Јас пак мислев дека самите ајфони имаат такви светки, како кај мене што има самата камера да си додадеш уши или некоја фаца.
Јас сакам да прашам како на my story може да се стави видео од повеќе слики кои една по една набрзина поминуваат.
Незнам како оди со ајфон, но овие светките што се на чизмите и на карминот ги додава самата апликација
До сега практикував да го изгледам секое стори да не ми седи кругче. Ама од денес поќе не гледам story. Скоро секое е селфи. Незнам ама за мене стори е дел од то шо го прајш денес а не да бапкаш по 5-6 селфиња. И да луѓе имајте милост од над 10-тина стори на ден е далеку од умот.
Има излезено еден „тренд“ не знам дали само моите следачи го практикуваат. Ако ставиш на стори напишано на англиски „Ако ми вратиш на ова со (некој емотикон) ќе ти ја ставам на стори мојата омилена слика што ја имаш поставено“. И нормално сите враќаат на тоа па гледаш по 500 сторина кај некого бидејќи сите сакаат да се „изрекламираат“ за повеќе следачи.
А што е финтата ако го направам мојот профил бизнис? Што би можело да се смени? Сакав неколку пати да пробам да го сменам така, но се предомислувам.
@buba4e89 Јас прочитав многу негативни критики за апликацијава и страв ми е да ја симнам. Како вирус била. Добро функционира кај тебе, ја проба?
Функционира добро,јас направив едно видео само за поубави светки треба да одиш во сторе и да купиш. Јас сум во план да ја избришам бидејќи ќе ми фаќа прашина, не дека нешто ќе правам. Делуваат вештачки малку. Пробај симни ја ако не ти се допаѓа избриши ја.
Што е со онаа нована можност туѓо стори да испраќаш на некој друг И дали ако некој твое стори препрати ти ќе знаеш кој и кому испратил?
Со бизнис профил, на самиот профил ќе имаш имеил или број за да те контактираат, доколку си отворена за соработка. Иако повеќето, ги ставаат онака, колку да имаат титула. Мојот профил е бизнис и досега ми има стигнато една понуда за работа и неколку понуди за регистрирање на некои платформи за фотографии.