Здраво, имам едно прашање на инстаграм во highlights албум не ми ги дава сликите, видеата постари од 2022 година, ми ги покажува само од '23 и '24 та година. Мислев дека имам повеќе и избришав некои, но пак истото не ги покажува. Да ли некој имал сличен проблем и дали знае како можам да го решам ова?
Дали стори скриено за неколку луѓе може после 24 часа да се стави во хајлајтс? Порано можеше, пред месец време во архива ми ги немаше сторињата што ми се скриени за некои луѓе. Имал некој вакво искуство ?
Ако отворам стори на личност што не ја следам,дали таа може да види дека сум го видела?(со моето име)
Сакам да отворам профил на Инстаграм за продажба. Како да имам повеќе фоловерси, дали треба профилот да ми е спонзориран?
Како реагирате кога личност со која добро се знаете, нема да ви возврати со следење на Инстаграм? А следи еден куп други со кои не е толку блиска. Знам дека е глупо и детски да се лутам, но фамилија сме (таа е снаа), ќе се гледаме за сите можни семејни прослави и не знам како да се поставам. Јас тука тинтрај ја, за да се осеќа дека ја прифаќам и ми е драга, а она ми се прави селебрити.
Ехее Ја сестрата на дечко ми ја заследив, она мене не. Кој ги врти бе. Ич нека не ни гледаат шо ставаме. Ја ич не се замарам.
@Ravenn За жал, Инстаграмот на некои луѓе им дава мотивација за да се преценат и стварно да мислат дека се селебрити Отследи и не се замарај. Не му давај значење на виртуелното. Никаде не пишува дека роднини мора да се следат
Абе многу е глупо, и наместо она да се осеќа непријатно - јас се осеќам така. Така е, ја отследив. И знам дека е petty, ама баш ќе си се сликам со братучед ми и ќе го тагнам па нека се осеќа запоставено.
Затоа гуглај ,,anonymous view story,, и нема никој да знае дека гледаш, се разбира ова функционира само доколку профилот е отклучен, и гледај на инкогнито во случај да си се најавила некогаш преку гугл на инстаграм
Не знам што држиш такви. Немам никој од моите, па еден период ми скисна и зедов блокнав и први братучеди. И воопшто не сакам да држам такви кои само ќе ми ,,ѕиркаат" во мој живот. Често едната знаеше да ме бара и сама да се поканува на одредени места. А мене ми пречеше тоа зашто знаев дека глуми и не се радува искрено од душа. И некни пак истото, јас во кафана викам те барам после. Ма кој ги врти.
Што се замараш и ти така возвратии.. Да се надоврзам на коментарите со братучетка едното бевме како мали па сега од сегде ме избришала и сегде низ роднини си кажува дека јас сум го сторила тоа ама ич не се замарам. Со први братучеди најблиски што ми се, се омажив уште пред една година уште ми немаат ни честитано,така да ти за некоја што не ти е уште ништо воопшто да не се замараш.
Здраво дали на некого на инстаграм на сторињата во долен лев агол му се појави нешто као super rumble, a во долен десен агол пишувашe go to world?????
Имате проблем со инста? Кога ќе отворам порака ми дава дека ја имам видено пораката пример пред 15 20 мин иако ја немам.
Отследувате ли луѓе од Инстаграм со кои немате контакт подолг период? Зборам за никаква интеракција, и во живо не сте се виделе со години? Или ги чувате “да не затребаат некогаш“?
Па нема тука правило, кој како сака си прави. Јас отследувам само профили кои гледам дека ич не се активни/застарени или, пак, кога ќе видам дека некој ме отследил мене.
Хм, не бришам луѓе што ги знам во принцип, дури и да не постира нека стои, не ми смета. Бришам профили на инфлуенсери кога ќе ме изнервираат на пример еднаш ја заследив Лила Филиповска, и кога видов дека рекламира се живо и сакато, вклучувајќи брзи кредити викам ај ти мрш.
Како е можно рандом луѓе да ми гледаат стори, некои од шкљ држави? Многу чудно ми е. Ај да не се следиме, ама да се од тука, од Мк, да сакаат намерно да истражат нешто. Ама вака...