женски
    А да отидеш кај Калчовски на Гак. Доста стручен доктор е. И таму пробај инсеменациа. Па ако дојде до делот за да треба инвитро, ќе си имаш веќе собрано документи.
     
  13. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    На Гак, ме следеше Калчовски, а инсеминацијата ја правеа рандом девојки, сестри ли беа, специјализантки ли, појма неам.
    Инаку, после неуспешната бременост, направив уште 4 инсеминации, значи вкупно 6, од кои 2 Гак, 1 Систина, 3 NewBorn.
    И кај нас исто не гледаа проблем за природно забременување, затоа се охрабрував да правам инсеминации, по моја волја.
     
    На MB993 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MB993

    MB993 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Имам правено 2 инсеминации кај Татјана и беа неуспешни.
    Поради тоа ми правеше хистероскопија, ми отстрани септум и 3 полипи што во овие 2 години 6 доктори сум сменила никој жив не ги виде. Ајде сеа искрена ќе бидам како досега никој не ги видел вклучувајќи ја и Татјана? Верувајте од анестезија скокнав како попарена кога чув дека сум имала 3 полипи. Ја прашав како настануваат и на што да внимавам, ми кажа не знаеме и ние (реален одговор никој не знае зошто настануваат). Те чекам на преглед и да разговараме за инвитро. Очигледно се брзаше веројатно ја чекал пациент што нема да ме чуди пошо е бетер од автобуска станица. Е сеа одкако подолго размислив и вие феминки ми помогнавте дефинитивно ке барам второ мислење од Трајковски.
    @BellaBibi на Гак е хаос поготово летен период искрено полесно ми е да одам на приватно бидејќи не сум од Скопје. Сепак фала за советот :l:
     
    На BellaBibi и Цвет88 им се допаѓа ова.
  15. MB993

    MB993 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Паметно истото го мислам и јас.
    Дали 3те ги правевте кај Трајковски?
     
  16. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    35.019
    Пол:
    Женски
    Се обидувавме околу една година пред да одам кај Трајковски на консултација. Имав предходно спонтан па тој сметаше дека ќе останам природно пак, ама ние веќе бевме толку исцрпени што не ми се чекаше веќе, и го прашав дали може да направеме инсеминација, ми рече штом не ви се чека, да ја убрзаме тогаш работава.

    И така и бидна, имав прва и успешна инсеминација кај него, и сега имам беблак од 5 месеци.

    Ние бевме задоволни многу, ама секој со свое искуство.
    Ако те интересира уште нешто, прашај слободно.
     
    На Joana123 и MB993 им се допаѓа ова.
  17. flower11

    flower11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Направив бета негативна во саботата. Вторникот добив циклус и денес имам ама многу малку. Не знам ни дали да ја рачунам за менструација.
     
  18. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Ќе протече мислам.
    Жал ми е што е негативна, следната ќе биде позитивна (fingers)
     
  19. im.just.me

    im.just.me Нов член

    Се зачлени на:
    Сабота
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ве читам веќе неколку дена и мислам дека ги прочитав сите објави од 2023 до 2025. Ништо досега не ми влеало толку надеж и сигурност како оваа заедница и меѓусебната поддршка што ја споделувате.

    Нашето патешествие трае речиси една година, со обиди по природен пат, а два месеци бевме потпомогнати со кломифен + естрофем + прогестерон. Последниов месец се обидовме само со Летрозол, но денес добив и целосно се разочарав.

    Немаме претходни медицински проблеми, HSG е во ред, спермограмот е нормален, АМХ беше 6.6, а на последниот тест 9.2.

    Во август сакаме да почнеме со првата рунда инсеминација, па навистина би ми значело да имам некого со кого би можела да го споделам целиот процес, како разочарувањата така и радостите.

    Поздрав и секое добро
     
    На Rozevata, BayernKa, MB993 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Советувајте се со специјалист за неплодност, ако веќе не сте, иако една година не е предолго, добро е да се слушне мислење од специјалист во областа, не заглавувајте само кај матичните.
    Мене ми падна во очи високиот амх или си многу млада или резервата ти е супер зачувана што дури чудно што не настанала бременост ако се е ок. Или... ваков висок амх е типичен за полицистични јајници :?:, ама велиш се е ок, како се другите хормони, FSH и LH?
    Инсеминација е скоро природно, ништо страшно, ти посакувам успех од прва :f:
     
    На im.just.me му/ѝ се допаѓа ова.